Мирела Ибраими

Мирела Ибраими, дипломиран педагог (16.12.2002) на Универзитетот Св.Кирил и Методиј-Скопје

Филозофски Факултет – насока Педагогија. Основни предмети/вештини при студирањето: Педагогија, Методика, Дидактика.

На 06.12.2011 година на Универзитетот  Св.Кирил и Методиј-Скопје

Филозофски Факултет – насока Педагогија се стекнала со титулата Магистер по педагошки науки, насока – Дидактика. Основни предмети/вештини на постдипломските студии: Воспитно образовен процес, Планирање на научно истражување, евалуација на образованието, Развој на курикулум.

Учество во обуки:

  • Учење за социјална правда
  • Превенција од злоупотреба на психоактивни супстанции
  • Екстракурикурални активности во етничко-мешани училишта
  • Тајните на лидерството од успех до моќ
  • Модел на современ наставник
  • Решавање на конфликти
  • Учење преку работа
  • Мултиетничка соработка и интегрирано образование
  • Учество на меѓународниот научен симпозиум организиран од институтот за Педагогија по повод 65-та јубилејна година на Институтот по педагогија
  • Нансен модел на организирање на настава
  • Мировно образование
  • How to recogniye true from fake
  • Обука за дисеминатор во областа на Црвениот крст
  • Интеркултурно образование во воннаставните активности

Здобиени вештини и знаења: Комуникативни вештини, размена на ново искуство и здобивање на нови знаења.

Од 01.09.2003 година е училишен педагог. Главни активности и одговорности: Организирање на воспитно-образовниот процес, вреднување на работата на наставниците, советодавна работа со родителите и учениците и др.

Општествени вештини и способности: Комуникација со разни субјекти во делокругот на училиштето и надвор од него (обуки, семинари, конференции).

Организациски вештини и способности: Организација на сите активности во училиштето кои се во врска со наставниот процес и воннаставните активности.

Награди и признанија: Работник на годината – прогласена од страна на општина Гостивар во 2008 година.

Други позначајни активности и резултати:

  • Oбјава на научен труд ,,Проширената улога на наставникот,,
  • Учество во меѓународниот научен симпозиум организиран од институтот за Педагогија по повод 65-та јубилејна година на Институтот по педагогија
  • Учество и водење на научната конференција за ,,Мировно образование,,
  • Издавање на книга под наслов ,,Стручните органи во гимназиското образование во улога на професионалната ориентација на учениците,,
  • Издавање книга под наслов Стручните органи во средните училишта за гимназиско образование во улога на професионална ориентација на учениците  – објавена во 2019 година
  • Во 2020 година истатата книга е објавена на албански јазик
  • Објавена книга во 2020 година под наслов ROLI I MËSUESIT DHE STRATEGJITË MOTIVUESE TE NXËNËSIT – Улогата на настваникот и мотивационите стратегии  кон  ученикот