Огнен Неделковски

ОГНЕН НЕДЕЛКОВСКИ

 

БИОГРАФИЈА 

 

Огнен Неделковски е роден во Скопје, на 13.02.1972 година.

Дипломирал драматургија на Факултетот за драмски уметности во Скопје во 1994 година, во класата на проф. Горан Стефановски. Прогласен е за студент на генерација во учебната 1993/94.

Магистер по драматургија. Магистрирал во 2018 година, на ЕФТА во Скопје, со оценка 10.

Работел како сценарист во МРТВ, а бил и раководител во Советот за радиодифузија на РМ и во Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (каде што и денес работи.)

Автор е на 10 радио драми, две едночинки изведени во рамките на претставите „Утешение грешним“ и „Грешните се утешија“ во Театарот „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ во Велес.

Како сценарист, се испробал во повеќе жанрови („Пет години Балкан“ –  8 епизоди за кариерата на Тоше Проески, „Говорете македонски“, краткиот филм „Жарче“, ТВ серијата за деца „Големи и мали“, ТВ сериите „Сашко и Сашка“ и „Ѓоре Шнајдерот“, забавните емисии „Розови очила“ и „Во шема“, ТВ спотови, ТВ и радио реклами…

Огнен Неделковски е текстописец на околу 1200 текстови за поп и фолк песни. Песните се изведувани од поп и фолк елитата на македонската музика. Тоше Проески има отпеано 26 негови текстови: „Тајно моја“, „Усни на усни“, „Сонце во твоите руси коси“, „Има ли ден за нас“, „Излажи ме уште еднаш“, „Твоите бакнежи на моите бели кошули“…

Пет пати е прогласува на текстописец на годината на манифестaцијата „12 Величествени“, а во 1998 година ја доби и „Златната Буба Мара на популарноста“ за најдобар текстописец таа година. Трипати е добитник и на наградата за најдобар автор на фолк текстови во Македонија.

Автор е на „Монографијата за Спомен куќата на Тодор Проески“.

Автор е на Либретото за мјузиклот „Тајно моја“.

Автор е на романот за тинејџери „Ловци на лажни вести од зграда 39“.

Ко-сценарист е на краткиот игран филм „Жарче“, во режија на Томислав Алексов.

Сценарист на краткиот филм „ФАУСТ ВО Д МОЛ“.

Работи во Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.