Научен собир
ВОСПИТУВАЊЕТО И ОБРАЗОВАНИЕТО НА ДЕЦАТА СО ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ – МОЖНОСТИ, ПРОГРАМИ И ПЕРСПЕКТИВИ
Скопје, 11.1.2021 година
Назив на научниот собир: Воспитувањето и образованието на децата со посебни потреби – можности, програми и перспективи
Краток приказ на тематиката на научниот собир: Со оглед на тоа дека лицата со посебни потреби, а во обвој случај – децата со посебни потреби се најчувствителна и најранлива категорија, мошне е битно ниовното воспитување и образование и тоа уште од најран период. За таа цел, потребна е и неопходна подстојана грижа и едукација за нив, која им ја пружаат воспитно-образовните установи, т.е. детските градинки и училиштата.
Со добра и осмислена воспитно-образовна стратегија и програма, децата се учат да читаат и пишуваат, но и се социјализираат и осамостојуваат.
На научниот собир на тема: Воспитувањето и образованието на децата со посебни потреби – можности, програми и перспективи, најпрвин ќе стане збор како да се остручнат лицата кои што работат со децата со посебни потреби, а тоа се воспитувачите и наставниците.
Потоа, ќе се разговара и за самата прилагодена програма за воспитување и образование на децата со посебни потреби, која е полесна, поедноставна, поразбирлива, покомпаративна и поилустративна.
На крајот од собирот, ќе бидат сумирани сите искажувања во вид на заклучоци, кои ќе најдат теоретска, но и практична примена.
Кратко образложение за потребата за одржување на научниот собир:
Овој научен собир не само што е специфичен според својата тема и цел, туку одамна недостасува во нашава средина една ваква стручна и научна трибина и дебата.
На научниот собир ќе бидат презентирани искуствата и практиките од странство, но и согледувањата и размислувањата од страна на домашните воспитувачи, наставници и теоретичари.
Педагози, социолози, па и филозофи, ќе ги елаборираат своите видувања за воспитувањето и образованието на децата со посебни потреби, со акцент на можностите, програмите и перспективите на тој план.
По завршувањето на научниот собир, научните соопштенија (рефератите) ќе бидат публикувани во посебен тематски зборник, а на самиот научен собир се очекува да се развие богата, разновидна, повеќеслојна, компетентна и содржајна дискусија.
Бенефитот од овој научен собир е и за теоретичарите и за практичарите и резултатите ќе се очекуваат во континуитет во еден подолг период.