Skip to main content

Улогата и значењето  на сликовниците,прирачниците, визуелните   

                                   помагала и аудиовидео средствата

 

Образованието зависи од квалитетно изработените наставни програми, добро едуцираниот наставен кадар и соодветните просторни услови, вклучувајќи ги тука и опремата и наставните средства.

За успешната организација и  реализација на воспитно-образовниот процес  важно е наставникот во својата работа да користи различни сликовници, прирачници,визуелни помагала и аудио-видео средства.

 

Целта, односно улогата на сликовницата и  аудио-визуелните апликативни дидактички помагала е да му помогне на детето да  го открие светот на пишаниот збор.

Сликовницата и аудио-визуелните апликативни дидактички помагала го развива когнитивниот свет на детето, предизвикува емоции, богат вокабулар, ја задоволува потребата на детето за нешто ново.

Преку сликовницата и аудио-визуелните апликативни дидактички помагала детето учи за светот околу него, феномените и односите за човекот и животната средина на соодветен начин.

Наведените средства  развиваат можност за паметење и меморирање на логички односи и унапредување на когнитивниот развој на детето. Сликовницата и аудио-визуелните апликативни дидактички помагала ги развива мисловните процеси, вклучително и способноста за решавање на проблеми и донесување одлуки. Овие процеси се битни затоа што тие го конструираат внатрешниот свет на детето преку кој детето го доживува и интерпретира светот, ги создава односите со луѓето, околината и природата.

Психо-социјалниот развој е подобар и поусовршен колку повеќе детето е изложено на литература од рана возраст. Емотивната интелигенција и степенот на емпатија се повисоки кај деца кои од мали нозе се изложени на книги кои се богати со настани, екстерен дијалог или внатрешна борба на ликовите околу секакви морални и етички дилеми. Доброто и лошото, како универзални концепти со кои се соочува човекот уште од самото постоење, се проткајуваат во детскиот литературен израз и му овозможуваат на детето да развие јасна слика за неопходноста од разбирањето на овие концепти и да му овозможи неговото лично воздигнување – стекнување доблест, добрина и морална возвишеност.

Функцијата и улогата на сликовницата, аудио-визуелните апликативни дидактички помагала е, исто така, да овозможи информативно образование затоа што детето преку сликовницата и аудио-визуелните апликативни дидактички помагала добива одговори на многу прашања и решенија за најразлични проблеми, детето учи дека книгата е извор на знаење и постепено развива способност за анализа, синтеза, споредба, генерализација и будење на апстрактни концепти.

Децата  од сликовницата и аудио-визуелните апликативни дидактички помагала можат да видат различни обичаи, култура, религија и да разговараат со родителите за тоа. Сликовниците и аудио-визуелните апликативни дидактички помагала отвораат свет на нови знаења и со тоа му овозможуваат на детето да биде потолерантно кон различностите и да ги прифати културните разлики, да се воздигне над сопствената култура и традиција без да ги отфрли – значи да го интегрира разбирањето на светот преку сопствените култура, религија, обичаи или норми.

Естетиката, исто така, игра голема улога во сликовницата и аудио-визуелните апликативни дидактички помагала Гледајќи ги сликите во сликовницата и аудио-визуелните апликативни дидактички помагала детето развива чувство на убавина што буди емоции кај него кои го поттикнуваат естетското доживање, затоа сликовницата значително влијае на вкусот на детето од рана возраст.

Навикнувајќи го детето да ја користи книгата аудио-визуелните апликативни дидактички помагала уште од рана возраст, развива потреба за книга, им дава на децата можност да го видат светот преку очите на уметникот и со тоа да развијат способност за критичност, самокртитичност и доживување на настаните преку изразот на другиот, т.е. уметникот.

Детето со книгата и аудио-визуелните апликативни дидактички помагала учи дека треба да игра и да се  забавува, а не да се нервира и досадува. Аудиовизуелната комуникација е продуктивна форма на комуникација.

Теоретски и практично е докажано дека примената  на аудио-визуелните апликативни дидактички помагала  имаат позитивен исход кај децата.

Нивната примена кај децата  го развива когнитивниот свет, предизвикува емоции,ја зголемува љуботноста на детето да истражува.

 

Дипломиран професор по одд.настава:

Весна Бошковска

ООО,,Кирил Пејчиновиќ,, – Скопје