Категорија: Зборник 2

  • Зорица Милкова: Улогата и значењето на списанијата, прирачниците и другите визуелни, аудио и видео изданија и материјали во воспитно – образовниот процес

    Улогата и значењето на списанијата, прирачниците и другите визуелни, аудио и видео изданија и материјали во воспитно – образовниот процес

     

    „Наставникот треба да го гради својот час, како што архитектот, користејќи различен материјал, ги гради своите градби, за да истите бидат цврсти, скалдни и убави во сите делови и за да може од нивните височини да се откриваат широките пространства“

    Н. М. Верзиљин

    Започнав со мисла која за мене е водилка за успешен наставник, мисла врз која се темели мојот принцип на работа со учениците.

    При реализација на воспитно-образовниот процес, неминовно е користењето на учебници но и дополнителна стручна литература.

    Добриот учебник претставува основен извор на информации, а со соодветно приспособување учителот ја толкува неговата содржина. Ученикот кој учи од добар учебник треба да знае дека не е доволно ако само ги усвои знаењата кои тој му ги дава, туку е неопходно самостојно да учи и своите знаења да ги проширува и дополнува и на друг начин, на пример со користење на дополнителна литература.¹

    Јас како одделенски наставник често користам дополнителна литература од двете основни групирања и тоа:

    • Научно-популарна (математички лексикони, речници, таблици и енциклопедии)
    • Периодична (списанија и публикации како дополнителна литература)

    За успешна реализација на наставните содржини посебно по математика и природни науки, но и останатите предмети, повеќе од потребно е паралелното работење со работни тетратки и збирки задачи. Оскудните учебници со кои моментално работиме бараат внесување на дополнителни содржини преку кои на ученикот ќе му се олесни процесот на учење и ќе ја совлада планираната цел.

    Затоа често самостојно изготвувам работни тетратки или пак во сорабока со колеги креираме работни листови кои ни служат како дополнителни материјали за вежбање со учениците. Резултатите при користење на овие дополнителни материјали се многу подобри за разлика од сувопарното учење од учебниците.

    Тука би се надоврзала и на потребата од користење на разните прирачници за наставници. Пример – прирачникот за образование за животни вештини содржи огоромен број на работилници поткрепени со насоки за реализација кои многу го олеснуваат процесот на креирање на сите фази од часот, прирачниците по математика содржат голем број на игри кои се детално објаснети и наоѓаат примена и во воведниот дел на часот и во завршниот дел на часот, прирачниците по физичко и здравствено образование исто така имаат дополнителни игровни активности кои може да се применат не само по тој предмет, туку да се колерираат во сите останати предмети.

    Токму овие прирачници ги надополнуваат нашите идеи за креативна настава и реализација на наставни содржини преку игровни активности.

    Мислам дека нашиот образовен систем има потреба од нови и допонети изданија на прирачници од секој премет.

    Од големо значење е и внесувањето на периодична литература како списанија соодветни за возраста на учениците. Во одделенска настава најчесто користиме „Росица“, „Другарче“, „Развигор“, „Либи“ или пак „Наш свет“.

    При користењето на списанија, учениците континуирано се здобиваат со за нив важни информации, им помагаат и за поставување на хипотези а од тоа следува и ситуација за анализирање, воопштување и решавање на проблеми.²

    Детските списанија се богати со соодветни литературни текстови, драми, песнички кои се во корелација со нашите тематски планирања и често се користат при реализација на приреби или други манифестации во рамките на училиштето.

    Корисењето на детските списанија често не мотивира да земеме учество во истите преку испраќање на наши лични творби без разлика дали се ликовни или литературни творби или одредени истражувања или експерименти. По нивното објавување учениците дополнително се стимулираат за надградување на своите знаења и бараат дополнителни, односно додатни часови на кои со креативни работилници создаваме наши дела.

    Како член на „Заедницата за учење“ која беше формирана во нашето училиште во 2016-2017 година, моите компетенции за користење на дополнителна литература во воспитно-образовниот процес многу се подобрија и затоа  слободно можам да се пофалам со бројни изработки на одделенски книги, „копии“ на лектири создадени според детската перцепција, па дури и брошури кои сме ги делеле низ општината со цел да пренесеме одредена порака до возрасните.

    Покрај користењето на периодичната литература, од големо значење е и воведувањето на аудио-визуелните средства во образовниот систем.

    На часовите по музичко образование задолжително мора да се користат видео презентации, песнички па дури и примери за кореографии. Исто така, на часовите по ликовно образование па и физичко и здравствено образование, математика пожелно е понекогаш да се пушти некоја релаксирачка песна која на учениците ќе им делува мотивирачки при реализација на работната задача. Јас често ја применувам оваа техника и давам слобода на движење на самиот час.

    Реализацијата на наставните содржини од медиумска култура без користење на видео материјали, следење на театар, разгледување на разни аудио книги не би биле комплетни.

    Обработката на овие наставни единици најчесто ја реализирам надвор од училницата и тоа најчесто во библиотеката, домот на културата или во училишниот двор. Овој начин на работа го избирам затоа што учениците од 6 – 10 години најдобро учат преку визуелизација.

    Сметам дека улогата и значењето на сите горе наведени дополнителни материјали во воспитно-образовниот процес е од суштинско значење за формирањето на личноста на едно дете. Проширениот хоризонт на знаења не може да донесе стагнација, напротив може да донесе само мотивација за дополнително надградување и надополнување на личноста.

     

     

    Одделенски наставник Зорица Милкова

    ООУ „Тошо Велков – Пепето“

    Кавадарци

  • Виолета Николовска: Улогата на техниката во образовниот процес на примери од високото образование

     

    УЛОГАТА НА ТЕХНИКАТА ВО ОБРАЗОВНИОТ ПРОЦЕС НА ПРИМЕРИ ОД ВИСОКОТО ОБРАЗОВАНИЕ

     

    Во трудот си поставивме за цел да анализираме два различни пристапи во наставата во високото образование. Наставата се одвиваше он лајн, во летниот семестар 2020 година и во зимскиот семестар 2020/21 година. Анализирана е работата со две различни групи студенти: едната група броеше 5 студенти и наставата беше од менторски тип, а другата група броеше триесетина студенти и наставата се одвиваше со класични часови за предавања и вежби. Различниот пристап во наставата беше условен од бројот на студенти. Групата со помал број на студенти ни овозможи индивидуално работење со секој студент и следење на неговите резултати од учењето во текот на целиот наставен процес.

    И едната и другата група на студенти располагаа со иста достапност на учебни помагала: учебник, достапен во е-библиотеката, наставни материјали достапни на платформата за е-учење и дополнителна литература од предметниот професор (научни статии објавувани во научни списанија, на научни собири и конференции) со која можеа да ги прошират и надградат своите сознанија на определени теми од научната област која ја изучуваат. Секако, им беше препорачано и самите да истражуваат и бараат автори кои пишуваат на темите кои се обработуваат.

    Целта на нашето излагање е да ги споредиме различните пристапи во изведувањето на наставата и да ги истакнеме нивните предности или недостатоци.

    Ќе започнеме со анализа на работата со помалата група студенти. Наставата се изведуваше на платформата за е-учење. Од студентите се бараше сами, однапред да се запознаваат со материјалот што беше предвиден за учење. Заеднички беа соопштенијата, водењето низ наставните содржини и тестовите за проверка. Останатото беше индивидуална работа. Секоја недела, во терминот за час, студентите добиваа прашања кои требаше да ги одговорат, кои се однесуваа на содржината на материјалот за учење. Прашањата не беа просто прераскажување, репродуцирање на факти, туку бараа размислување и поврзување на содржините (тоа ни го овозможи материјалот што се изучуваше – предметот беше Лингвистика). Секој одговор беше индивидуално проверуван и секој тест содржеше препораки: каде згрешил студентот, што не разбрал добро и потоа она што не беше добро разбрано беше објаснето на крајот од тестот од страна на професорот. Доколку имаше потреба, во соопштение им беше нагласувано на студентите на што најмногу грешеле и им беа понудувани објаснувања.

    Во текот на наставата, студентите изработија два колоквиуми, во писмена форма, за проверка на знаењето. Ваквиот пристап во наставата се покажа многу плодотворен. Студентите кога само слушаат предавања се пасивни учесници во наставниот процес. Со менторскиот тип на настава, тие станаа активни учесници во наставниот процес. Беа раководени, сами да го подготвуваат материјалот и беа континуирано проверувани. Тој начин ни овозможи да ги следиме како учат, да ги мотивираме и да ги поправаме онаму каде што имаа погрешен или површен прситап. Имавме на пример, студнтка што учеше на памет. Во текот на наставата почна, правилно насочувана да учи со разбирање. Резултатите од колоквиумите беа подобри, пониска оценка од 8 немаше на испитот. Некои од студентите, во одговорите на континуираните проверки во текот на наставата, излегоа од задолжителната литература и се користеа со статии од е-репозиториумот, што беше пријатно изненадување. Испитот се одвиваше усно, на платформата Зум.

    Втората група беше поголема и бараше друг приод во наставата. Тоа беше класична настава по Европски кредит – трансфер систем: со предавања, вежби, изработка на проектни задачи, колоквиуми. Се одвиваше, поради условите на пандемијата, исто така он лајн, на платформата Микрософт тимс. Студентите беа редовни, речиси сите изработија вежби и проектни задачи, на часовите за вежби беа активни. Проверката беше на колоквиумите и на испитот. Предметот беше малку поразличен. За разлика од предметот Лингвистика, кој е теориски предмет, како философија на јазикот, ова беше Македонски јазик со култура на изразувањето, кој опфаќа теорија, пракса но и граматички вежби кои бараат прецизни одговори како математички задачи. Првиот колоквиум се однесуваше повеќе на теориски знаења. Се покажа дека студентите полесно усвојуваат информации, отколку да поврзуваат знаења. Кога од нив се бараше да раскажуваат лекции (делови од лекции) тие беа подобри. Од можни 20, просекот на освоени поени беше 15. Во вториот колоквиум требаше да се поврзат знаењата. Прашањата беа од граматиката, личеа на математички задачи. На пр. Напишете ја личната заменка за второ лице еднина, форма за индиректне предмет; Кое граматичко време се употребува во конструкции на иреален услов?; Напиште со какво значење е употребена формата избега во реченицата Трчај, ни избега автобусот (и напишете во форма за кое време е). Овде студентите се покажаа послаби. Тие лесно учат информации, но тешко ги поврзуваат знаењата. Овој факт е во согласност и со резултатите од ПИСА истражувањата кои покажуваат ниско ниво на функционална писменост на нашите ученици. Просечните освоени поени на вториот колоквиум беа 11 (од можни 20).

    На ова место би сакале да се задржиме и на примената на аудио и видео (помошни) материјали во текот на наставата. Секако дека примената на овие материјали (средства), зависат од научната област, предметот што се предава. На пример, наставата по физика, хемија, музика, ликовна уметност, без вакви материјали би била само зборување. Во нашиот случај, при класичните предавања, се користевме со видео презентации (кои со оглед на предметот, беа текстуални). Презентациите, како помошно средство во наставата ги сметаме корисни, бидејќи го одржуваат вниманието на студентите (читаат, се ангажираат).

    Од спроведената анализа на двата различни пристапи на настава, можеме да заклучиме дека менторскиот тип на настава, во кој студентот / ученикот е активен учесник во наставниот процес е многу поплодотворен. На завршниот испит од класичната настава, имаше оцени од 6 до 10, имаше и студенти што не го положија испитот, иако малку. Во менторскиот тип на настава, студентот само-истражува, размислува, поврзува факти. Сепак, ваков тип на настава е можен само во помали групи (за група од 100 студенти е невозможен, доколку студентот континуирано се следи во текот на наставниот процес).

    Целта на образованието, според некои истакнати учесници во овој процес и во светот, не е студентите / учениците да меморираат и да репродуцираат факти. Информации има на секој чекор. Доволно е да се отвори Гугл на дадена тема. Целта на образованието треба да биде да ги оспособи студентите / учениците да менаџираат со знаењето, да го користат, да поврзуваат факти, да бидат креативни и во крајна линија со ова знање да го направат светот подобро место за живеење за секој човек (тука ја вклучуваме воспитната компонента на образовниот процес).

    На крајот, ќе се осврнеме и на техниката. Ќе го поставиме прашањето дали е таа корисна или не во образовниот процес? Одговорот е: нештата имаат употреба и злоупотреба. Секако дека и таа има употреба во образовниот процес. При тоа, ќе нагласиме дека таа не е цел во наставата (освен во часовите по информатика, на пр.), туку помошно средство. Секако дека ништо не може да го замени односот профеоср – студент, учител – ученик, кој е личносен однос, однос заснован на љубов.

     

    Проф. д-р Виолета Николовска

    Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип

  • Sabahudin Hadžialić & Phuong Vi Thi : The issue of the use of open data and the responsibility of modern journalists

    The issue of the use of open data and the responsibility of modern journalists

     Assoc. Prof. Dr. and Dr. Honoris Causa Sabahudin Hadžialić

    – UNINETTUNO University, Rome, Italy,

    • Jan Dlugosz University, Czestochowa, Poland

    Ph.D student Phuong Vi Thi

    Faculty of Journalism – Communication, Thai Nguyen University of Sciences, Vietnam; Tel: +84 091.271.6807; e-mail: phuong_vt@tnus.edu.vn

    Abstract

    Thanks to the large data source on the Internet, several improvements have also taken place in the working method of the professional journalist. Modern journalists may use software and data on the Internet as part of their news gathering operation. Combining the type of knowledge and data from the Internet with information from journalistic sources involved in the mining phase (authorities, police, and witnesses can carry unparalleled news capabilities) to a partner, Data journalist may also conduct a simple operation of linking and synthesizing between various documents in order to make new discoveries in the work process.

    This paper deals with the open data and the duty of the journalist to use it. The emergence of open data sources by governments around the world has made the search for data sources more rich. Journalists may make use of open data to find knowledge. How do journalists make effective use of open data to create high-quality media products tailored to the needs of the modern public? We give the answer within the following text.

    Keyword: Open data, Online Newspaper, journalist,

    Data Journalism and Data Sources for Journalists

     

     

    1. Introduction

    If the media offer information to the public, then the modern press, in addition to presenting information, also provides the public with a viewpoint and style of interpretation to choose from. The part that convinces the public to accept the news that a journalist gives is no longer perceived as narrative or narrative. In modern journalistic work, facts, evidence, data… Used to reassure the public is directly portrayed without, or very little, in-depth research by journalists. These raw data are received and understood very easily by the public. Or if the public is unable to interpret raw data, such as data, modern software will do just that. Details on the inclusion of data, no or less analysis, interpretation or reporting.  It’s the cornerstone of data journalism.

    Data journalism, unlike the media we’re all talking about, assigns great importance to raw news data. The term “data” makes a lot of people think of numbers. The difference in data journalism is the knowledge power that the previous forms did not provide. Data journalism may combine the ability to “sniff news” and to tell a convincing story about conventional journalism and the size or scope of knowledge (facts, raw data). The digital means brought back them to modern journalism.

    Data journalism can be viewed not just on how facts are interpreted, but also on how relationships are organized-so it’s not just a matter of producing data stories (by collecting, evaluating, visualizing, and narrating data), but also of paying attention to whom and those stories come together including readers, sources, processes, organizations, and social media platforms. The explanation why data journalism has become a trend in contemporary journalism is:

    1. a) The creation and distribution of new methods for data analysis (excel, numbers, open data, Office, etc.) made an overview of the raw data, the numbers. Not a right for statisticians today. With convenient tools in the hands of the public, it is possible to provide a simple review of the data published by the press without having to equip it as experts.
    2. b) The emergence of open data sources by governments around the world has led to searching for data sources to become more relaxed and plentiful. Data journalists will provide information to the people who are searching for it. Of course, by data journalism, this information is made accessible (directly or not) to those in need.
    3. c) Public confidence in existing media outlets is declining. Using raw and transparent information data journalism would improve public trust in the information provided by journalists (Just giving information and data without analysis, orientation, etc.) It will make the public feel better when accessing information from the press.

     

    2.Journalism as a tale maker

    Data journalism is not just for investigation and reporting in detail. Journalism that is achieved with data is data journalism. Many people believe that data collected on a spreadsheet, is any collection of numbers. What separates data journalism from the rest of journalism? When journalists mix conventional journalism with the use of data to tell a compelling story, with the size and reach of digital knowledge, maybe there is a new possibility that opens up.

    Via engaging infographics, data journalism can help a journalist tell a complicated tale. This helps illustrate how a story relates to an individual. Data can be the source of data journalism, or it can be the instrument that tells the story – or it can be both. It is for this reason that data journalism is so critical. To build more clarity and insight into what’s going on around you, use details. Analysis of data may disclose the form of a narrative about a story. Moving from a report to a story has evolved using data.

    Open Data is a data that can be accessed, used and exchanged by everyone but is copyrighted and not free. Open data must be licensed freely. Its license would allow people to use the data in whatever way they choose, including by using it, combining it and sharing it with others. Open Data-Concrete data storage and open source to ensure transparency of data particularly when using public data.

    Graph 1 – Model of data groups

    The above model indicates that there are three data sources: Big Data; Open Data and Open Government Data. Subgroups of data in the aforementioned data sources include

    (1) Non-public data for marketing, business analysis, and national security (non-public data for marketing, business analysis, national security);

    (2) non-data-based citizen participation initiatives (e.g. petition website);

    (3) Large datasets from science research, social media, or other non-government sources (large datasets from scientific research); Examples include weather, census, health care (large public government databases (e.g. weather, GPS, census, SEC, health care).

    The model also demonstrates different zone data and information intervention between large data sources; open government and open data in general. It is easy to see that these three data sources overlap with each other. In data group 3-big data sets in the Big Data Group, not government data, but data coming from social networks. Group 4 is data from local government departments, not big data, but also called open data. For example, financial data, budget. Group 5 is not big data, does not come from government departments, but is also open to data. It is noted that not all the data generated by the government are big data. Especially in Group 6-which is very valuable and useful data: big data comes from government departments and this group is also open data. And Data Category No. 6 is often considered to be an organizational treasure for consumers who are journalists and businesses.

    3.Freedom of choice

    Journalists using data need to distinguish between the data source and the platform that publishes the data. For these portals, it is not called Open Data, it is called Open Data Platform. Open data is understood as a certain data format, with three key characteristics:

    1. Anyone can use this data base. In other words, the data must be accessed by the user according to their wishes. Open data is data that is placed on the Internet so that people can access it.
    2. Journalists may change the data. An open type of data is also the personal information data sheet originally installed in the classroom: anybody may access and change the information. Moreover, to get the desired results, you can also download data to compare and interact with other data.
    3. A characteristic and also the value of open data is that data can be shared by journalists.

    Big data is information that a computer does not have enough memory to hold the system, but must, like Google data, have a server system. Similarly, for government activities: not all government activities produce data, those data are of course open data, transparent government policies; activities related to citizens, the process of grievances and complaints of people, the data of those program data are not all big data considered open data (such as data related to national defense security, business activities of companies, etc.) Open data between data providers and data consumers is collaborative in two ways. A lot of open data is provided by the World Bank, of EU Statistics, for instance. The user, however, needs to be interactive in two respects.

    4.The reporter’s responsibility to use open data  

    Not every story will need data, nor will there be time to use data on anything. So the first challenge is which data sources should do journalists use?

    Journalists may use data sources from the government, from international organizations, from the academic sector, social media or from major agencies, and keep an eye on international organizations such as the World Bank, European Union official statistical pages, the Organization for Economic Co-operation and Development (OECD), the International Monetary Fund (IMF) and others that also release data.

    Nowadays, open data is very common because every nation has an entity that has Open data. However not all data reported on the websites of these organizations are data collected by this organization, since they have the right to use data on their website. During journalism development, journalists need to concentrate on data analysis and equip themselves with tools to analyze data and pick interesting things. Surveys are a way of getting data, not a data source. Journalists may usually use data from annual reports, from open data sources.

     

    Not every story will need data, nor will there be time to use data on anything. Data in general and open data in particular help tell stories if journalists know what data sources are available. The search and show of “raw data” lets journalists work closely and in-depth. Journalists must be very positive and informed about the results. In reality, often two data sources are distorted, not the wrong data, but maybe both sources are right.

    5.Questions that seeks for answers

    What data sources would journalists want to use and use the most? Do journalists need to ask themselves if this information is available? Is the data reliable?

    Google data is very wide, but not open, so it is also an obstacle in the process of reaching out to journalists.

    With information available from open data, journalists need to deal with two levels:

    • interpretation to take context and structure from the never-ending flood of data, and
    • presentation of what is important and relevant to the public. The difference is for each story and depends on the journalist’s data skills. Even some simple data will help journalists move beyond the press release provided by the government department. Having data lets journalists get deeper into everything the journalist writes about.

    6.Put the strength of the data into the tale

    Data journalism is an important demonstration of the democratization of resources. Journalists should see this as an opportunity to use press knowledge. Journalists may raise a range of concerns, such as unemployment, which impact people based on their age, gender and education. Or use data to turn the abstract into something that readers can understand.

    When searching for datasets on a specific topic, the author is likely to find some that can be accurate when new data is published. In such situations, the author can trust the data, interview more relevant sources to construct unexpected stories, and never even think about them.

    More and more easily accessible databases come with new tools to clean, compare, and locate trends in vast datasets. Journalists and the public can also search the database independently with the aid of resources such as Google Trend (which discovers Google data on common searches, by region, and over time).

    Open data mining is a method of discovering stories with a large amount of data. Journalists have access to a broad database for searching and comparing relevant data. Effective use of data mining results depends on healthy, credible and competent sources for journalists. In this way, the ability of the media to provide information to direct social public opinion would come into play.

    1. 7. Updating journalist skillset

    In the light of the very high level of knowledge on social networks, it is very important for journalists to be actively interested, using information and sources to provide reliable and impartial information. Check it out. In addition to going to the scene, using a variety of steps to collect information, accessing and searching open data would allow journalists to come up with reliable sources.

    Checking the information is important when using the data as a basis for journalists’ reports. Journalists face the task of sifting through a massive volume of social media knowledge and open data portals. But how do journalists determine what’s real and right in the digital age?

    Modern journalists may use software and data on the Internet as part of their news gathering operation. Data groups must comply with historically defined criteria, including data mining, organization, analysis and visualization. What makes data journalism different from other journalism? There are new opportunities that open up when journalists merge conventional journalism and the use of data to tell a compelling story, with the size and reach of digital knowledge.

    Journalists and data editors are only effective if they use data as a journalistic resource. Open data enables users to reach into data sources and find knowledge that is important to them. It is clear that various channels of communication and media can be combined to transmit messages. However, with data journalism, journalists may combine the information sources provided and the information sources that self-research the data to provide a stronger or wider, more impartial viewpoint.

     

     

     

     

    Conclusion

    The right to information and freedom of information cannot be stopped in the digital age. In reality, the relationship between data and journalism is growing stronger. The growing importance of open data journalism lies in the capacity of journalists to find the facts in expanding digital information to the globe. Journalists use open data to build deeper and deeper perspectives into what’s going on around them. That said, using open data is not a substitute for conventional journalism, but adds to a new range of skills for journalists. With their roles, tasks and professional characteristics, journalists need to develop their professional skills, become professional in the search, receipt and processing of information. Also, build a habit of using data frequently for their stories.

     

     

    REFERENCES

    1. Boyd, Danah and Kate Crawford (2012), Core Questions for Big Data, Journal of Information-Communication & Society, No. 5, pp. 662-679.
    2. Franklin, Bob (2014), The Future of Journalism: Era of Economics and Digital Media, Journal of Information-Communication & Culture, No.2, pp. 254–272.
    3. Jonathan Stoneman (2015), Is Open Data in need of journalism? Reuters Institute for Journalism Research.
    4. It’s Lewis, Seth C. Oscar Westlund (2014), Big Data and News: Epistemology, Interactive Press.
    5. Mahrt, Merja and Michael Scharkow (2013), The Importance of Big Data in Digital Media Analysis, Radio & Communications Journal, Vol. 57 (1): pp. 20-33.

    ACKNOWLEDGEMENTS

    This study was supported by a fellowship grant by the Thai Nguyen University of Science, Vietnam.

    We want to express sincere appreciation to Thai Nguyen University of Science (TNUS) for them academic, financial, and moral support. We thank Department of Journalism – Communication, Faculty Journalism – Communication (FJC), Thai Nguyen University of Science for their academic and moral support. These acknowledgments will not be complete without thanking online offices for their useful advice and moral support toward the success of this study.

     

  • Лила Арсова: Улогата и значењето на списанијата, прирачниците и другите визуелни, аудио изданија и материјали во воспитно-образовниот процес

    Улогата и значењето на списанијата, прирачниците и другите визуелни, аудио изданија и материјали во воспитно-образовниот процес

     

     

    Децата од својата најрана возраст најдобро учат преку играта. Играта е природен начин преку кој децата го развиваат и усовршуваат јазикот.

    Во нашата држава веќе повеќе од 70 години излегуваат од печат литературно-едукативни списанија, сликовници за деца и млади. Литературните списанија за деца имаат многу значајно место и улога. Но, не  само во организираниот и институционализиран процес на воспитание и образование, туку  и во семејството како институција. Малите деца, по својата природа, се љубопитни и сакаат да истражуваат. Затоа кај децата треба да се  поттикнува иницијативноста, љубопитноста и заинтересираноста кон средината во која растат и заинтересираноста кон учењето. Тоа се клучните фактори кои го унапредуваат пристапот кон учењето на малите деца.

    Свеста за односот кон книгата расте,а навиките за читање  се развиваат уште од најраната возраст. Дури и на бебињата на кои им се читаат или покажуваат сликовници. За бебињата во последно време се изработуваат сликовници со текстилен материјал и со големи слики,како што расте детето бројот на сликите се намалува и текстот е пообемен. Сепак бројни истражувања говорат за фактот дека од  исклучителна важност во процесот на раст и развој на децата се  квалитетни книги ,илустрирани сликовници, помошни нагледни средства(аудио,визуелни,дидактички) учебници, списанија, прирачници и сл.

    Повеќе од сигурно е дека сликовницата е многу поприсутна од некогаш. Кога едно мало дете се интересира и сака да отвори книга и сликовница, прво нешто што ќе го привлече е илустрацијата во самата сликовница. Додека возрасните им читаат сликовница на малите деца, држејќи ги во скут, се создава важна интеракција преку која се гради интересот на децата за читање. Истражувањата покажуваат дека ненадокнадно е она што не е стимулирано во раното детство. Децата се големи критичари и имаат многу прашања,како за текстот така и за илустрациите. Но, не секогаш содржината во сликовницата или боенката што уметникот ја илустрира може да го одушеви  детското срце. Сведоци сме и на голем број илустрации кој не ги задоволуваат критериумите за илустрација за деца. Но, кај нас никој не е задолжен за опстојна анализа или контрола  на сето она што се нуди на пазарот  од мноштвото  шарено блескави увозни примероци.

    Едноставно, го прифаќаме огромниот пораст на сликовници,боенки,цртани и анимирани филмови,видео игри и сл. Заинтересираноста на децата и кон она што го нуди интернетот е се поголема.

    Децата од предучилшна и рана училишна возраст  кои што имаат можност на различни начини да ја развиваат својата фантазија и креативност, учат како да ја изразуваат својата индивидуалност, своите интереси, способности и вештини со користење на разни  визуелни форми како што се сложувалките, конструкциите,

    како и видео игрите. Детето на свој, автентичен начин умее да ги изрази своите чувства преку музика, театар, цртање, движење, сето тоа како дел од неговиот когнитивен развој.

    Во воспитно-образовниот често се очекува од секое дете, без разлика на индивидуалните способности, со исто темпо, на идентичен начин и со успех да ги усвои предвидените програмски содржини. Децата треба да бидат мотивирани да го користат претходно стекнатите знаења и вештини. Тие треба да се оспособат и за доживотно учење.

    Во тоа, секако, клучна улога имаат професионалците вклучени во воспитно-образовните процеси во текот на раното детство но и понатамошното школување.

     

    Предучилишното воспитание и образование е од клучно значење за растот и развојот на секое дете. Токму затоа е од примарно значење е каква литература ќе му се понуди на детето и кои критериуми треба да бидат исполнети во реализирањето на програмата за рано учење и развој.

    Списанијата за деца во воспитно-образовниот процес се во контекст на целите во наставните планови и програми. Списанијата ги следат карактеристиките на развојниот период на детето и ги следат содржините во наставните програми со различно застапени теми и програмски подрачја. Истите можат да се употребат како ресурси во повеќе наставни предмети во раната училишна возраст.Исто така списанијата за деца имаат и функција да ги забавуваат децата, да ги поттикнуваат на одредени нешта, и, што е најважно, да ги подучуваат. Со нивна употреба во наставата тие  овозможуваат   индивидуализација и диференцијација во воспитно-образовниот процес и ги поттикнуваат децата со нетрпение да го очекуваат следното издание. Детските трудови и изработки исто така се објавуваат во списанијата, со што кај учениците се создава натпреварувачки дух и тие се стимулираат за читање, творење и креативно изразување. Недостатокот од примената на списанијата во наставниот процес највеќе го почуствуваа учениците и наставниците во 2017 година кога тие не добија дозвола од институциите за нивна примена во воспитно-образовниот процес. Радува податокот дека покрај хартиените изданија почнува да се читаат и електронските списанија за деца на македонски јазик.

    Денешните генерации се повеќе ги користат технологијата и интернетот како извор на дополнителни знаења и на забава.  Дигиталната писменост е растечки дел на секој пристап кон развојот на вештини со која се настојува да се подготват децата и адолесцентите за училиште и понатамошниот живот. Технолошкиот развој,глобализацијата, информатичката револуција и афирмацијата на знаење како највреден ресурс се само дел од новиот економски поредок во последната деценија во креирање на е-општество.

    Имајќи ги во предвид глобалните промени во 2008 година во македонскиот образовен систем како приоритетно се воведе ИКТ со имплементирање на проектот„Комјутер за секое дете“. Со овој проект се овозможи ефикасна имплементација на информатичката технологија во македонското образование,целта беше и да се доближиме до светот и да се намали дигиталната подвоеност која се случува поради физичка недостапност,односно немање на ресурси или недостаток на вештини.

    По континуираната компјутерска едукација на наставниците за поквалитетна настава со воведување и застапеност на Икт со најмалку 30 % во воспитно-образовната работа со користење на оперативниот систем ЕДУБУНТУ. Развојот на технологијата и новите дигитални алатки за развој и ширење на знаењето бара не еднократно туку сеопфатно планирање на процесите со вклучување на сите заинтересирани страни. Дигиталнита наставна содржина треба да биде мултимедијална односно во себе да содржи текст, анимација, звук и презентација. Таквата содржина која  им се нуди  во училиштата за време на наставата, треба да биде достапна и

    присутна и надвор од наставата во домовите на учениците.

    Како е –содржини на учениците им се нудат:презентации,интерактивни презентации,симуалции,видео и аудио записи,дијаграми,мапи и текстови. Сето ова со вклучен  функционални  интерфејс кој одговара на возраста на учениците и корисниците да им се понудат дополнителни информации,помош насоки за користење на истите.

    Во 2020 година со развојот на пандемијата се случи пресврт во кој беа вклучени сите инволвирани учесници (ученици, професори и надлежни институции) во наставниот процес. Наставата започна да се изведува со примена на онлајн настава. Овој начин на примена на дигитални средства со користење на интернет отвори голем број на нерешени прашања кои со години се провлекувале во воспитно-образовниот систем. Соочени со голем предизвик најнапред на немањето технички средства, интернет и на почетокот на неподготвеност на институциите да одговорат на барањата за изведување и организирање на квалитетна онлине настава. Без перманентна поддршка,услови и  усовршување на наставниот кадар се покажа во периодот од март до јуни во 2020 година. Наставниот кадар и менаџментот во училиштата беа принудени да започнат со активности за кои никогаш не слушнале и не биле обучени. Во однос на учебниците и другите образовни ресурси онлајн наставата покажа дека е потребно целосно или делумно адаптирање на учебниците. Компјутерот е само алатка која се става во контекст на ширење на знаењето. Потребно е добра и сеопфатна реформа во форма на отворени образовни ресурси. Сметам дека во изминатиов период не само што ќе ни овозможеше поквалитетно образование на поголем број од најпогодените ученици и ќе го ублажеше ударот и врз наставниот кадар и врз сите кои се вклучени во образовниот процес. Потребно е  планирање на процесите со вклучување на сите заинтересирани страни. Навремените измени во регулативата и инвестирањето во основните образовни помагала и во дигитални содржини.

    Очекуваме дека националната стратегија за е- образование во македонскиот образовен систем ќе понуди соодветни решенија за имплементација за подобрување и подобро организирање на наставата со компјутер која се чини се уште не е на соодветното ниво. Несразмерно ниво на вештини кои децата ги поседуваат може да има долгорочни последици по општеството во кое тие живеат.

     

    Професор во одделенска настава

    Лила Арсова

    Велес

  • Виолета Петковска: Неколку приоди за поефикасни часови по македонски јазик

    Неколку приоди за поефикасни часови по македонски јазик

     

     

     

    Во едно современо општество во зависност од степенот на културниот развој, од свеста, од културно-образовното наследство, од материјално-економската сила, од основната филозофска, социолошка и внатрешна политичка ориентација, произлегува општествениот карактер на наставата. Со развојот на гореспоменатите критериуми неминовно е да има и промена и развој на квалитетот на наставата. Наставата треба да се интензивира, хуманизира,актуелизира, модернизира.

    Современата методика за наставата по македонски јазик познава повеќе постапки кои се применуваат при мотивирањето на учениците.

     

    Преку системот на проблемско-творечка настава се изразуваат помодерните тенденции во методиката на наставата. Овде на преден план се ставени креативните можности на учениците. Тие се подготвуваат за самостојно разрешување на одделни проблеми во врска со одбраниот текст (расказ). из интерпретацијата расказот треба да се доживее, а потоа и да се анализира. Анализата на расказот треба да обезбеди допир на ученикот до сите можни содржински аспекти при неговото расчленување: тематски, идејно-естетски и етички. При тоа не смеат да се испуштат од вид и формалните аспекти: композициски и јазично-стилски. На тој начин ќе го достигне нивото на суштинска наставна анализа.

     

    Во почетокот на учебната година се проверуваат интересите на учениците.За таа намена обично се применува анкета,врз основа на која се запознаваат интересите на учениците за одредена тема и одредени видови раскази.

    Враз основа на покажаните интереси,наставникот им предлага на учениците раскази за самостојно читање дома.

    Мотивирање на учениците се постигнува со интерпретативно читање на одбран дел-фрагмент. За ваква постапка обично се одбира највозбудливиот дел,кој ќе ги поттикне учениците на размислување. Како поттик може да послужат илустрации,слушање музички дела инспирирани од одделен расказ, слушајќи радиоемисии или гледајќи телевизиски емисии посветени на литературни годишнини на одредени писатели,изложби на книги од училишната, градската библиотека.Таков поттик може да се предизвика и со литературен натпреваар. Во училиштето се организира квиз посветен на одредена тема. Учениците се пријавуваат за учество на квизот врз пропозициите на натпреварот. Натпреварот ги предвидува расказите што треба да се прочитаат и начинот на изведување на квизот.Во организирање на квизот може да учествуваат одбрани ученици. Распишување на натпревар за најуспешен приказ на определен расказ,исто така може да се применува како поттик за читање.

    Мотивирање на учениците за читање на расказ се постигнува и со поставување на прашања и задачи на кои учениците можат да одговараат. Прашањата и задачите можат да бидат насочени кон проверување на степенот на доживеаноста и разбирањето на текстот. Со успешна интерпретација и анализа на расказот на часот се остваруваат современите цели на наставата. На тој начин се изградува активен и сензибилен ученик,кој ги доживува литературните пораки и ја разбира нивната смисла.

    Проверување на разбирањето на текстот со примена на наставни ливчиња  со ИКТ технологија за самостојна работа на учениците овозможува мерење на продуктивноста на одржаниот час. Така, на пример,ако 80 % од учениците одговориле на сите или на поголем број прашања,тоа,значи дека часот бил квалитетно ораганизиран и рационално изведен. А, ако помал број ученици одговориле на поголем број прашања,тоа значи дека часот не бил доволно оптимален.

    – Со овој начин на проверување учениците се ставаат во положба на ментална подготвеност,тие се поактивни,бидејќи се свесни дека секој од нив самостојно ќе ги одговара прашањата;

    – Со вакво проверување може да се мери вредноста на извесни наставни облици и средства и да се врши потребната компарација на часовите со различна организација;

    – Исто така, се овозможува континуирано следење на напредокот на учениците и се зголемува метриската вредност на оценката,односно се зголемува објективноста при оценувањето;

    – Наставникот може да им даде целосни информации на родителите за активноста на ученикот на часот.

    Широката примена и прифатеноста на проектот„Со читање и пишување до критичко мислење“што го презентира американското здружение во соработка со универзитетот во Северна Ајова од САД, се нуди широка лепеза на приоди ,кооперативно учење, дебатни техники за читање и пишување,графичко прикажувањево различни делови од часот. Практичарите се задоволни од примената и ефектите, лесно се прифатливи,применливи и интересни,водат кон кооперативна,тимска работа,даваат солидни резултатите што долго се паметат.

     

    Современа настава бара креативни приоди во сите фази од припрема, организација,реализација, валоризација па до апликација – практична примена на знаења, умеења,навики во современиот секојдневен живот. Очигледна е потреба за откривање нови приоди,за проверување хипотези,со насоки за користење интерактивно со други , самостојно барање одговори на откривачко-истражувачки методи за поквалитетна настава.

     

    Литература;

     

    Чедомир Поповиќ

    „Методика на наставата по мајчин јазикза основните училишта“/Просветно дело,1967 г. Скопје;

    м-р. Ленка Гогоска

    „Дидактика“/Ѕвезда,1995г. Скопје:

     

     

    Подготвила:

                                                                 Виолета Петковска

                                                                 Професор во одделенска настава

                                                                 ОУ Кочо Рацин – Охрид

  • Јадранка Клисарова: Улогата и значењето на списанијата, прирачниците и другите визуелни, аудио и видео изданија и материјали во воспитно образовниот процес

    Улогата и значењето на списанијата, прирачниците и другите визуелни, аудио и видео изданија и материјали во воспитно образовниот процес

     

     

    Резиме: Улогата и значењето на списанијата, прирачниците и другите визуелни, аудио и видео изданија и материјали во воспитно образовниот процес е многу голема затоа што го развива когнитивниот развој кај децата, говорот го издига на повисоко ниво, интелектуалните способности, помага во емоционална и социјална развиеност на еден забавен и не наметлив начин, воедно ја развива и креативноста на учениците.

     

    Клучни зборови: списанија, прирачници, визуелни, аудио, видео изданија, ученици, воспитание, образование.

     

    Улогата и значењето  на списанијата

     

    Како одделенски наставник би сакала да го споделам своето искуство за улогата и значењето на детските списанија. Детските списанија  секојдневно  се достапни на полиците на многу книжарници, киосци или маркети. Тие со своите шарени страници се предизвик за љубопитното детско око. Кај нас најчесто се користат следните детски списанија: „Смешко“, „Месечко“, „Росица“, „ Другарче“, „Развигор“,„Мини ЛИБИ“ , „Либи“  „Наш свет“…

    Како наставник  имам цел да  образувам ученици со развиено критичко размислување и практична примена на стекнатите знаења, а тука ни помагаат и детските списанија. Децата уште од најмала возраст другаруваат со некое од детските списанија, а потоа продолжуваме и ние со учениците на возраст од 6 до 11 години.

    Детските списанија  имаат значајно место и улога во процес на воспитание и образование (детски градинки, училишта) и семејството.

     

    Детските списанија се богати со страници за:

    • едукација (текстови, песни, научни текстови, драмски текстови, изразување и творење, јазично катче)
    • содржини со странски јазик
    • математички страници
    • забавен дел ( боење, поврзување на поими или предмети, лавиринти,          крстозбори)
    • креативен дел (објавување на ликовни и литературни дела од ученици).

    Детските списанија се дел од подрачјето Медиумска култура по македонски јазик и учениците од одделенска настава се обврзани да се запознаат со нив. Затоа наша цел е учениците да ги запознаеме со детските списанија, да ги мотивираме да ги читаат.

    Јас како наставник редовно го користам списанието во наставата бидејќи преку нив учениците го богатат речникот, многу често им задавам задача од списанието (да прераскажат текст, да научат песна наизуст) ги драматизираме  драмските текстови  и тие ни се веќе подготвени точки за училишните приредби или пак гостување на тв – емисии.  Детските списанија имаат многу важна улога во образувањето на децата, во утврдувањето на стекнатото знаење на училиште, но и негово проширување на позабавен начин. Меѓудругото, списанијата постојат и за да ја задоволат желбата за љубопитство на децата, што е море без дно, а ја поттикнуваат и љубовта кон читањето книги.

    Списанијата за деца со својата содржина, преку текстовите и илустрациите се значаен медиум во воспитно – образовниот процес затоа што децата:

    • стекнуваат нови сознанија
    • го развиваат критичкото мислење
    • ги будат естетските чувства и доживувања
    • создаваат, креираат и творат
    • комуницираат
    • го богатат речникот, го развиваат говорот и културата на изразување
    • ја развиваат емоционалната интелигенција
    • ја поттикнуваат својата интерактивност.

     

    И за крај да не заборавиме ,,Децата се цвеќето, а ние…ние сме градинари кои го негуваат тоа цвеќе!“.

    Прирачници

     

    За успешна реализација на целите и задачите во наставата во училиштата, неопходен и важен  фактор се прирачниците за наставници и дополнителната литература. Прирачниците претставуваат дидактичко методички  обликувана  содржина, која му помага на наставникот за правилна реализација на образовно-наставната работа. Во истите се земени во предвид најзначајните педагошко, психолошки и методички принципи. Тие претставуваат „дидактички инструменти“ на наставникот  за неговата работа: анализа на некои непознати, значајни, ретки и специфични податоци, информации и факти во наставниот процес, го збогатуваат сознајниот  процес, знаењата ги прават побогати, појасни, поконкретни, поцелосни. Тие се употребуваат во сите нивоа на образованието и воспитанието како извор и помош во процесот на сознавање на сите наставни предмети.

    Прирачниците за ученици се од друг вид, тие им помагаат на учениците полесно да ги совладаат целите или да ги прошират знаењата. Постојат повеќе прирачници (дополнителна литература) за ученици: „Боенки“, „Збирки задачи“, „Работни тетратки за лектира“, „Тетратката со елементи за пишување“, „Тетратката за убаво пишување КРАСНОПИС“ и многу други. Сите заедно имаат за цел да ги подобрат графо-моторните способности, негување на  вештината за убаво пишување и развивање на емоционалната интелигенција.

     

    Со користење на прирачници за ученици, се постигнуваат повеќе образовни цели. Со нивната употреба се остварува принципот на очигледност и се постигнува поголем интерес кај учениците. Се остварува поголемо внимание и мисловни активности кај учениците, се врши побрзо и полесно пренесување на информациите, што придонесува за постигнување на подобар успех. Основните функции на прирачниците се: постигнување на очигледност, поттикнување на интензивирање на учењето и развојот на мисловните способности.

     

    Визуелни средства

     

    Од најмала возраст децата учат преку визуелни средства. Тие имаат потреба да видат и да допрат определен предмет, за подобро да го осознаат или е потребна соодветна слика или видео материјал. Истиот процес на учење и осознавање на нови работи кај училишните деца не може да се замисли без визуелни средства. Ако на учениците на часовите им се објаснува преку нагледни – визуелни средства, тогаш им е многу поинтересно и позабавно на час и на тој начин полесно ја совладуваат материјата. Децата се љубопитни и сакаат сѐ да допрат, да измерат, да проценат и да споредат. Новиот начин на едукација бара многу повеќе практична работа или истражување. Така произлегуваа и поголема потреба од примена на многу визуелни средства.

    Под визуелни средства, спаѓа сето она што може да се види, да се допре, да се измери или спореди, или да се истражува. Во визуелни средства спаѓаат: плакати, сликовници, слики, модели, апликации, разни дијаграми, слајдови, предмети кои имаат определена намена.

    Со примена на визуелни средства во образованието придонесуваме да се појави поголем интерес и интеракција кај учениците и постигнување на целите на часот. Визуелните средства се  посредници меѓу ученикот и надворешниот свет. Тие ја олеснуваат работата на наставникот и учениците, воедно претставуваат посредник меѓу наставните содржини, ученикот и наставникот. Преку интеракција меѓу наставникот како организатор на наставниот процес и ученикот како субјект во наставата, може да се постигнат резултати кои не се однесуваат само на знаења и вештини, туку и способност за формирање на ставови кај учениците.

     

                                                              Аудио и видео изданија

     

    Во наставниот процес не е доволно само визуелни средства, се појавува потреба за аудио и видео изданија. Со развојот на технологијата се појавуваа потребата од примена на аудио и видео материјали. Со постојаниот развој на технологијата се појавија и многу аудио и видео изданија, кои се користат како наставни средства во наставата. Секое  училиште поседува аудио и видео уреди (музички систем, телевизор, компјутер, проектор, паметна табла). Аудио наставни средства се применуваат за слушање музика, радио емисии.

    За да наставата биде поефикасна се применуваат нови мултимедијални наставни материјали, кои ги задоволуваат современите дидактички и методолошки принципи за реализација на наставата. Преку примена на нови мултимедијални наставни материјали учениците стекнуваат поголеми вештини и знаења. Но, сепак сета примена на нови аудио и видео наставни материјали зависи од  самиот наставник. На часовите по музичко образование или друг наставен предмет, не може да се замисли без користење на аудио записи, а многу често и на видео изданија. Наставниците многу често за реализација на наставната програма користат самостојно изработени презентации или  готови  аудио – видео наставни единици од образовен портал-ЕДУИНО.

    Аудио визуелни изданија, претставуваат нагледни средства со кои се постигнуваат повеќе образовни цели. Со нивната употреба се остварува принципот на очигледност и се постигнува поголем интерес кај учениците. Се остварува поголемо внимание и мисловни активности кај учениците, се врши побрзо и полесно пренесување на информациите, што придонесува за постигнување на подобар успех. Основните функции на аудио визуелните изданија е да  се постигне очигледност, поттикнување на интензивирање на учењето и развојот на мисловните способности.

     

    Заклучок: Со примена на списанија, прирачници и други визуелни, аудио и видео изданија и материјали во воспитно образовниот процес се допринесува за: полесно совладување на некои поими (прилагодени на возраста и интересите на учениците), модернизација на формите и методите во наставата, развивање на истражувачки способности, решавање на проблеми, развивање на креативноста, поттикнување на самостојноста и практична примена на стекнатите знаења. Затоа слободно можеме да кажеме дека голема е улогата и значењето на списанијата, прирачниците и другите визуелни, аудио и видео изданија и материјали во воспитно образовниот процес

     

     

    Учесник: Јадранка Клисарова – ООУ „Блаже Конески“ – Скопје, Република Северна Македонија     маил: jadrankaklisarova@gmail.com

     

  • Елизабета Јанева: Улогата и значењето на списанијата, прирачниците и другите визуелни, аудио и видео изданија и материјали во воспитно-образовниот процес

    Улогата и значењето на списанијата, прирачниците и другите визуелни, аудио и видео изданија и материјали во воспитно-образовниот процес

     

    Апстракт: Овој напишан текст ќе послужи одблиску да се претстави значењето и незаменливата улога на списанијата, прирачниците и други аудио-визуелни средства, за воспитувањето и образованието на децата. Во не многу далечното минато,  општоприфатен начин на учење и подобрување на воспитувањето, беше користење на овие средства во наставата и надвор од неа. Но денешниот модерен развој на општеството и забрзаниот процес на технолошки иновации, нуди други можности за пристап до децата уште од нивното раѓање. Модерниот телефон, таблет или ајпад, најчесто ги заменува сликовниците, играчките, таблите за пишување, списанијата за деца. Се прашуваме зошто е тоа така? Каде исчезна читањето приказна пред спиење, каде е раскажувањето на бајките од Андерсен или браќата Грим и сказните со кои ние пораснавме?

    Брзото темпо на живеење во модерното општество, бара родителите да наоѓаат различни начини да му го свртат вниманието на  детето да биде мирно или да спие. Зошто и тие треба да се одморат од напорниот ден, нели!!! И, дали би можело тука нешто да се смени? Да, може и тоа како. Задолжителна едукација на родителите од содветни институции, уште од самото раѓање на детето. Објаснување зошто сликовницата треба да биде првиот детски предмет, а не телефонот.  Зошто сликовницата овозможува прв начин на насочување кон правилно воспитување. Со неа, перцепцијата ќе одигра важна улога во секојдневниот живот и за секоја понатамошна активност на детето, без разлика дали е аудитивна или визуелна. Сетилата природно се надополнуваат едно со друго. Слабоста на видот, се надополнува со добриот слух, и обратно. Така се поврзуваме со околината. Затоа сликовницата, списанието и  книгата,  треба да бидат мост на тоа поврзување.

     

    Клучни зборови: сликовница, дете, родители, општество, модерен развој

     

     

     

    Улогата и значењето на списанијата, прирачниците и другите визуелни, аудио и видео изданија и материјали во воспитно-образовниот процес е многу голема и од важен интерес. Тие можат да помогнат во полесно перципирање на секојдневните појави. Родителот и воспитувачот мора да наоѓаат најразлични начини на нивна примена. Денес постојат многу аудитивни книги, аудио учебници, книги со Брајово писмо, музички сликовници…  Тие се скапоцено помагало за развивање на детското спознавање на предметите од природната околина. Со нив децата учат, се развиваат, стекнуваат знаења. Ја развиваат својата имагинација и својот поглед кон светот. Улогата на овие материјали е уште повеќе важна, ако тие се прилагодат на детската возраст и на детскиот развој. Случките и доживувањата на „Снежана и седумте џуџиња“, „Црвенкапа и волкот“ или „Трите прасиња“, ќе му помогнат на детето да научи и да распознава праведност, искреност, чесност од лага и измама, кога ќе чуе за нив уште од најмали нозе. Во прикажаните ситуации, всушност, детето ќе го препознае доброто од злото и ќе научи како да се справи со нив.

    Што е наша цел?  Целта нам, на родителите, воспитувачите, наставниците и сите што работат со деца, треба да ни биде постојано користење на вакви материјали. Зошто? За да му помогнеме на детето да го научи животот. Да може лесно да ги прифаќа секојдневните ситуации. Да му го покажеме правилниот пат кон својот развој и да му ги зајакнеме позитивните емоции и чувства.

    Како да ја оствариме таа цел? Одговорот е да го вратиме значењето на аудио –визуелните материјали на пиедестал, со тоа што ќе организираме едукативни работилници за родители, читачки работилници за деца и ќе им овозможиме полесен пристап на децата до книгата.

    Да се обидеме уште веднаш…..Еве на пр: подарокот чоколадо да го замениме со подарок сликовница…

     

     

    Напомена: Идеите и ставовите во овој текст се лично мои и се темелат на повеќегодишната работа во училште како одделенски наставник на деца до десетгодишна возраст.

     

    Елизабета Јанева – професор по одделенска настава во

    ООУ „Ристо Шуклев“, Негорци

    b.eti1977@hotmail.com

     

     

  • Маја Давкова: Улогата и значењето на списанијата, прирачниците и другите визуелни, аудио и видео изданија и материјали во воспитно- образовниот процес

    Улогата и значењето на списанијата, прирачниците и другите визуелни, аудио и видео изданија и материјали во воспитно- образовниот процес

    Образованието …тоа е она што ќе остане откако ќе го заборавите сето она што сте го научиле во училиште“ Алберт Ајнштајн

    Воспитно-образованиот процес е од непроценливо значење, како за развојот на личноста (индивидуата) така и за развојот на општеството во целина.  Значењето особено се потенцира денес, бидејќи во знаењата, во умеењата и во способностите се наоѓа клучот за решавање на многу значајни проблеми од егзистенцијална природа и за човекот и за општеството . Денес живееме во свет кој сè повеќе се поврзува во директна комуникација, на човек со човек, институција со институција, понуда со побарувачка. Не можеме да си го замислиме животот без интернет. Денешните генерации  всушност ни изгледаат чудни затоа што се раѓаат со никулци на идната општествена, светска состојба – глобална и интегрална, соодветна на денешниот повик на природата. Таа со својот надворешен и внатрешен притисок нè принудува да прифатиме нова форма на поврзаност помеѓу нас, за кои ние сега и немаме некоја голема желба.Па затоа особено   внимание се посветува на развојот на техничките средства во образованието и максимално  искористување на нивните можности. Соодветни разработки се насочени кон примена на технологијата во наставата. Покрај користењето на разновидни методи и техники во наставата, еден од начините на кој може да се одговори на потребите на сите ученици е користењето на информатичката технологија бидејќи таа нуди многу различни начини на учење, на проверување на знаењето и комуникација помеѓу учениците и наставниците.Притоа  учениците самостојно истражуваат, користат повеќе извори на знаење, користат списанија,прирачници и други визуелни,аудио и видео изданија и материјали.

    Сегашната  ситуација со пандемијата на сведско ниво го  наметна вклучувањето на компјутерите и Интернетот во наставата како фундаментално.Користењето на ИКТ во наставата повеќе не претставува опција туку потреба.Во почетокот на пандемијата единствен пристап за продолжување на  воспитно –образовниот процес беа аудио и видео материјалите снимени од ентузијасти наставници.Новото време ја наметна потребата и од користење на различни прирачници со упатства за работа , добри практики,насоки … за сите алки во воспитно-образовниот процес наставниците-учениците-родителите.Новото време ја наметна потребата и од дигитализација и на списанијата  да се   користат како додатни материјали во воспитно –образовниот процес.

    Но, лесната достапност на информации од најразлични  и нерелевантни извори  кои што се прикачуваат на Интернет , битно влијаат на развојот на децата . Сето тоа ја наметнуват потребата од препораки за списанија и прирачници од релевантни фактори вклучени во процесот  како на  формалното ,така и во неформалното образование. Потреба од вклучување на  материјали создадени врз основа на информатички технологии дистрибуирани до учениците за независна работа во училница и дома или демонстрирана од наставникот пред целиот клас . Употребата на дидактички материјал придонесува за активирање на едукативни активности на учениците, заштедувајќи време на учење.

     

    Употребата на списанија,прирачници и други визуелни,аудио и видео изданија и материјали, придонесува за : формирање на вештини кај учениците за работа со разни извори на информации;активирање на нивните когнитивни активности;создавање на вештини за самостојно  усвојување и разбирање на нов материјал.Понатаму развивање на креативната имагинација, зголемување на мотивацијата за учење;развивање на визуелно-фигуративно, теоретско, логичко размислување…Намалување на временскиот интервал за учење, формирање култура на воспитно-образовна активност;активирање на интеракцијата на интелектуалните и емоционалните функции во заедничкото решавање на истражувачки (креативни) едукативни задачи.

    Преку читање на списанија,примена на добри практики од прирачниците , употребата на аудио и визуелните  материјали , кај учениците се развиваат читачките и работните навики, но се гради и однос кон знаењето.Притоа ученикот се социјализира во духот  на општествените вредности. Сите овие печатени материјали го визуелизираат материјалот што се изучува и придонесуваат за негово рано меморирање и задржување во меморијата. Значењето на овие дидактички материјали е особено важно,бидејќи пропустите ,празнините и грешките  направени во основното образование,ниту еден степен на образование не може понатаму да ги надополни,бидејќи тогаш се развиваат најважните компетенции, неопходни за живот и работа во информациско,претприемачко и граѓанско општество.

     

    Маја Давкова

    наставник

    ООУ„Даме Груев“ с.Ерџелија

    Свети Николе

     

     

  • Ленче Китанова: Улогата и значењето на списанијата, прирачниците и другите визуелни, аудио и видео изданија и материјали во воспитно-образовниот процес

    Улогата и значењето на списанијата, прирачниците и другите визуелни, аудио и видео изданија и материјали во воспитно-образовниот процес

     

    Јас тргнувајќи од моето детство (пред  околу пет децении ) кога сите ние како ученици,  во многудетни семејства, немавме можност сите да купуваме, Другарче, Наш свет, Колибри, Млад борец,но, нашите наставници не организираа и  повеќето деца од исто одделение или постарите братчиња и сестрички ќе земаа , па  така сите бевме во можност да ги читаме. Значи со скромните примања на нашите родители списанијата сепак беа достапни за сите нас како ученици. Сега  јас кога сум наставник ова  ме навраќа на моето детство  и јас така секогаш ги упатувам моите ученици и се организираат  по неколку деца, се договараат по еден број да плаќаат, ама сите  броеви да имаат можност да ги читаат. Денешните списанија се од големо значење за учениците во наставата. Јас како наставник по македонски јазик им ставам голем акцент и нивната употреба им ја потенцирам колку  многу  е значајна. Денес е време на безброј портали достапни на интернет со употреба на компјутерската технологија. За жал дневниот печат е сé помалку достапен за моите ученици и затоа јас кога работам на часовите имам земено од киосците стари весници и им делам на секој ученик да има пред себе,  да разгледува и да  си чита. Во денешно време неопходна е потребата на списанијата за деца, од каде може да се научи, поучи или дополни наученото. Во детските списанија често се разработуваат лектири, па преку илустрациите моите ученици ги користат и на поинтересен начин доаѓаат до содржината  и карактеристиката на ликовите. На тој начин како пример ги користат списанијата. Моите ученици се искрени во своите искажувања дека сé она што не можат да го најдат како одговор на своите прашања, овде го наоѓаат од своите врсници . Во списанијата се нивните омилени глумци и  пејачи, нивните постери , поради кои и  ќе го купат одредениот број на тоа списание.Во списанијата се објавуваат нивни лични трудови, како што се многу цретежи и литературни творби. Кога сме кај лектирите кога учениците не сакаат да читаат,( а тоа многу често се случува).Многупати учениците ги користат аудио и видео изданијата  за да си го олеснат патот за да ја научат содржината ,односно на многу полесен начин да дојдат до ликовите , настаните и случките  за лектирата која им е дадена да ја обработуваат на часот по македонски јазик, за да ги  доживеат преку глас и слика. Учениците многу често имаат потреба од  прирачниците како  книга со упатства и практични објаснувања за она што го изучуваат во училиштата или пак покажуваат интерес. Самите прирачници се достапни во самите училишта и тоа во библиотеките. Прирачниците се со различни содржини, многупати ги користат по предметите од  природните науки затоа што ги интересираат  многупати животинскиот и растителниот свет,ама почесто и видовите на технологијата која е во многу голем подем.

     

     

                                                                             Ленче Китанова

                                        наставник во ООУ „ Методи Митевски – Брицо 

                                                                                      Лозово

     

  • Славица Дабевска Ќировска: Детска литература

          Детска литература

    Детската литература има значајно место и улога во организираниот и институционализиран процес на воспитание и образование.

    Љубовта кон читањето од најраната возраст е од огромно значење за учениците. Читачката љубов помага во севкупниот развој кај децата и тоа на: социјален, емоционален, когнитивен и творечки план.

    Литературните списанија за деца во исто време обезбедуваат интерактивност со понудените активности и задачи со што исполнуваат уште едно барање: активност, индивидуализација и диференцијација во воспитно-образовниот процес.

    Списанијата за деца со својата содржина, преку текстовите и илустрациите се значаен медиум во воспитно-образовниот процес затоа што децата: стекнуваат нови сознанија, го развиваат критичкото мислење, ги буди естетски чувства и доживувања, создаваат, креираат и творат , комуницираат, го богатат речникот, го развиваат говорот и културата на изразување, придонесуват за развој на емоционалната интелигенција.

    Ученикот е извор од мноштво креативно- творечки и книжевни способности, но битен елемент е иницирањето на децата да создадатат свои дела.

    Во тој контекст мотивираноста, насоките и поддршката на наставникот и училиштето се важни за да се развие љубов и да се поттикнат идеи за создавање на сопствено училишно списание и учениците да се стават во улога на автори, креативци, творци- создатели на трудови.

    За таа цел учителот е тој кој ќе мора сета своја просветителска дејност и способност да ја стави во служба на детското творештво.

    Години наназад во овој дух работаат и создаваат  свое училишно списание:
    ,, Сонце,,  учениците од III-те, IV-те и V-те одделенија од училиштето,, Братство- Миѓени- Тетово.

    Вознесот и успехот е взаемен со излегувањето на списанието и дистрибуирање до нивните другарчиња во училиштето.

    Креативноста на списание е од самите ученици. Поделено по рубрики: Учење, Помнење, Размисли и Реши, Занимливости, Интервју со наставници од училиштето, Предлози и Забелешки.

    За  издавање и средување и на училишното списание се грижат: учениците,  наставниот кадар, родителите и училиштето.

    Тромесечното списание секогаш е пропратено со промоција на истото. На чија што манифестација се поканети и гости од општината, месната заедница, други училишта и значајни личности од уметноста.

    Радоста кај децата е огромна,  затоа што се чувствува дека создале труд по кои ќе се помнат. Ваквите активности учениците ги прави да добијат сигурност,  решителност и да се развива сестраноста.

    Многу од учениците се издвојуваат по својата надареност и во одредена рубрика се себе наоѓаат и завземаат главна улога.

    Призорот на создавање на содржини за списанието е ,,ОДА НА РАДОСТ,, што секој треба сам да ја доживее.

    Училишното списание го делат самите ученици, чин кои исто така прави длабки кај секого во воспитно- образовниот процес.

    Учениците чии имиња се споменети во списанието се позитивни примери од кои произлегува и желбата кај учениците да се биде како своето другарче.

    Оттаму оваа негувана дарба нашето училиште го искажува на многу општински, регионални и државни натпревари по: Математика, Природни Науки, Литературни, Ликовни конкурси и Музички фестивали.

    ,,Сонце,, не прави во мислите да изобилува ведрина со надеж дека ќе дочекаме уште многу негови зданија.

    Славица Дабевска Ќировска

    наставник од Тетово