Категорија: Зборници

  • Аида Петровска: Колку сме подготвени за инклузија во основните училишта

    Колку сме подготвени за инклузија во основните училишта

     

     

    Апстракт :
    Трудот укажува на потребата од додатна едукација  на наставниците од областа на развојни пореметувања кај децата за да бидеме повешти и со поголема самодоверба во работа со вакви дечиња. Да изнајдеме ефективни техники и стратегии за да им помогнеме на колегите, учениците и нивните семејства да постигнат позитивни резултати во училиште и дома. Знаеме дека тотална инклузија е невозможна дури и во развиени земји. Таа е тешка за изведување  затоа што бара посебни услови, ангажирања и поголеми финансиски средства од тие што денес ги вложуваме во образованието. Имаме потреба од добро решение, во кое нема да се има дискриминација и каде треба да се земат во предвид сите лица со потешкотии во развој.

     

     

    Клучни зборови:  инклузија, пристапно образование, едукација на наставници, учење од дома.

     

    Како до сега, така и сега, малку или воопшто не се прашуваме за решение за инклузија во нашиот образовен систем. Во 2019 година во нашето собрание имаше расправа на истата тема  но за жал без присуство на ниту еден наставник. Сега затекнати со пандемија  повторно сме препуштени сами на себе да пронајдеме приод кон учениците  со посебни (образовни) потреби. Само се зборува како е потребна унифицираност, иста можност за сите, но,
    делата не ги поткрепуваат зборовите.

    Др. Миле Илиќ за инлкузивни училишта вели: [1] „Инклузивно е она училиште која опфаќа  и го вклучува постојано секој ученик со пречки во учењето а и сите останати ученици во сите видови на воспитно – образовните активности во наставата, воннаставните активности, општествено – корисните активности, културно – јавните активности според индивидуалните потенцијали (когнитивни, конативни, афективни, психомоторни) и со максимално очекуваните исходи од учењето, креирањето и поучувањето”

    Гледано од мој агол, општествените установи  и  училиштето ги доживувам како установи со развојни потешкотии. Постојат неразумни и реални пречки кои никогаш на никого не му биле приоритет, секој ги заобиколува, дури се создава чувство дека се прават да се поголеми и понесовладиви за оние кои треба да се справат со нив. Дали сме се запрашале какви ни се приодите до училишните згради ?  Дали  училниците  се достапни за сите ученици ?
    Дали има нагледност за дечиња со пречки во развојот ?  Дали имаме унифицирани планови и програми ?  Дали наставничкиот кадар е доволно едуциран за работа со деца  со пречки во развојот или се исклучиво за ученици без пречки ?

    Многу прашања а нема одговори. Сите во своите годишни планови и програми имаме додадено  ПОП (посебни образовни потреби). Да не заборавиме дека во ПОП спаѓаат и надпросечни, талентирани ученици за кои ретко кој се грижи, каде се претопуваат во просечноста, губејќи ја желбата да се самопронајдат и/или унапредат.

     

     

    Во оваа нова Ковид-19 образовна клима, имаме повеќе ученици и семејства на кои им е потребна поддршка и помош од сите аспекти. Наеднаш скоро сите се најдовме во светот на попреченост, технолошки хендикеп (немање опрема), интернет, основни технолошки вештини и компјутерска неписменост.  Изолацијата  се  доживува како  траума во која  останавме без способност за поучување на ученици. Не ни остана ништо освен приспособување, адаптација и брза рехабилитација на сите чинители на образовниот систем. Свесни за состојбата сите си помогавме едни на други и си учевме едни од други. Титулите ни изгубија вредност и тежина, знаењето дојде во прв план а умеењето и вештината  стана единствениот излез од оваа ситуација.  Мораше да се санира сопствениот хендикеп, да се доближиме до нашите ученици

    и да видиме со какви проблеми се среќаваат за да се изнајде ефективна стратегија и техника за помош и  да се постигне позитивен резултат во училиштето и дома. Сметам дека ова е можност да се вклучиме во многу важна мисија да го промениме начинот на размислување , учење  и поучување. Наставата од дома даде солидни резултати за сите ученици што ја следат,
    дури позитивно се покажа кај интровертните ученици кои на физичките предавања секогаш беа со резерва кон часот, односно, сега се поопуштени и имаат актвивен пристап на online часовите. Новите критериуми за следење и оценување исто така се покажаат позитивно,

    придонесуваат полесно да се прифати овој начин на работа и соработка помеѓу учениците, наставниците и родителите. Практичната работа, од идеја до реализација и учење преку грешки на одредени ученици им  влева самодоверба каде се поистрајни во работата и не се откажуваат. Учениците со оштетен слух и говор имаат можност визуелно да се искажуваат и да учат, додека оние со оштетен вид имаат можност со видео запис да се искажуваат и да учат. Исто така овој вид на едукација е најпогоден за лицата со потешкотии во движењето,

    наместо да одат на училиште, училиштето им  доаѓа дома. Без разлика за каква посебна образовна потреба се работи (и во вакви услови), овие ученици имаат потреба од помош

    па неопходно е потреба од присуство и соработка со родител, односно старател.

    Инклузијата не започнува од училиштето, ниту по училиштето.
    Инклузија е оспособување за самостоен живот на лицата со потешкотии во развојот.
    Ретки се дечиња со развојни потешкотии кои одат во предучилишни установи, тоа е поради прекубројноста во групите во кои треба да престојуваат. Поради недоволно внимание тие остануваат неподготвени и тешко се вклопуваат и во училишната средина.

     

    Секоја држава треба да води сметка за опременоста на училиштата и за обученоста на наставниот кадар. Како во секоја професија, без алат – нема занает а кога се во прашање децата, потребна е и тимска работа. Сите училишта треба да поседуваат тимови кои ќе работат во полза на децата со развојни потешкотии (наставник, родител, психолог, педагог, дефектолог, директор) и ќе ги задоволуваат сите потреби кои ги имаат децата со развојни потешкотии. Најчесто наставниот кадар во Македонија се обучува во еднодневни 8 часовни семинари и повеќето немаат посетено некое училиште со тотална инклузија каде би стекнале некакво кратко искуство за тоа како се постапува со ученици со развојни потешкотии. Сепак постојат наставници ентузијасти кои изработуваат посебни програми за учениците со посебни образовни потреби, но, уште се во дилема како да ги оценуваат, како да ги изработат тестовите на знаење, кој метод (и дали има) е најпогоден за некое пореметување и многу др. прашања на кои тешко се доаѓа до одговор без квалитетна едукација на наставниците а и на родителите.

     

    Не треба да ги запоставуваме ниту надарените ученици бидејќи и тие имаат свои посебни образовни потреби. Како што вели Јања Шкода во Идентификација на надарени ученици во основните училишта [3] „Надареност може да се набљудува од две перспективи: продуктивна надареност која е резултат на работа на поединецот преку која постигнал натпросечни достигнувања; потенцијална надареност која се темели на потенцијал и предиспозиција кои со соодветно образование и воспитување се развиваат до надпросечен степен.”

    Без разлика дали се работи за продуктивна или потенцијална надареност и двата вида  на надареност се погодни и се предизвик да се негуваат и подржуваат со настава на далечина.

    Ние наставниците, локалната заедница и држава имаме примарна задача да обезбедиме здрав, сигурен и пријатен престој на сите деца во градинките, во основните и средните училишта како и на факултетите, а кога ќе се најдеме како во сегашнава состојба,

    наставата треба да се одвива од далечина, неопходно е на сите ученици да им се обезбеди соодветна технологија, бесплатен интернет и многу електронски бесплатни ресурси кои  ќе го задоволат љубопитството на секое дете без разлика на неговата потреба. Инклузивноста  претставува  комплексна  определба  која  произлегува  од  суштината  на конвенцијата  за  правата  на  детето,  секое  дете  да  добие  еднакви  шанси  во  развојот  и можност да е рамноправен член на заедницата. Во Конвенцијата за правата на лицата со попреченост, правото на образование е прецизирано и поврзано како со создавањето услови  за  рамноправно  практикување  на  правата  на  лицата  со  попреченост,  така  и  со разбирањето на образованието во неговиот континуитет и траење во текот на целиот живот.

     

     

     

    Литература:

    1. Инклузивна настава, др Миле Илиќ, Ффилозофски факултет, Сараево 2009
    2. Идентификација на надарени ученици во основно училиште, Јања Шкода – ментор – др.сц.Анте Колак, доц – Свеучилиште у Загребу Филозофски факултет одсјек за педагогију, 2015
    3. Максимовиќ, Петровиќ, Османовиќ: Професионалне компентенције будуќих педагога, Филозофски факултет Универзитета у Нишу,2015

     

     

    Аида Петровска

    ООУ “Димитар Миладинов”, Скопје

     

     

     

     

     

     

     

     

     

  • Виолета Петковска: Неколку приоди за поефикасни часови по македонски јазик

    Неколку приоди за поефикасни часови по македонски јазик

     

     

     

    Во едно современо општество во зависност од степенот на културниот развој, од свеста, од културно-образовното наследство, од материјално-економската сила, од основната филозофска, социолошка и внатрешна политичка ориентација, произлегува општествениот карактер на наставата. Со развојот на гореспоменатите критериуми неминовно е да има и промена и развој на квалитетот на наставата. Наставата треба да се интензивира, хуманизира,актуелизира, модернизира.

    Современата методика за наставата по македонски јазик познава повеќе постапки кои се применуваат при мотивирањето на учениците.

     

    Преку системот на проблемско-творечка настава се изразуваат помодерните тенденции во методиката на наставата. Овде на преден план се ставени креативните можности на учениците. Тие се подготвуваат за самостојно разрешување на одделни проблеми во врска со одбраниот текст (расказ). из интерпретацијата расказот треба да се доживее, а потоа и да се анализира. Анализата на расказот треба да обезбеди допир на ученикот до сите можни содржински аспекти при неговото расчленување: тематски, идејно-естетски и етички. При тоа не смеат да се испуштат од вид и формалните аспекти: композициски и јазично-стилски. На тој начин ќе го достигне нивото на суштинска наставна анализа.

     

    Во почетокот на учебната година се проверуваат интересите на учениците.За таа намена обично се применува анкета,врз основа на која се запознаваат интересите на учениците за одредена тема и одредени видови раскази.

    Враз основа на покажаните интереси,наставникот им предлага на учениците раскази за самостојно читање дома.

    Мотивирање на учениците се постигнува со интерпретативно читање на одбран дел-фрагмент. За ваква постапка обично се одбира највозбудливиот дел,кој ќе ги поттикне учениците на размислување. Како поттик може да послужат илустрации,слушање музички дела инспирирани од одделен расказ, слушајќи радиоемисии или гледајќи телевизиски емисии посветени на литературни годишнини на одредени писатели,изложби на книги од училишната, градската библиотека.Таков поттик може да се предизвика и со литературен натпреваар. Во училиштето се организира квиз посветен на одредена тема. Учениците се пријавуваат за учество на квизот врз пропозициите на натпреварот. Натпреварот ги предвидува расказите што треба да се прочитаат и начинот на изведување на квизот.Во организирање на квизот може да учествуваат одбрани ученици. Распишување на натпревар за најуспешен приказ на определен расказ,исто така може да се применува како поттик за читање.

    Мотивирање на учениците за читање на расказ се постигнува и со поставување на прашања и задачи на кои учениците можат да одговараат. Прашањата и задачите можат да бидат насочени кон проверување на степенот на доживеаноста и разбирањето на текстот. Со успешна интерпретација и анализа на расказот на часот се остваруваат современите цели на наставата. На тој начин се изградува активен и сензибилен ученик,кој ги доживува литературните пораки и ја разбира нивната смисла.

    Проверување на разбирањето на текстот со примена на наставни ливчиња  со ИКТ технологија за самостојна работа на учениците овозможува мерење на продуктивноста на одржаниот час. Така, на пример,ако 80 % од учениците одговориле на сите или на поголем број прашања,тоа,значи дека часот бил квалитетно ораганизиран и рационално изведен. А, ако помал број ученици одговориле на поголем број прашања,тоа значи дека часот не бил доволно оптимален.

    – Со овој начин на проверување учениците се ставаат во положба на ментална подготвеност,тие се поактивни,бидејќи се свесни дека секој од нив самостојно ќе ги одговара прашањата;

    – Со вакво проверување може да се мери вредноста на извесни наставни облици и средства и да се врши потребната компарација на часовите со различна организација;

    – Исто така, се овозможува континуирано следење на напредокот на учениците и се зголемува метриската вредност на оценката,односно се зголемува објективноста при оценувањето;

    – Наставникот може да им даде целосни информации на родителите за активноста на ученикот на часот.

    Широката примена и прифатеноста на проектот„Со читање и пишување до критичко мислење“што го презентира американското здружение во соработка со универзитетот во Северна Ајова од САД, се нуди широка лепеза на приоди ,кооперативно учење, дебатни техники за читање и пишување,графичко прикажувањево различни делови од часот. Практичарите се задоволни од примената и ефектите, лесно се прифатливи,применливи и интересни,водат кон кооперативна,тимска работа,даваат солидни резултатите што долго се паметат.

     

    Современа настава бара креативни приоди во сите фази од припрема, организација,реализација, валоризација па до апликација – практична примена на знаења, умеења,навики во современиот секојдневен живот. Очигледна е потреба за откривање нови приоди,за проверување хипотези,со насоки за користење интерактивно со други , самостојно барање одговори на откривачко-истражувачки методи за поквалитетна настава.

     

    Литература;

     

    Чедомир Поповиќ

    „Методика на наставата по мајчин јазикза основните училишта“/Просветно дело,1967 г. Скопје;

    м-р. Ленка Гогоска

    „Дидактика“/Ѕвезда,1995г. Скопје:

     

     

    Подготвила:

                                                                 Виолета Петковска

                                                                 Професор во одделенска настава

                                                                 ОУ Кочо Рацин – Охрид

  • Јадранка Клисарова: Улогата и значењето на списанијата, прирачниците и другите визуелни, аудио и видео изданија и материјали во воспитно образовниот процес

    Улогата и значењето на списанијата, прирачниците и другите визуелни, аудио и видео изданија и материјали во воспитно образовниот процес

     

     

    Резиме: Улогата и значењето на списанијата, прирачниците и другите визуелни, аудио и видео изданија и материјали во воспитно образовниот процес е многу голема затоа што го развива когнитивниот развој кај децата, говорот го издига на повисоко ниво, интелектуалните способности, помага во емоционална и социјална развиеност на еден забавен и не наметлив начин, воедно ја развива и креативноста на учениците.

     

    Клучни зборови: списанија, прирачници, визуелни, аудио, видео изданија, ученици, воспитание, образование.

     

    Улогата и значењето  на списанијата

     

    Како одделенски наставник би сакала да го споделам своето искуство за улогата и значењето на детските списанија. Детските списанија  секојдневно  се достапни на полиците на многу книжарници, киосци или маркети. Тие со своите шарени страници се предизвик за љубопитното детско око. Кај нас најчесто се користат следните детски списанија: „Смешко“, „Месечко“, „Росица“, „ Другарче“, „Развигор“,„Мини ЛИБИ“ , „Либи“  „Наш свет“…

    Како наставник  имам цел да  образувам ученици со развиено критичко размислување и практична примена на стекнатите знаења, а тука ни помагаат и детските списанија. Децата уште од најмала возраст другаруваат со некое од детските списанија, а потоа продолжуваме и ние со учениците на возраст од 6 до 11 години.

    Детските списанија  имаат значајно место и улога во процес на воспитание и образование (детски градинки, училишта) и семејството.

     

    Детските списанија се богати со страници за:

    • едукација (текстови, песни, научни текстови, драмски текстови, изразување и творење, јазично катче)
    • содржини со странски јазик
    • математички страници
    • забавен дел ( боење, поврзување на поими или предмети, лавиринти,          крстозбори)
    • креативен дел (објавување на ликовни и литературни дела од ученици).

    Детските списанија се дел од подрачјето Медиумска култура по македонски јазик и учениците од одделенска настава се обврзани да се запознаат со нив. Затоа наша цел е учениците да ги запознаеме со детските списанија, да ги мотивираме да ги читаат.

    Јас како наставник редовно го користам списанието во наставата бидејќи преку нив учениците го богатат речникот, многу често им задавам задача од списанието (да прераскажат текст, да научат песна наизуст) ги драматизираме  драмските текстови  и тие ни се веќе подготвени точки за училишните приредби или пак гостување на тв – емисии.  Детските списанија имаат многу важна улога во образувањето на децата, во утврдувањето на стекнатото знаење на училиште, но и негово проширување на позабавен начин. Меѓудругото, списанијата постојат и за да ја задоволат желбата за љубопитство на децата, што е море без дно, а ја поттикнуваат и љубовта кон читањето книги.

    Списанијата за деца со својата содржина, преку текстовите и илустрациите се значаен медиум во воспитно – образовниот процес затоа што децата:

    • стекнуваат нови сознанија
    • го развиваат критичкото мислење
    • ги будат естетските чувства и доживувања
    • создаваат, креираат и творат
    • комуницираат
    • го богатат речникот, го развиваат говорот и културата на изразување
    • ја развиваат емоционалната интелигенција
    • ја поттикнуваат својата интерактивност.

     

    И за крај да не заборавиме ,,Децата се цвеќето, а ние…ние сме градинари кои го негуваат тоа цвеќе!“.

    Прирачници

     

    За успешна реализација на целите и задачите во наставата во училиштата, неопходен и важен  фактор се прирачниците за наставници и дополнителната литература. Прирачниците претставуваат дидактичко методички  обликувана  содржина, која му помага на наставникот за правилна реализација на образовно-наставната работа. Во истите се земени во предвид најзначајните педагошко, психолошки и методички принципи. Тие претставуваат „дидактички инструменти“ на наставникот  за неговата работа: анализа на некои непознати, значајни, ретки и специфични податоци, информации и факти во наставниот процес, го збогатуваат сознајниот  процес, знаењата ги прават побогати, појасни, поконкретни, поцелосни. Тие се употребуваат во сите нивоа на образованието и воспитанието како извор и помош во процесот на сознавање на сите наставни предмети.

    Прирачниците за ученици се од друг вид, тие им помагаат на учениците полесно да ги совладаат целите или да ги прошират знаењата. Постојат повеќе прирачници (дополнителна литература) за ученици: „Боенки“, „Збирки задачи“, „Работни тетратки за лектира“, „Тетратката со елементи за пишување“, „Тетратката за убаво пишување КРАСНОПИС“ и многу други. Сите заедно имаат за цел да ги подобрат графо-моторните способности, негување на  вештината за убаво пишување и развивање на емоционалната интелигенција.

     

    Со користење на прирачници за ученици, се постигнуваат повеќе образовни цели. Со нивната употреба се остварува принципот на очигледност и се постигнува поголем интерес кај учениците. Се остварува поголемо внимание и мисловни активности кај учениците, се врши побрзо и полесно пренесување на информациите, што придонесува за постигнување на подобар успех. Основните функции на прирачниците се: постигнување на очигледност, поттикнување на интензивирање на учењето и развојот на мисловните способности.

     

    Визуелни средства

     

    Од најмала возраст децата учат преку визуелни средства. Тие имаат потреба да видат и да допрат определен предмет, за подобро да го осознаат или е потребна соодветна слика или видео материјал. Истиот процес на учење и осознавање на нови работи кај училишните деца не може да се замисли без визуелни средства. Ако на учениците на часовите им се објаснува преку нагледни – визуелни средства, тогаш им е многу поинтересно и позабавно на час и на тој начин полесно ја совладуваат материјата. Децата се љубопитни и сакаат сѐ да допрат, да измерат, да проценат и да споредат. Новиот начин на едукација бара многу повеќе практична работа или истражување. Така произлегуваа и поголема потреба од примена на многу визуелни средства.

    Под визуелни средства, спаѓа сето она што може да се види, да се допре, да се измери или спореди, или да се истражува. Во визуелни средства спаѓаат: плакати, сликовници, слики, модели, апликации, разни дијаграми, слајдови, предмети кои имаат определена намена.

    Со примена на визуелни средства во образованието придонесуваме да се појави поголем интерес и интеракција кај учениците и постигнување на целите на часот. Визуелните средства се  посредници меѓу ученикот и надворешниот свет. Тие ја олеснуваат работата на наставникот и учениците, воедно претставуваат посредник меѓу наставните содржини, ученикот и наставникот. Преку интеракција меѓу наставникот како организатор на наставниот процес и ученикот како субјект во наставата, може да се постигнат резултати кои не се однесуваат само на знаења и вештини, туку и способност за формирање на ставови кај учениците.

     

                                                              Аудио и видео изданија

     

    Во наставниот процес не е доволно само визуелни средства, се појавува потреба за аудио и видео изданија. Со развојот на технологијата се појавуваа потребата од примена на аудио и видео материјали. Со постојаниот развој на технологијата се појавија и многу аудио и видео изданија, кои се користат како наставни средства во наставата. Секое  училиште поседува аудио и видео уреди (музички систем, телевизор, компјутер, проектор, паметна табла). Аудио наставни средства се применуваат за слушање музика, радио емисии.

    За да наставата биде поефикасна се применуваат нови мултимедијални наставни материјали, кои ги задоволуваат современите дидактички и методолошки принципи за реализација на наставата. Преку примена на нови мултимедијални наставни материјали учениците стекнуваат поголеми вештини и знаења. Но, сепак сета примена на нови аудио и видео наставни материјали зависи од  самиот наставник. На часовите по музичко образование или друг наставен предмет, не може да се замисли без користење на аудио записи, а многу често и на видео изданија. Наставниците многу често за реализација на наставната програма користат самостојно изработени презентации или  готови  аудио – видео наставни единици од образовен портал-ЕДУИНО.

    Аудио визуелни изданија, претставуваат нагледни средства со кои се постигнуваат повеќе образовни цели. Со нивната употреба се остварува принципот на очигледност и се постигнува поголем интерес кај учениците. Се остварува поголемо внимание и мисловни активности кај учениците, се врши побрзо и полесно пренесување на информациите, што придонесува за постигнување на подобар успех. Основните функции на аудио визуелните изданија е да  се постигне очигледност, поттикнување на интензивирање на учењето и развојот на мисловните способности.

     

    Заклучок: Со примена на списанија, прирачници и други визуелни, аудио и видео изданија и материјали во воспитно образовниот процес се допринесува за: полесно совладување на некои поими (прилагодени на возраста и интересите на учениците), модернизација на формите и методите во наставата, развивање на истражувачки способности, решавање на проблеми, развивање на креативноста, поттикнување на самостојноста и практична примена на стекнатите знаења. Затоа слободно можеме да кажеме дека голема е улогата и значењето на списанијата, прирачниците и другите визуелни, аудио и видео изданија и материјали во воспитно образовниот процес

     

     

    Учесник: Јадранка Клисарова – ООУ „Блаже Конески“ – Скопје, Република Северна Македонија     маил: jadrankaklisarova@gmail.com

     

  • Елизабета Јанева: Улогата и значењето на списанијата, прирачниците и другите визуелни, аудио и видео изданија и материјали во воспитно-образовниот процес

    Улогата и значењето на списанијата, прирачниците и другите визуелни, аудио и видео изданија и материјали во воспитно-образовниот процес

     

    Апстракт: Овој напишан текст ќе послужи одблиску да се претстави значењето и незаменливата улога на списанијата, прирачниците и други аудио-визуелни средства, за воспитувањето и образованието на децата. Во не многу далечното минато,  општоприфатен начин на учење и подобрување на воспитувањето, беше користење на овие средства во наставата и надвор од неа. Но денешниот модерен развој на општеството и забрзаниот процес на технолошки иновации, нуди други можности за пристап до децата уште од нивното раѓање. Модерниот телефон, таблет или ајпад, најчесто ги заменува сликовниците, играчките, таблите за пишување, списанијата за деца. Се прашуваме зошто е тоа така? Каде исчезна читањето приказна пред спиење, каде е раскажувањето на бајките од Андерсен или браќата Грим и сказните со кои ние пораснавме?

    Брзото темпо на живеење во модерното општество, бара родителите да наоѓаат различни начини да му го свртат вниманието на  детето да биде мирно или да спие. Зошто и тие треба да се одморат од напорниот ден, нели!!! И, дали би можело тука нешто да се смени? Да, може и тоа како. Задолжителна едукација на родителите од содветни институции, уште од самото раѓање на детето. Објаснување зошто сликовницата треба да биде првиот детски предмет, а не телефонот.  Зошто сликовницата овозможува прв начин на насочување кон правилно воспитување. Со неа, перцепцијата ќе одигра важна улога во секојдневниот живот и за секоја понатамошна активност на детето, без разлика дали е аудитивна или визуелна. Сетилата природно се надополнуваат едно со друго. Слабоста на видот, се надополнува со добриот слух, и обратно. Така се поврзуваме со околината. Затоа сликовницата, списанието и  книгата,  треба да бидат мост на тоа поврзување.

     

    Клучни зборови: сликовница, дете, родители, општество, модерен развој

     

     

     

    Улогата и значењето на списанијата, прирачниците и другите визуелни, аудио и видео изданија и материјали во воспитно-образовниот процес е многу голема и од важен интерес. Тие можат да помогнат во полесно перципирање на секојдневните појави. Родителот и воспитувачот мора да наоѓаат најразлични начини на нивна примена. Денес постојат многу аудитивни книги, аудио учебници, книги со Брајово писмо, музички сликовници…  Тие се скапоцено помагало за развивање на детското спознавање на предметите од природната околина. Со нив децата учат, се развиваат, стекнуваат знаења. Ја развиваат својата имагинација и својот поглед кон светот. Улогата на овие материјали е уште повеќе важна, ако тие се прилагодат на детската возраст и на детскиот развој. Случките и доживувањата на „Снежана и седумте џуџиња“, „Црвенкапа и волкот“ или „Трите прасиња“, ќе му помогнат на детето да научи и да распознава праведност, искреност, чесност од лага и измама, кога ќе чуе за нив уште од најмали нозе. Во прикажаните ситуации, всушност, детето ќе го препознае доброто од злото и ќе научи како да се справи со нив.

    Што е наша цел?  Целта нам, на родителите, воспитувачите, наставниците и сите што работат со деца, треба да ни биде постојано користење на вакви материјали. Зошто? За да му помогнеме на детето да го научи животот. Да може лесно да ги прифаќа секојдневните ситуации. Да му го покажеме правилниот пат кон својот развој и да му ги зајакнеме позитивните емоции и чувства.

    Како да ја оствариме таа цел? Одговорот е да го вратиме значењето на аудио –визуелните материјали на пиедестал, со тоа што ќе организираме едукативни работилници за родители, читачки работилници за деца и ќе им овозможиме полесен пристап на децата до книгата.

    Да се обидеме уште веднаш…..Еве на пр: подарокот чоколадо да го замениме со подарок сликовница…

     

     

    Напомена: Идеите и ставовите во овој текст се лично мои и се темелат на повеќегодишната работа во училште како одделенски наставник на деца до десетгодишна возраст.

     

    Елизабета Јанева – професор по одделенска настава во

    ООУ „Ристо Шуклев“, Негорци

    b.eti1977@hotmail.com

     

     

  • Ванѓа Н. Радевска: Воспитувањето и образованието на деца со посебни потреби

    Воспитувањето и образованието на деца со посебни потреби

     

     

    Мото: Помогни на мајка за да помогне

    Цели: Заштита на мајка на дете – личност со пречки во природен развој

    Задачи: Како

     

    Апстракт: За да се помогне на деца-личности со природни пречки ставени во едно цело-посебни потреби – потребна е првична класификација, категоризација според  пречката.

    Принципи и методи на работење.

    Заштита на Мајката, која во  добра соработка се прави размена на знаења.

    Заштита на и унапредување на установите.

    Особености.

    Клучни зборови: пречка, категоризација, едукација, мајчина љубов

     

    ВОВЕД

    Почитувани, запишаноста од Сократ до денес, тридецениско видување, анализирање.

    Вистината не треба да боли. Да ја согледаме и прифатиме. Ке посочам неколку предлози.

    Името посебни потреби е една целина.

    Потребна е аналитичка  квалификација и категоризација според видот на пречката.

    Методи и принципи во образовното едуцирање или преоспособување за живеење.

    Заштита на Мајката на деца со пречки во развојот.

    Размена на знаења во релација: Мајка—Едукатор—Дете, Едукатор—Мајка—Дете,

    Дете—Мајка—едукатор , Дете—Едукатор—Мајка.

    Заштита  и унапредување на едукативните установи според категории.

    Заштита и унапредување на установи за возрасни деца-личности со пречки во природниот развој, над дваесет и пет (25) години.

    Со оглед дека содржината со големо внимание и трпеливост ќе се разгледа и анализира, ќе се донесе правилна одлука.

     

    СОДРЖИНА

     

    Аналитичко видување со директно учество во настаните, во границите на нашата национална економија.

    Природата не создала како единство на: коскениот, мускулатурниот  и нервниот систем. Во тоа единство како главен организатор и двигател на работењето е нервниот систем.

    Квалитетот се определува со коефициентот  на интелигенција.

    Природата создала нормала на развој, која се смета како 100 (сто), носе случува да создаде и над нормалата, односно – надпросечно.

    Под нормалата – подпросечно, во овој случај се појавува пречка во развојот. Тоа е состојба која треба да ја прифатиме.

    Во пречки  на психичкиот природен развој , во зависност од степенот на пречката се појавуваат три групи и тоа: лесна, умерена  и  тешка.

    Во овие групи има и подгрупи  согледани преку коефециентот на интелигенција.

     

    Категории на пречки:

     

    Пречки во психичкиот природен развој , Пречки во телесниот развој,

    Пречки во видот ,  Пречки во слухот ,  Пречки во говорот , Комбинирани пречки,  Аутизам.

    Сите овие групи според степенот на пречката имаат подгрупи.

    Во категоризацијата треба да се земе предвид  и  приодот кога е настаната пречката:

    Пренатален, Натален и Поснатален и во која развојна фаза .

    За ова говорат: А. Адлер, З.Фројд и други автори.

     

    МЕТОДИ  И  ПРИНЦИПИ

    Во образованието , прифаќањето , едукацијата , реедукацијата и професионалната  ориентација на децата-личности со природни пречки во развојот потребни се методи и принципи за кои говори  А. Ј. Коменски во ,,Голема Дидактика,,.

    Јас предлагам 12 (дванаесет) методи и принципи, објавени во докторската теза од д-р Ванѓа Радевска: ,,Особености на мисловни операции кај мали школски деца со ментален дебил, ,,Букурешки универзитет,,  – Букурешт, Република Романија, 19.12.2005 година.

     

    МЕТОДИ                                                                               ПРИНЦИПИ

     

    1-Мајчина љубов                                                               1-Научност

    2-Просто и природно набљудување                            2-Апстрактност

    3-Биографска                                                                      3-Активност и развој

    4-Историска                                                                         4-Систематичност и

    сукцесивност

    5-Систематско набљудување                                          5-Рационалност

    6-Разговор                                                                            6-Економичност

    7-Анкетирање                                                                      7-Анализа

    8-Интервју                                                                             8-Синтеза

    9-Експериментирање                                                         9-Дедукција

    10-Лично видување                                                          10-Индукција

    11-Автобиографска                                                            11-Индивидуалност (1х1)

    12-Тестови                                                                           12-Хетерогена анализа

     

     

     

     

    Заштита на Мајката на децата-личности со пречки во психичкиот природен развој

    Ја почитувам запишаноста на многу стручни лица, теоритичари, практичари, но го почитувам и знаењето на Мајката, која го создава со грижата кон своето дете-личност  со пречки во развојот. Додека стручното лице го согледува однесувањето на децата-личности во едукативна просторија, Мајката го согледува дома, на улица и во секој структурален општествен елемент, во секаква состојба во сите развојни фази и периоди, затоа е неопходна размена во дијалектичко единство.

    Може да кажам дека Мајката е прва на удар и е виновна за се. Во почетните развојни фази ги пребродува полесно, но што се случува понатаму? Како биолошките развојни фази се движат , психичкиот развој заостанува или е на исто ниво – се појавува двојност во генерацијата.

    Детето-личност со пречка не може да го следи програмот и кај него се појавува развој на негативни особености. Во спротивност кај детето без пречка, го имитира, тој не знае а има преодна оценка, а јас зошто многу учам, добива негативност. Се чувствува дискриминиран и назадува.

    Во повисоките развојни фази, Мајката на детето-личност е навредувана, омаловажувана, дискриминирана, отфрлувана, со хендикеп на раце. Не е прифатена од ниеден структурален елемент и мора да трпи се.

    Кога би била законски заштитена таа знае најдобро како да го заштити детето –личност. Можеби е тешко и неприфатливо, но вистинито е. Во анализите на овие семејства може да кажам дека многу мал број вистински се прифатени.

    Заштита и унапредување на едукативните установи и учители според видот и степенот на пречката. Со квалификацијата, категоризацијата на пречката, потребни се добро усовршени, соодветни установи со посебно едуцирани учители.

    Едукаторот-учител треба да го сака детето како Мајката, за детето да го прифати како Мајка, таму е успехот. Може да кажам дека во Македонија има едукатори-учители со работни способности на светско ниво, но многу од нив немаат услови на работење. Едукаторот-учител, оспособен за работа со тие личности мора да работи во било кои услови, според нивните можности. Кога би бил заштитен и со овозможени услови, би бил задоволен и подобро би работел.

    Релации на движење: Родител-дете-едукатор, Родител-едукатор—дете,

    Дете—родител-едукатор, Дете—едукатор –родител.

    -Заштита и усовршување на установи за реедукација и згрижување на деца-личности со пречки, според видот и степенот на пречката над 25 години.

    Кај децата-личности со пречки во психичкиот природен развој во зависност од степенот на пречката, умерена и тешка ратардација, се појавуваат негативните особености. Уназадување на развојот. Им треба посебно згрижување и работење според можностите и способностите за да се отстранат негативните особености.

    Потребно е оспособување на стручен кадар и да се обезбедат услови за работа. Установи за згрижување по смртта на родителите. Тие личности со коефициент на интелигенција до 36 не се самостојни, им е потребна придружба. Кога се во семејство за него се грижи Мајката. Кога би имало згрижувача установа – би било поинаку.

    Човекот е единство на природата од: коскен, мускулатурен и нервен систем, каде како главен раководител и двигател е нервниот систем, кој работи според  природата – создавач.

    Рецепторното примање на информациите кои доаѓаат до централниот нервен систем-мозокот, каде се прават мисловни операции (се обработуваат) и ги експонира (дава повратни информации) преку однесувањето. Значи, како предмет на Психологијата може да се каже дека е однесувањето  на човекот –личност. Какви информации прима, такви мисловни операции прави , таков одговор дава, т.е. се однесува. Се појавуваат особености на мисловни операции. На оваа поле работеле: Пијеже, Виготски, Марија Монтесори и други.

    Обработувајки 31 особеност  јас ги делам на позитивни и негативни.

    Како негативни ги земам: стравот, мрзата, омразата и агресијата.

     

     

     

     

    ОСОБЕНОСТИ

    1-Мајчина љубов                                                         21-Фантазија                                            

    2-Перцепција                                                                22-Став                                                     

    3-Претстава                                                                     23-Омраза                                                  

    4-Мотивација                                                                24-Задржување-бришење                                                                                                       

    5-Мечтаење                                                                   25-Агресија                                                                                     

    6-Емоции                                                                        26-Креативност                                                                             

    7-Говор                                                                            27-Учење                                                                                                              

    8-Внимание                                                                    28-Карактер                                                                                  

    9-Меморија                                                                    29-Интелигенција-човечност                                                                                                                                                       

    10-Волја                                                                           30-Личност         

    11-Способност                                                                31-Живеење

    12-Темперамент

    13-Концентрираност

    14-Страв

    15-Комуникација

    16-Мрза

    17-Навика

    18-Знаење

    19-Можност

    20-Прифаќање    

    Работејки со Мајчина љубов како метод, подоцна ми прерасна во особеност и и го дадов првото место во редоследот.

    Редоследот на особеностите не е случајност, наредени се онака како тече развојот. Кога се појавуваат негативните,  дадени се позитивни кои се лек.

    На крајот секој го живее животот онака како ќе си избере, кои особености ќе задржи да ги развие.

     

    ЗАКЛУЧОК

    Да ја согледаме вистината, од една страна е позитивна, а од друга е негативна.

    Лесно е да се кажат позитивните, но негативните сите не ги сакаме, а и ги прикриваме. Лесно е од надвор гледано, но кога ќе навлезеш внатре во длабочината на особеностите, во сите општествени структурални елементи, како што се:

    Мајка, Татко, Родители, Семејство, Фамилија, средина, национална економија и цело општество, тогаш ја согледуваме и негативноста.

    Затоа, да посветиме внимание кон заштитата, прифаќањето, едукацијата, реедукацијата на тие личности, класификацијата, категоризацијата, усовршувањето, заштитата на Мајката, на едукаторите-учители.

    И тие луѓе се дело на природата.

    Реално да се пристапи, да се отстранат негативностите.

     

     

    Д-р Ванѓа Н. Радевска          

  • Маја Давкова: Улогата и значењето на списанијата, прирачниците и другите визуелни, аудио и видео изданија и материјали во воспитно- образовниот процес

    Улогата и значењето на списанијата, прирачниците и другите визуелни, аудио и видео изданија и материјали во воспитно- образовниот процес

    Образованието …тоа е она што ќе остане откако ќе го заборавите сето она што сте го научиле во училиште“ Алберт Ајнштајн

    Воспитно-образованиот процес е од непроценливо значење, како за развојот на личноста (индивидуата) така и за развојот на општеството во целина.  Значењето особено се потенцира денес, бидејќи во знаењата, во умеењата и во способностите се наоѓа клучот за решавање на многу значајни проблеми од егзистенцијална природа и за човекот и за општеството . Денес живееме во свет кој сè повеќе се поврзува во директна комуникација, на човек со човек, институција со институција, понуда со побарувачка. Не можеме да си го замислиме животот без интернет. Денешните генерации  всушност ни изгледаат чудни затоа што се раѓаат со никулци на идната општествена, светска состојба – глобална и интегрална, соодветна на денешниот повик на природата. Таа со својот надворешен и внатрешен притисок нè принудува да прифатиме нова форма на поврзаност помеѓу нас, за кои ние сега и немаме некоја голема желба.Па затоа особено   внимание се посветува на развојот на техничките средства во образованието и максимално  искористување на нивните можности. Соодветни разработки се насочени кон примена на технологијата во наставата. Покрај користењето на разновидни методи и техники во наставата, еден од начините на кој може да се одговори на потребите на сите ученици е користењето на информатичката технологија бидејќи таа нуди многу различни начини на учење, на проверување на знаењето и комуникација помеѓу учениците и наставниците.Притоа  учениците самостојно истражуваат, користат повеќе извори на знаење, користат списанија,прирачници и други визуелни,аудио и видео изданија и материјали.

    Сегашната  ситуација со пандемијата на сведско ниво го  наметна вклучувањето на компјутерите и Интернетот во наставата како фундаментално.Користењето на ИКТ во наставата повеќе не претставува опција туку потреба.Во почетокот на пандемијата единствен пристап за продолжување на  воспитно –образовниот процес беа аудио и видео материјалите снимени од ентузијасти наставници.Новото време ја наметна потребата и од користење на различни прирачници со упатства за работа , добри практики,насоки … за сите алки во воспитно-образовниот процес наставниците-учениците-родителите.Новото време ја наметна потребата и од дигитализација и на списанијата  да се   користат како додатни материјали во воспитно –образовниот процес.

    Но, лесната достапност на информации од најразлични  и нерелевантни извори  кои што се прикачуваат на Интернет , битно влијаат на развојот на децата . Сето тоа ја наметнуват потребата од препораки за списанија и прирачници од релевантни фактори вклучени во процесот  како на  формалното ,така и во неформалното образование. Потреба од вклучување на  материјали создадени врз основа на информатички технологии дистрибуирани до учениците за независна работа во училница и дома или демонстрирана од наставникот пред целиот клас . Употребата на дидактички материјал придонесува за активирање на едукативни активности на учениците, заштедувајќи време на учење.

     

    Употребата на списанија,прирачници и други визуелни,аудио и видео изданија и материјали, придонесува за : формирање на вештини кај учениците за работа со разни извори на информации;активирање на нивните когнитивни активности;создавање на вештини за самостојно  усвојување и разбирање на нов материјал.Понатаму развивање на креативната имагинација, зголемување на мотивацијата за учење;развивање на визуелно-фигуративно, теоретско, логичко размислување…Намалување на временскиот интервал за учење, формирање култура на воспитно-образовна активност;активирање на интеракцијата на интелектуалните и емоционалните функции во заедничкото решавање на истражувачки (креативни) едукативни задачи.

    Преку читање на списанија,примена на добри практики од прирачниците , употребата на аудио и визуелните  материјали , кај учениците се развиваат читачките и работните навики, но се гради и однос кон знаењето.Притоа ученикот се социјализира во духот  на општествените вредности. Сите овие печатени материјали го визуелизираат материјалот што се изучува и придонесуваат за негово рано меморирање и задржување во меморијата. Значењето на овие дидактички материјали е особено важно,бидејќи пропустите ,празнините и грешките  направени во основното образование,ниту еден степен на образование не може понатаму да ги надополни,бидејќи тогаш се развиваат најважните компетенции, неопходни за живот и работа во информациско,претприемачко и граѓанско општество.

     

    Маја Давкова

    наставник

    ООУ„Даме Груев“ с.Ерџелија

    Свети Николе

     

     

  • Ленче Китанова: Улогата и значењето на списанијата, прирачниците и другите визуелни, аудио и видео изданија и материјали во воспитно-образовниот процес

    Улогата и значењето на списанијата, прирачниците и другите визуелни, аудио и видео изданија и материјали во воспитно-образовниот процес

     

    Јас тргнувајќи од моето детство (пред  околу пет децении ) кога сите ние како ученици,  во многудетни семејства, немавме можност сите да купуваме, Другарче, Наш свет, Колибри, Млад борец,но, нашите наставници не организираа и  повеќето деца од исто одделение или постарите братчиња и сестрички ќе земаа , па  така сите бевме во можност да ги читаме. Значи со скромните примања на нашите родители списанијата сепак беа достапни за сите нас како ученици. Сега  јас кога сум наставник ова  ме навраќа на моето детство  и јас така секогаш ги упатувам моите ученици и се организираат  по неколку деца, се договараат по еден број да плаќаат, ама сите  броеви да имаат можност да ги читаат. Денешните списанија се од големо значење за учениците во наставата. Јас како наставник по македонски јазик им ставам голем акцент и нивната употреба им ја потенцирам колку  многу  е значајна. Денес е време на безброј портали достапни на интернет со употреба на компјутерската технологија. За жал дневниот печат е сé помалку достапен за моите ученици и затоа јас кога работам на часовите имам земено од киосците стари весници и им делам на секој ученик да има пред себе,  да разгледува и да  си чита. Во денешно време неопходна е потребата на списанијата за деца, од каде може да се научи, поучи или дополни наученото. Во детските списанија често се разработуваат лектири, па преку илустрациите моите ученици ги користат и на поинтересен начин доаѓаат до содржината  и карактеристиката на ликовите. На тој начин како пример ги користат списанијата. Моите ученици се искрени во своите искажувања дека сé она што не можат да го најдат како одговор на своите прашања, овде го наоѓаат од своите врсници . Во списанијата се нивните омилени глумци и  пејачи, нивните постери , поради кои и  ќе го купат одредениот број на тоа списание.Во списанијата се објавуваат нивни лични трудови, како што се многу цретежи и литературни творби. Кога сме кај лектирите кога учениците не сакаат да читаат,( а тоа многу често се случува).Многупати учениците ги користат аудио и видео изданијата  за да си го олеснат патот за да ја научат содржината ,односно на многу полесен начин да дојдат до ликовите , настаните и случките  за лектирата која им е дадена да ја обработуваат на часот по македонски јазик, за да ги  доживеат преку глас и слика. Учениците многу често имаат потреба од  прирачниците како  книга со упатства и практични објаснувања за она што го изучуваат во училиштата или пак покажуваат интерес. Самите прирачници се достапни во самите училишта и тоа во библиотеките. Прирачниците се со различни содржини, многупати ги користат по предметите од  природните науки затоа што ги интересираат  многупати животинскиот и растителниот свет,ама почесто и видовите на технологијата која е во многу голем подем.

     

     

                                                                             Ленче Китанова

                                        наставник во ООУ „ Методи Митевски – Брицо 

                                                                                      Лозово

     

  • Славица Дабевска Ќировска: Детска литература

          Детска литература

    Детската литература има значајно место и улога во организираниот и институционализиран процес на воспитание и образование.

    Љубовта кон читањето од најраната возраст е од огромно значење за учениците. Читачката љубов помага во севкупниот развој кај децата и тоа на: социјален, емоционален, когнитивен и творечки план.

    Литературните списанија за деца во исто време обезбедуваат интерактивност со понудените активности и задачи со што исполнуваат уште едно барање: активност, индивидуализација и диференцијација во воспитно-образовниот процес.

    Списанијата за деца со својата содржина, преку текстовите и илустрациите се значаен медиум во воспитно-образовниот процес затоа што децата: стекнуваат нови сознанија, го развиваат критичкото мислење, ги буди естетски чувства и доживувања, создаваат, креираат и творат , комуницираат, го богатат речникот, го развиваат говорот и културата на изразување, придонесуват за развој на емоционалната интелигенција.

    Ученикот е извор од мноштво креативно- творечки и книжевни способности, но битен елемент е иницирањето на децата да создадатат свои дела.

    Во тој контекст мотивираноста, насоките и поддршката на наставникот и училиштето се важни за да се развие љубов и да се поттикнат идеи за создавање на сопствено училишно списание и учениците да се стават во улога на автори, креативци, творци- создатели на трудови.

    За таа цел учителот е тој кој ќе мора сета своја просветителска дејност и способност да ја стави во служба на детското творештво.

    Години наназад во овој дух работаат и создаваат  свое училишно списание:
    ,, Сонце,,  учениците од III-те, IV-те и V-те одделенија од училиштето,, Братство- Миѓени- Тетово.

    Вознесот и успехот е взаемен со излегувањето на списанието и дистрибуирање до нивните другарчиња во училиштето.

    Креативноста на списание е од самите ученици. Поделено по рубрики: Учење, Помнење, Размисли и Реши, Занимливости, Интервју со наставници од училиштето, Предлози и Забелешки.

    За  издавање и средување и на училишното списание се грижат: учениците,  наставниот кадар, родителите и училиштето.

    Тромесечното списание секогаш е пропратено со промоција на истото. На чија што манифестација се поканети и гости од општината, месната заедница, други училишта и значајни личности од уметноста.

    Радоста кај децата е огромна,  затоа што се чувствува дека создале труд по кои ќе се помнат. Ваквите активности учениците ги прави да добијат сигурност,  решителност и да се развива сестраноста.

    Многу од учениците се издвојуваат по својата надареност и во одредена рубрика се себе наоѓаат и завземаат главна улога.

    Призорот на создавање на содржини за списанието е ,,ОДА НА РАДОСТ,, што секој треба сам да ја доживее.

    Училишното списание го делат самите ученици, чин кои исто така прави длабки кај секого во воспитно- образовниот процес.

    Учениците чии имиња се споменети во списанието се позитивни примери од кои произлегува и желбата кај учениците да се биде како своето другарче.

    Оттаму оваа негувана дарба нашето училиште го искажува на многу општински, регионални и државни натпревари по: Математика, Природни Науки, Литературни, Ликовни конкурси и Музички фестивали.

    ,,Сонце,, не прави во мислите да изобилува ведрина со надеж дека ќе дочекаме уште многу негови зданија.

    Славица Дабевска Ќировска

    наставник од Тетово

  • Ели Маказлиева: Значење на прирачната литература за деца од предучилишна возраст

    Значење на прирачната литература за деца од предучилишна возраст

     

    Во современиот начин на живот на детето, прирачната литература зазема посебно место. Потребата од прирачна литература за децата од предучилишна возраст е дотолку голема што таа како своевиден медиум го буди интересот кај децата и има висока сознајна и практична функцијa. Прирачнната литература наменета за децата,  која е значаен извор на информации и средство за стекнување знаења низ игра и забава има посебно место во доловување на границата помеѓу вербалната и визуелната комуникација на детето.

    Значењето на прирачната литература за деца во која спаѓаат сите книги или сите илустративно- текстуални материјали е особено големо во време на зголемена конкуренција на електронските медиуми и интернетот. Тоа е затоа што прирачниците ги пренесуваат информациите на посебен воспитен начин и благодарение на нивната педагошка посебност, тие се во интензивна интеракција и влијаат на детскиот развој.

    Прирачниците имаат за цел да ги развијат основните функции кај децата од предучилишна возраст и да помогнат во раното учење и развој на детето. Прирачниците се корисни, пред сè, заради подготовка и навикнување на детето на училишните активности, а развиваат и самостојно мислење кај детето.

    ВИДОВИ  ПРИРАЧНА ЛИТЕРАТУРА

    Прирачниците како текстуално – илустративни материјали егзистираат во различни видови и тоа:

    1. Интегрирани прирачници во кои се опфатени сите стандарди од програмата и сите тематски содржини;
    2. Едукативни прирачници во кои се опфатени сите стандарди од програмата, но само на една тема;
    3. Месечни списанија за деца во кои се опфатени сите стандарди и дел од тематските содржини пренесени повеќе низ игра и забава со актуелни теми;
    4. Сликовници со различни теми, намени и форми;
    5. Боенки со различни теми;
    6. ДРУГИ КНИГИ ЗА ДЕЦА од литературен вид како книги со раскази, песнички, гатанки, сказни, бајки, приказни.

    Сите овие видови прирачна литература се од големо значење за развојот на детето од предучилишна возраст. Ако сликовницата е првата книга за детето, за која треба посебно и поопширно да се зборува, и ако секој прирачник е „прв учебник“ за детето, тогаш списанието за деца треба да биде и сликовница, учебник, прирачник, работна тетратка, игра, учење и забава, но мора да ја следи комплетната програма и да овозможува сосема поинаква, поинтерактивна комуникација меѓу родителите/воспитувачите и децата.

    Затоа секоја книга создадена за детето од предучилишна возраст си има своја улога и свое посебно значење.

    Програмскиот интегриран  прирачник  е основниот, најзначајниот елемент во реализација на програмата и програмските цели и задачи. Според својата концепција, физиономија и структура, како и според содржината, тој треба да биде компатибилен со Документот на стандардите за рано учење и развој. Целите, задачите и темите во интегрираниот прирачник прават единство. Задачите во прирачникот се подредени според критериумите на сложеност и совладување на моторните вештини, перцепцијата, квантитативните и просторните односи, идентификување на звуците во зборови, на броевите итн., а ги развиваат самодовербата и упорноста.

    Овие прирачници се и „први учебници“ за децата од предучилишна возраст и обично се наменети за децата од 4 – 6 годишна возраст. Интегрираните прирачниците, освен што се наменети за децата, тие се истовремено и своевиден ВОДИЧ за воспитувачот во реализирање на програмските цели и задачи. Прирачникот е патоказ за реализирање на тематските содржини од страна на воспитувачот.

    Едукативниот прирачник е книга во која содржината што се обработува се поврзува со влијанието на развојот и едукацијата на детето од сите области и сите предвидени воспитно -образовни теми, така што илустрациите и текстот се вмрежени во единство и поврзани со активностите на детето од областите за кои детето сознава и учи низ игра.

    Списанијата за деца даваат можност со нивна помош да се поттикнуваат разни активности по пат на активно мислење, говорно и ликовно изразување, по пат на цртање, боење, заокружување, сечење, лепење, со што се создава задоволство кај детето и уживање во работата и игрите. Ја поттикнуваат детската креативност, поттикнуваат на истражувачки игри и решавање едноставни проблеми. Списанието има задача да даде и поддршка за развојот на децата, следејќи ги нивните развојни потреби, интереси и специфичности од аспект на нивната различност, независно дали е развојна, етничка или социјална.

    Сликовницата обично се нарекува прва детска книга која има когнитивна функција и според нејзиниот концепт содржи илустрации кои се читаат наместо текст, кои се во функција на текстот или се компатибилни со текстот, сообразени според возраста на детето. Според содржината и формата сликовницата е секогаш прилагодена на возраста на детето и се менува во сооднос на неговата возраст и неговите психофизички способности.

    Сликовницата ги воведува децата во светот на уметноста и литературата, го поттикнува развојот на перцепцијата, опсервацијата и вниманието, развива меморија, размислување и резонирање, бујна фантазија и креативно размислување. Бидејќи го носи епитетот на илустрирана книга, илустрациите во неа се едноставни и разбирливи за детето. За помалите деца со чисти контури и бои, со помалку детали, за поголемите побогати и покомплексни композиции.

    Постојат повеќе видови на сликовници кои се класифицираат според формата и обликот, според возраста, според функцијата итн. Децата почнуваат да читаат од слики и да слушаат читање од возрасните кога се создава посебна емоционална врска помеѓу детето и возрасниот, од кој зависи и правилниот избор на сликовница за детето.

    Според воспитно-образовните и педагошко-психолошки елементи постојат:

    • Сликовници за развој на говорот;
    • Сликовници за развој на фантазијата;
    • Сликовници за развој на моторните способности и ситните мускули на раката;
    • Сликовници за развој на когнитивното мислење;
    • Сликовници за развој на творештвото.

    Според намената и карактерот постојат:

    • Сликовници со налепници;
    • Сликовници со сложувалки;
    • Сликовници- книги со приказни:
    • Сликовници – книги со бајки и принцези;
    • Едукативни сликовници;
    • Креативни сликовници;
    • Забавни сликовници;
    • Звучни сликовници.

     

    Според текстуалниот дел постои група на сликовници од поетски вид и сликовници од сознаен вид.

    СОДРЖИНСКИ  КОМПОНЕНТИ  НА ПРИРАЧНАТА ЛИТЕРАТУРА

    Изборот на содржините во прирачникот помага детето подобро да се снајде во секојдневната комуникација и да се развие во сигурна личност, развивајќи ги говорните вештини од најмала возраст. Како содржински елементи се текстовите што содржат кратки реченици што брзо се помнат или римувани стихови. Во некои од нив има краток текст што е во функција на разбирањето на сликата – илустрацијата. Преку илустрациите прирачникот го нуди и првиот илустриран речник, истовремено и првата детска игра. Освен тоа некои од нив  содржат и упатства што ги наведуваат децата да споредуваат, предвидуваат, заклучуваат, истражуваат, создавајќи атмосфера на изненадување, што, пак, го засилува интересот и ја поттикнува играта.

    Структура на прирачникот

    Прирачникот содржи: Текстуални елементи, илустрации, апарат за ориентирање, упатства, прашања, задачи, вежби (во интегрираните, едукативните прирачници и во списанијата за деца), додатоци – прилози (кај интегрираните, едукативните прирачници и во списанијата за деца), упатства за воспитувачот (кај интегрираните прирачници).

    ЗНАЧЕЊЕ на текстуални елементи

    ТЕКСТОВИТЕ  имаат едукативен и  забавен карактер и ги нагласуваат аспектите од развојот на детето и тоа: социо-емоционалниот (идентификација со ликовите), когнитивниот, развојот на перцепцијата, спознајниот развој (препознавање на предметите и проширување на претставите и поимите), развој на говорот (комуникација, игра со зборови), интелектуален развој (стекнување знаења), развој на меморијата, креативноста и критичкото мислење, естетски развој (чувство за убаво).

    Терминологијата што се користи содржи повеќе зборообразувачки елементи со несекојдневни, но привлечни и забавни зборови, со што се овозможува поттикнување на интересот за збогатување на детскиот речник и разбирање на смислата на зборовите.

    ЗНАЧЕЊЕ НА илустрациите

    Илустративниот дел е најзначајната компонента што пренесува посебна порака од визуелен код и има сознајна функција да ја отслика содржината, сообразена со возраста на детето. Илустрациите создаваат директен начин на комуникација со детето, го поттикнуваат мисловниот процес, ја развиваат имагинацијата. Нагласувајќи ја когнитивната функција придонесуваат за севкупниот развој на детето преку стимулирање на неговата перцепција и развојот на интелектуалниот потенцијал. Современите илустрации од кои детето чита наместо од текст преку визуелно–перцептивни препознавања и воочувања, го поттикнуваат мисловниот процес, како и  детското емотивно, јазично и графомоторно изразување.

    Хумористичниот карактер на илустрациите речиси секогаш побудува интерес кај децата. Секое дете сака да биде среќно, радосно, весело и многу лесно смеата се пренесува и им дава можност на другите да се смеат. Според најновите педагошки истражувања, научно е докажано дека хумористичните елементи во илустрациите за децата се она што тие го сакаат. Илустрациите имаат висока уметничка вредност со детски, весели и интензивни бои привлечни за детето и речиси секоја отсликана ситуација претставува дејство и пренесува одредена порака. Тие имаат примарна улога во замена на текст, што значи зборуваат наместо текстот или го дополнуваат, ги претставуваат поимите и доловуваат ситуациите што се прикажани. Тие се соодветни за детското искуство и возраста, исполнети со ведрина и хумористични ликови што позитивно влијаат на емоционалниот развој на децата.

    Апарат за ориентирање

    Апаратот за ориентирање го сочинуваат, освен нумерација на страниците (пагинацијата), различните бои со кои се обележани страниците, одвојување на додатоците од главната структура, видот и големината на буквите и други компоненти со чија помош технички се обликува страницата. Значаен е од аспект на снаоѓање на детето со книгата.

    ЗНАЧЕЊЕ на упатствата, прашања, задачи, вежби

    Во содржините на интегрираните и едукативните прирачници како и во списанијата за деца дадени се јасни и кратки упатства што овозможуваат голем степен на самостојност во работата на децата, но и потреба за комуникација со возрасните. Ова ни дава и одлична можност за квалитетно поминато заедничко време на воспитувачите/ родителите и децата.

    Прирачниците се создадени на начин да бидат интересни за децата поради интересните прашања во функција на сликите – илустрациите, кои во почетокот се многу едноставни за подоцна да станат посложени. Некои задачи содржат и проблемски ситуации. Со решавањето на различни проблемски ситуации со кои низ предложените активности се соочува секое дете, се обезбедува поттикнување на развојот и зајакнување на моторните, јазичните, когнитивните и социоемоционалните вештини како значајна основа во процесот на развојот.

    Задачите и вежбите нудат можност за поврзување на математичките поими со секојдневното опкружување на децата. Има вежби за развој на гласовите, вежби за богатење на речникот со зборови, вежби за развој на реченицата, за говорно творештво и разбирање на текст. Сите заедно ги поттикнуваат децата на самостојност, внимателност и прецизност во работата, следејќи ги знаците и упатствата за изведување на вежбите.

    Значење на додатоци-прилози

    Прирачникот може да има и додатоци – прилози кои ќе овозможат кај детето да се развива помнењето, фантазијата, мануелните активности и развој на ситните мускули на раката преку сечење, лепење, обликување.

    ЗАКЛУЧОК

    Со помош на прирачната литература детето стекнува предзнаења од сите воспитно-образовни подрачја, интегрирани со аспектите на развојот. Тие предзнаења се всушност подготовка на детето за поаѓање во прво одделение во основното училиште.

    Резултатите што би ги очекувал секој воспитувач/родител од детето по користење на прирачна литература се: детето да ги презема првите чекори за работа и активност, за споредување и разликување (сличности и разлики), да покажува одредени разбирања и способности за изразување, идентификување, опишување, ангажирање, истражување и експериментирање, комуницирање, учествување во разговор и игра, препознавање, именување, групирање, рецитирање, раскажување, броење итн.

    Токму затоа прирачната литература го буди интересот кај  децата, но и кај родителите и многу од нив во последно време, се стремат кај своите деца да развијат навики за користење на литература за деца од секаков вид (списанија, сликовници и други книги за деца за реализација на програмските барања)  со цел кај децата да се развијат и стекнат навики, кои понатаму остануваат трајни.

    Тука започнува љубовта кон книгата, а децата најдобро растат со љубов!

     

    м-р Ели Маказлиева

     

  • Христо Петрески: Во царството на книгите

    Во царството на книгите

     

     

    ЕДУКАТИВНИ И КРЕАТИВНИ ИЗДАНИЈА

     

    Авторите (творците) и издавачите (печатарите) денес заедно создаваат и реализираат  бројни нови изданија ширум светот.

    Во секој нов миг се создаваат многу нови едукативни и креативни изданија за најмладите.

    Би рекле, постои постојан натпревар кој попрв ќе создаде и објави нов креативен и едукативен производ и за што поголем број корисници во својата земја, но и во странство.

    Како печурки по дожд секојдневно се појавуваат нови едукативни, креативни, иновативни, модерни, современи и актулени инвентивни центри.

    Еден од нив е и Креативниот и едукативен центар во рамките на Издавачката куќа Феникс во Скопје, кој постои со години и досега има реализирано бројни едукативни и креативни изданија: постери, кутии, боенки, сликовници, енциклопедии… Вртливи, со форми (штанцани), за доцртување и цртање, боење и дополнување, учење англиски јазик и компјутери, бонтон и убаво однесување, човечко тело, животинско царство, флора и фауна, мориња и океани, ѕвезди и планети, откритија и пронајдоци, научници и пронајдоци, бајки и басни,  прашања и одговори…

     

    ШТО Е ЕДУКАЦИЈА

     

    Зборот едукација значи воспитување, одгледување, односно образување млади генерации и развивање кај нив умствени, телесни и морални способности.

    На тој начин, се пренесуваат општите и работни искуства, знаења, општествени норми и вредности.

    Од претходните генерации на најмладите: од  родителите на децата, од воспитувачите на воспитаниците…

    Едукацијата е темелен услов за постоењето и опстанокот на човечката заедница.

    Човековата култура и цивилизација е поврзана со развојот и збогатувањето на општеството.

    Преку едукацијата се стекнуваат: знаења, умеења, вештини, навики, квалификации…

    Исто така, се развиваат: телесни, интелектуални, морални, естетски и работни способности.

     

    ШТО Е КРЕАЦИЈА

     

    Креација значи создавање, изнаоѓање, произведување,  творештво, остварувања, дела, творби…

    Креацијата подразбира инвентивност, создавање, остварување, производ, умотворба, ракотворба…

    Креацијата е умеење, вештина, имагинација, творештво, креаторство, плодотворност…

    Неразделно се поврзани креацијата и креативните луѓе, односно таму каде што има креација – носителот и создавачот е креативен човек.

    Само креациите, идеите, мислењата,  размислите, пронајдоците – го создаваат и чинат човештвото и го движат напред.

     

    КНИГИТЕ КАКО ПОДАРОК

     

    Не им купувајте на децата само бонбони, чоколади и салдолед, или патики, играчки и велосипеди, туку постојано и редовно купувајте им и книги.

    Зашто, книгите се трајно богатство, кое се чува и се користи со години, децении, па и векови.

    Во книгите е собрано знаењето, па децата на тој начин ќе се забавуваат, фантазираат, едуцираат, креираат, истражуваат, оспособуваат и осамостојуваат…

     

     

     

    ДЕЦАТА И КНИГИТЕ

     

    Многу е битно децата да бидат окружени со најразлични книги и тие да им бидат достапни , а не само високо качени на рафтовите и полиците.

    Бидејќи книгите не само што ќе ги заинтересираат децата, туку и ќе започнат и продолжат да читаат.

    Со книгите децата ќе се забавуваат, но и ќе дознаваат бројни полезни информации и секојдневнои ќе учат.

    Книгите го поттикнуваат и развиваат љубопитството на децата, но и учењето и знаењето.

    Децата сакаат и бараат секој ден на научат нешто необично, возбудливо и ново.

     

     

     

    ЧИТАЈТЕ ЗАЕДНО СО ДЕЦАТА

     

    Додека се малечки децата, одвојте време и читајте заедно со нив.

    На тој начин, тие ќе се информираат, дознаваат и учат, а истовремено и правилно да говорат и внимателно да слушаат, односно да разговараат, будејќи ја фантазијата и поставувајќи најразлични прашања и добивајќи, исто така, многу одговори.

    Потоа, децата ќе научат и самите да раскажуваат, па дури и да измислуваат свои необични приказни.

    Подоцна, децата ќе се осамостојат и ќе читаат самите.

     

     

    Подготвил:

    проф.д-р Христо Петрески,

    Институт за наука, алтернатива, култура и уметност – Скопје