Славица Дабевска Ќировска
Славица Дабевска Ќировска е родена во Тетово. Пишува поезија и проза.
Творештво:
„Булки покрај пругата“ (поезија, 2011)
„Венчаница“ ( поезија, 2012)
„Душа која грее“(поезија, 2012)
,,Само ѕвездите знаат“ (поезија, 2013)
,,Зелениот Капут“ (роман, 2016)
,,Срна“ (роман, 2020)
Својата поетска даровитост поетесата ја претстави на читателската публика на бројни настапи на поетските средби во Македонија, Србија, Босна и Херцеговина.
Досегашното поетско умеење е претставено на литературни портали, повеќе пати наградувана и пофалена на поетските средби за што зборуваат бројни дипломи и многу бројни зборници во кој е застапена.
Добитник на: Прва награда Велимир Раиќ – Алексинац(2015), Втора награда за Мисловна поезија Барајево (2015), Прва награда за учество на меѓународниот книжевен сабор Кирилица Огледало Српске Душе – Велики Поповац (2014), Втора награда за Духовна Поезија – Раковица (2014), Повеља, Миљковиќевих Вечери – Скулптура Теодора (2014), Втора награда Вихор – Дервента(2014), Трета награда на Меѓународниот поетски конкурс ,, Белоцветни Вишни- Казанлах – Р. Бугарија (2013).
Целата творечка енергија ја насочува во создавањето на уметнички дела па покрај пишување се искажува и во музиката и во сликањето. Знаењето и умеењето го посветува во воспитување и образование на учениците, зошто работи во образовниот систем во Македонија. Член да Друштвото на писатели на Република Македонија. Живее, работи и твори во Тетово.