ЛИЛИ БОШЕВСКА
Д-р Лили Бошевска докторирала во 2013 година, на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ со докторската дисертација: Модел за стратегиско менаџирање за континуирано подобрување на успешноста на организацијата со користење на соодветни форми на комуникација и односи со јавноста.
Магистрирала во 2004 год на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј”, Скопје, Институт за социолошки и политичко- правни истражувања. Магистерска теза: “Моделирање на програма за базична обука на училишни директори, според потребните менаџерски компетенции”
Дипломирала во 1998 година како Професор на Педагошки факултет Чачак-Универзитет Крагуевац, а претходно во 1992 година на Технички факултет- Универзитет Битола.
Во областа на културата и уметноста, работела како новинар и уредник во Телевизија Орбис, а потоа професор и стручен соработник- библиотекар во ОУ „Св.Кирил и Методиј“ Битола. Креирала и реализирала бројни обуки и консултантство во образование и бизнис сфера, во повеќе релевантни проекти и институции (Фонд за развој на човечки ресурси- Скопје, Агенција за развој на претприемништво АППРМ-Скопје, УСАИД, Технички факултет-Битола, ФОН-Скопје, Факултет на Југоисточна Европа ЈИЕУ-Тетово, ИОМ-Скопје).
Од 2008-2016 година е директор на ОУ „Св. Кирил и Методиј“ Битола, a од 2016- 2017 директор на Национална установа- Универзитетска библиотека „Св. КлиментОхридски“ Битола.
Во моментов, професионално е ангажирана како стручен соработник- библиотекар во ОУ „Св. Кирил и Методиј“ Битола. Добитник е на Националната награда „Павлина Цунева Маказлиева“ за Најдобар библиотекар 2019 и Наградата за Библиотека на годината од Библиотекарското здружение на Македонија за 2018
Член е на Македонското научно друштво
Паралелно со сите професионални и животни активности и ангажмани, се занимава со литературно творештво, претежно поезија. Учествува на поетски фестивали во земјата и странство. Застапена е во повеќе домашни и меѓународни зборници, избори и антологии на поезија и проза.
Автор е на поетските збирки: „Сенки во љубовта“, „Исповеди и екстази“ и „Алхемија на вечната земја“, како и на едукативната книга за деца: „Од приказна до драматизација и театар на сенки: Кокиченце девојченце“
Покрај пишување на поезија, Бошевска е автор на голем број стручни и научни дела и трудови од областа на менаџмент, образование и библиотекарство:
- Бошевска, Л. (2004) Моделирање на базична обука на училишните директори според потребните менаџерски компетенции- Магистерски труд, Скопје:ИСППИ
- Петковски, К., Бошевска, Л. (2004) Утврдување на потребите за базична обука на училишните директори според менаџерските компетенции, Скопје: БРО
- Н. Несторовска, Л. Бошевска et. al. (2006) Промените-проблем или предизвик, Битола:АМР
- Бошевска, Л. (2008) Менаџмент во училница и потребни вештини на наставникот, Битола: ЕИРС
- Бошевска, Л.(2011) Стратегиското планирање како рамка за евалвација на ефикасноста и ефективноста на наставата, во Ефикасност и ефективност на наставата, Битола: СОУ Таки Даскало
- Бошевска, Л. (2012) Придонесот на стратегискиот менаџмент во малите и средните бизнис организации врз одржливата компаниска конкурентност, во Современите менаџерски предизвици и организациските науки, Битола: БАС Институт за менаџмент
- Бошевска, Л., Јолевски, И. (2013) Стратегиски менаџмент во малите и средни бизнис организации во Република Македонија, во Хоризонти, Битола: Универзитет Св. Климент Охридски
- Бошевска, Л. (2013) Модел за стратегиско менаџирање за континуирано подобрување на успешноста на бизнис организацијата со користење на соодветни форми на комуникација и односи со јавноста, Докторска дисертација, Битола: Технички факултет, Универзитет Св Климент Охридски
- Boshevska, L. (2011) Strategic Management in Business Organizations in the Republic of Macedonia through the Prism of Experts and Consultants, in Тhe Emerging Importance of Knowledge and Management Skills, Skopje:Cosmo,
- Boshevska, L. (2011) Hospitality Management and Strategic Analysis in Creating Businesses in Hospitality Industry, in Proceedings of Second Biennial International Scientific Congress “The Influence of Tourism on Economic Development”, Skopje: University of Tourism and Management
- Boshevska, L., Jolevski,I. (2012) Strategic Management in Business Organizations in the Republic of Macedonia, in Proceedings of VIII May conference of strategic management, Bor: Technical Faculty in Bor
- Boshevska, L., Jolevski,I. (2013) Analysis of Strategic Management in Small and Medium Business Organizations in Graphic Industry in Journal of Graphic Engineering and Design, Novi Sad: University of Novi Sad
- Бошевска, Л. (2016) Појдовни чекори на библиотечното водство, кон воведување на промени во библиотеката, во Библиотекарство, Скопје: Библиотекарско здружение на Македонија
- Boshevska, L. (2016) Sustainability is possible: The National Institution- University Library (NIUL) in Bitola as a leader of societal development. Paper presented at: IFLA WLIC 2016 – Columbus, OH – Connections. Collaboration. Community in Session 115 – National Information and Library Policy.
- Boshevska, L. (2017) Changing Condition in the School Library: How to Change the Librarian Role from Information Provider to Educator in “Education at the Crossroads- Conditions, Challenges, Solutions and Perspectives”, Bitola: Macedonian Science Society
- Бошевска, Л. (2020) Стручните компетенции на училишниот библиотекар, како рамка и можност за детектирање, делување и развивање на активности за поттикнување на читањето во училишната библиотека,во зборник трудови „Училишните библиотеки како императив во напредокот на цивилизацијата“, Битола: НУУБ „Св. Климент Охридски“
- Бошевска, Л. (2020) Улогата на училишните библиотеки во поттикнување, помагање и стимулација на активности за зачувување и негување на македонскиот фолклор и традиција кај младите, во зборник трудови: „Академски такт за фолклорот и етнологијата“во „Прилози“, Битола: Македонско научно друштво