Категорија: Проекти

  • ПОСЕБНОСТА И СПОСОБНОСТА НА ИНДИВИДУИТЕ

    ПОСЕБНОСТА И СПОСОБНОСТА НА ИНДИВИДУИТЕ

    ПОСЕБНОСТА И СПОСОБНОСТА НА ИНДИВИДУИТЕ

     

    Секоја индивидуа е личност.

    Како и растенијата – има право да расне, да се развива, негува, напредува и усовршува.

    Секој поединец е дел од колективот и сите имаат свое место, право, иднина, улога и значење во

    човековата заедница.

    Единствено така треба да се гледа и на лицата со посебни потреби, кои многу често знаат, умеат и можат да се надминат и самите себеси, па да постигнат врвни, вонсериски, светски резултати.

  • Е – ИНКЛУЗИЈА

    Е – ИНКЛУЗИЈА

    Е – ИНКЛУЗИЈА

     

     

    Знаењата и искуствата за инклузијата треба и мора да бидат, исто така, подеднакво достапни за сите.

    За таа цел, и онлајн комуникацијата, односно интернетот, фејсбук страниците и зум платформата се чекор напред во образовната и социјалната инклузија.

    Електронските можности се најразновидни и неисцрпни, па тие се веќе своина, моќ и пракса на се поголем број приврзаници и корисници.

     

  • ПРЕЗЕМЕНИ МЕРКИ И ПОДОБРУВАЊА ВО УЧИЛИШТАТА

    ПРЕЗЕМЕНИ МЕРКИ И ПОДОБРУВАЊА ВО УЧИЛИШТАТА

    ПРЕЗЕМЕНИ МЕРКИ И ПОДОБРУВАЊА ВО УЧИЛИШТАТА

     

    1. Прилагодување на пристапните комуникациски патеки и рампи
    2. Прилагодување на методите за работа со учениците со посебни потреби
    3. Прилагодувавање на материјалите за работа
    4. Обезбедување визуелни помагала, филмови, шеми, графикони, ликовни илустрации и графички прикази
    5. Што повеќе слики, постери, големи букви, шарени хартии, пластелин, дрвени предмети…

     

     

  • НАЈГОЛЕМИ ПОТЕШКОТИИ ПРИ СПРОВЕДУВАЊЕТО НА ИНКЛУЗИЈАТА

    НАЈГОЛЕМИ ПОТЕШКОТИИ ПРИ СПРОВЕДУВАЊЕТО НА ИНКЛУЗИЈАТА

    НАЈГОЛЕМИ ПОТЕШКОТИИ ПРИ СПРОВЕДУВАЊЕТО НА ИНКЛУЗИЈАТА

     

    1. Големиот број ученици во одделението
    2. Недоволната обученост и нестручноста на наставниците поради неблаговремената и недоволна едукација
    3. Немотивираноста и предрасудите на наставниците
    4. Недостигот од поддршка на стручни лица кои би можеле да помогнат во реализацијата на инклузивната настава
    5. Недостигот од технички средства, дидактички материјали, литература и информации за учениците со посебни потреби
    6. Непостоењето соработка или недоволната соработка со родителите

     

  • НАДМИНУВАЊЕ НА ПОСТОЕЧКИТЕ ПРОБЛЕМИ ВО УЧИЛИШТАТА

    НАДМИНУВАЊЕ НА ПОСТОЕЧКИТЕ ПРОБЛЕМИ ВО УЧИЛИШТАТА

    НАДМИНУВАЊЕ НА ПОСТОЕЧКИТЕ ПРОБЛЕМИ ВО УЧИЛИШТАТА

     

    1. Намалување на бројот на учениците во одделението
    2. Обезбедување финансиски и технички услови за реализација на инклузивното образование
    3. Вклучување стручни лица за работа во инклузивната настава и адекватна и сеопфатна обука на наставниците
    4. Подобра и поефикасна соработка со родителите

     

  • ПРИЛАГОДУВАЊЕТО НА УЧИЛИШТАТА

    ПРИЛАГОДУВАЊЕТО НА УЧИЛИШТАТА

    ПРИЛАГОДУВАЊЕТО НА УЧИЛИШТАТА

     

    Во процесот на инклузијата училиштата треба да се прилагодат, приспособат и оспособат за учениците со посебни потреби.

    Тоа подразбира темелни и суштински промени во организацијата и структурата на секоја училишна установа.

     

  • ПРОБЛЕМИ И ПОТЕШКОТИИ ВО УЧИЛИШТАТА

    ПРОБЛЕМИ И ПОТЕШКОТИИ ВО УЧИЛИШТАТА

    ПРОБЛЕМИ И ПОТЕШКОТИИ ВО УЧИЛИШТАТА

    1. Предрасуди и отпор на вработените
    2. Неподготвеност и незнаење за работа со учениците со посебни потреби
    3. Немотивираност за работат со учениците со посебни потреби
    4. Нерасполагање со повеќе информации за учениците со посебни потреби
    5. Проблем на компетенции за работа со учениците со посебни потреби
    6. Дилеми во врска со оценувањето според Индивидуалниот образовен план (ИОП)
    7. Страв дека на учениците нема да им биде дадена адекватна поддршка
    8. Недоволна примена на досегашните стекнати знаења за инклузивното образование
    9. Надминување на проблемите со стручно усовршување и доследна примена на законите за воведување на инклузијата
    10. Запознавање на вработените со примерите на добра пракса во училиштата и надвор од нив
  • ИЗРАБОТКА НА ИНДИВИДУАЛНИОТ ОБРАЗОВЕН ПЛАН (ИОП)

    ИЗРАБОТКА НА ИНДИВИДУАЛНИОТ ОБРАЗОВЕН ПЛАН (ИОП)

    ИЗРАБОТКА НА ИНДИВИДУАЛНИОТ ОБРАЗОВЕН ПЛАН (ИОП)

    1. Овој план се изработува за учениците на кои им е потребна дополнителна поддршка во образованието
    2. Образовно-воспитната установа ги отстранува физичките, но и комуникациски бариери
    3. Целта на индивидуалниот образовен план е постигнување оптимално вклучување во редовниот образовно-воспитен процес
    4. Осамостојување во колективот на врсниците
    5. Учениците со исклучителни способности, исто така, имаат право на индивидуален образовен план
  • ПРВИ И НЕОПХОДНИ ЧЕКОРИ ВО ИНДИВИДУАЛИЗАЦИЈАТА

    ПРВИ И НЕОПХОДНИ ЧЕКОРИ ВО ИНДИВИДУАЛИЗАЦИЈАТА

    ПРВИ И НЕОПХОДНИ ЧЕКОРИ ВО ИНДИВИДУАЛИЗАЦИЈАТА

    1. Најпрвин треба да се соберат сите потребни информации за секој ученик поодделно
    2. Изработка на образовен и педагошки план за ученикот
    3. Определување на подрачјата за дополнителна поддршка на учениците
    4. Планирање на мерките и начините за индивидуализација
    5. Прилагодување на просторот и условите за одвивање на активностите
    6. Прилагодување на методите за работа, наставните средства и помагала и дидактичките материјали
    7. Воведување нови содржини и начини на поставување на задачите и прашањата
    8. Следење на брзината и темпото на совладување и напредување
    9. Следење на начините за усвојување на содржините и проверка на знаењата
    10. Организирање на учењето и поставување правила на однесување и комуникација со и на ученикот
  • Untitled post 1552

    ИНДИВИДУАЛИЗАЦИЈА НА УЧЕЊЕ НА СОЦИЈАЛНИТЕ ВЕШТИНИ

    1. Вклучување на учениците во групата
    2. Начини и грижа да го прифатат учениците и родителите на другите деца
    3. Вклучување во самостојна работа на ученикот
    4. Зголемување на индивидуалното внимание и концентрација на ученикот за време на часовите
    5. Ученикот да пишува и чита, а не само да слуша
    6. Вклучување во животот и работата на училиштето
    7. Активности за време на големиот одмор во дворот на училиштето
    8. Соработка и помош на другите ученици-врсници со ученикот
    9. Адаптација на ученикот на на училишните правила
    10. Доверба и љубов меѓу наставникот и ученикот, но меѓу самите ученици