Марина Мијаковска е родена во Скопје во 1984 година. Таа пишува поезија, проза, есеистика, литературна критика и научни трудови. Дипломирала и магистрирала на Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, на Катедрата за општа и компаративна книжевност при Филолошки факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Таа е доктор на филолошки науки. Во декември 2017 година на Филолошки факултет „Блаже Конески“ во Скопје ја одбранила докторската дисертација под насловот Écriture féminine и романот: Прилог кон феминистичката теорија на жанрот. Мијаковска од 2013 година е членка на Друштво на писателите на Македонија.
Мијаковска учествувала на многу меѓународни книжевни манифестации во земјава и во странство. Таа се стекнала со неколку книжевни награди во земјава и во странство: „Специјална награда за литературно творештво со високо уметничко ниво со ценети и трајни поетски вредности“ на „Поетски вечери во Корча“ (2012); „Караманов“ (2013); „Македонска книжевна авангарда“ (2013); „Крсте Чачански“ (2014); „Бели мугри“ (2015) и награда „Даница Ручигај“ при Друштво на писателите на Македонија (2019). Марина Мијаковска учествува на научни конференции, предава на работилници за креативно пишување.
Стихозбирки за возрасни:
-„Номадска душа“ (Скопје: Антолог, 2010);
-„Куфери“ (Скопје: Матица Македонска, 2013);
-„Психоаналитичка алхемија од страсти“ (Радовиш: Дом на културата „Ацо Караманов“, 2013);
-„Тиркиз во лето“ (Струга: Бран, 2015);
-„Постела на тишината“ (Скопје: Дом на култура „Кочо Рацин“, 2015);
-„Коскена“ (Скопје: Дијалог, 2019)
Стихозбирки за деца:
-„Новогодишни детски песни“ (Скопје: М. Мијаковска, 2017)
Книги со раскази:
-„Куќички“ (Струга: Бран, 2014)
Есеистички и научни книги:
-„Жанровски полимер: Сандаче од ракописи во обид“ (Дијалог, 2016);
-„Модели на родовата идентификација“ (Скопје: Сигмапрес, 2018)
-„Écriture féminine и романот: Прилог кон феминистичката теорија на жанрот“ (Скопје: ЦКС, 2020)
Аудио книги:
-„Психоаналитичка алхемија од страсти“ (Велес: Локална библиотека „Гоце Делчев“ од Велес и Брајовата библиотека „Рајко Пајдаков“ од Велес, 2018)