

Институтот за наука, алтернатива, култура и уметност постои веќе неколку години и веќе има успешно реализирано повеќе проекти. Одржани се над десет работилници со воспитувачи од градинките и наставници од основните училишта. Сите учесници добија сертификати за успешно завршени работилници, а предавачи беа истакнати универзитетски професори и други истакнати научници и стручњаци. Институтот реализираше неколку научни собири, а паралелно и истовремено се работи и на двата проекта: Литературата за деца и млади и Инклузијата на лицата со посебни потреби. Исто така, беа подготвени и завршени и неколку анкети за културата, уметноста, читањето и други и слични современи и актуелни теми кај нас.