Васил Петрески е основач и директор на Центарот за дизајн ТАКУМИ од Скопје.
Тој е дипломиран економист на Економскиот факултет во Скопје, каде сега ги завршува постдипломските студии на групата сметководство и ревизија.
Васил Петрески, покрај грижата за маркетингот на книгите и другите изданија од Издавачката куќа Феникс, активно се занимава со компјутерска подготовка и дизајн.
За неговите ликовни и графички решенија на книгите и другите изданија на Феникс, добитник е на прва награда за најдобар дизајн на книга и прва награда за најдобар дизајн на едиција на Меѓународниот саем на книгата во Скопје.
Исто така, Васил Петрески е активно вклучен во меѓународната соработка на Издавачката куќа Феникс, подготовката и реализацијата на едицијата Меридијани, каде се објавуваат книги и други изданија од странски автори на македонски јазик.