ШТО ЗА МЕНЕ ЗНАЧАТ КРАТКИТЕ КНИЖЕВНИ ФОРМИ И КОГА ГИ КОРИСТАМ ВО НАСТАВАТА?
За повозрасните генерации, особено за оние кои завршиле во образование како учители, читањето и пишувањето им било и сеуште им е дел од животот, некаков сопствен терен на кој се чувствуваат сигурни, самостојни и свои.
Мислам дека книжевноста изобилува со дела кои би можеле да ги оквалификуваме како наука. Тема во тие дела е животот на некој значаен научник, некоја природна појава, настан, експеримент, парадокс и др.
Книжевно – научните дела имаат особини од книжевноста и од науката.
За ученици од основно образование, особено се важни книжевно – научни кратки форми бидејќи се одлична подлога за поттик на развојно говорно изразување,
развој на мислење, логичко и критичко мислење и заклучување, разбирање на природните појави и закони, учење и восприемање информации на
поинтересен начин.
Кратки книжевни форми создаваат пријатно чувство, даваат леснотија на материјалот, поттикнуваат на разговор и делуваат мотивирачки, а самите налагаат јасни, куси искази без многу описи и се лесни за прераскажување.
На научните теми не им прилега раскошно опишување, појаснување ниту воведување на споредни додатни елементи. Тие инсистираат на јасност, енергичност и фокусираност само на една тема, една идеја и по неколку ликови,
во зависност од тоа што сакаме да постигнеме.
Често користиме есејски прашања и одговори кои се однесуваат на некој научен проблем, закон или појава. Дневник или портфолио на ученик или наставник исто така би ги сместила во кратките книжевни форми. Дневникот е искрен и непосредно напишан, со место, датум и опис на секоја случка во текот на едногодишното и/или повеќегодишното работење. Всушност претставува лична историја на настани и постигнувања, а формите на изразување можат да бидат најразлични, во вид на песна, слика, расказ, само податок со датум и наслов на случката.
Понекогаш ја користиме биографијата како кратка книжевна форма, кога по некој повод сакаме да му одадеме чест на наш колега па пишуваме за спомени користејќи докази од училишен дневник или од албуми со стари фотографии. Правиме интервјуа со колегата за кого пишуваме биографија и со неговите соработници. Биографиите се исклучиво вистинити и ништо не измислуваме или додаваме, секој исказ е поткрепен со доказ. Дали со користење на народни приказни, митови, легенди, анегдоти и/или по некој виц. Се со цел полесно да се совлада градивото и да остане во трајните сеќавања на учениците.
Првите чекори на било каков напис се најтешки, колку и да сме инспирирани или сме со желба нештата да ги претставиме што поедноставно и поразбирливо. Битно е да одредиме со која намена го пишуваме текстот, колку ликови ќе ни бидат потребни за да ја претставиме најоптимално содржината за да не биде заморна, но ни сиромашна. Кога ќе ги одредиме потребите, веќе ќе е полесно, ќе дозираме со одземање или додавање, особено ако оние за кого пишувате се тука покрај вас и веднаш истото можете да го проверите.
Примери од форум театри, биографија, училишен весник:
“На бродот Земја не постојат патници – сите сме екипажот” – link (http://skr.rs/z7rX)
“Големи волшебства од мали волшебници”, форум театар – link (http://skr.rs/z7rc)
“Од дневникот на една учителка”, биографија – link (http://skr.rs/z7r8)
“Портфолио”, дневник на работа во еден проект – link (http://skr.rs/z7ri)
“Цутови”, училишен весник – link – (http://skr.rs/z7rm)
“Мојата татковина – Лешок”, репортажа – link (http://skr.rs/z7rN)
“Шарко и Жапко го спасуваат светот”, песна – link (http://skr.rs/z7rG)
Уште многу примери, описи на демонстрации и експерименти,
трудови на тема наука, екологија и инклузија.
Аида Петровска, наставник по физика, ООУ “Димитар Миладинов”, Скопјe