Вања Ангелова

Вања Ангелова (Вања Христова Георгиева – Ангелова) е поет, преведувач, научник и лингвист.
Член e на Унијата на бугарските писатели (СБП), член e на Управата на Унијата на независните бугарски писатели и секретар за меѓународни односи (СНБП), член на Унијата на бугарските локални историчари, како и на други национални и меѓународни творечки соjузи, вклучително и Унијата на српските писатели (СКОР), Здружението за литература, култура и наука „Бран“ – Струга, на Движењето на светските поетеси „Donne e poesia“, на Движењето на светските поети „Pоеtas del Mundo“ (Сантяго, Чиле).
Почесен член е на Унијата на писатели на Ерменија, на Друштвото но писатели Битолски книжевен круг, на Друштвото на хрватските писатели, на Друштвото на балканските писатели, почесен академик на Националната академија на науките и уметностите на Чувашиjа (РФ), почесен работник на културата на Република Чувашија (РФ), полноправен член на ЧНАНУ, почесен академик на Чувашија (РФ).
Таа е автор на 80 книги со поезија и проза. Добитник е на многу национални и меѓународни награди. Член е на Меѓународното жири за поезија од Република Бугарија во Брисел, Белгија. Таа е почесен член на Националната униjа на писателите на Украина (НУПУ), како и носител на орденот на Света Ана III степен, и т.н.
Таа има докторат по лингвистичка историографија. Таа е професорка на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Велико Трново и е главен експерт на Меѓународниот оддел на Универзитетот.