Иванка Апостолова
Вонреден професор д-р Иванка Апостолова (визитинг професор на Факултетот за арт и дизајн, Европски универзитет во Скопје).
Иванка Апостолова дипломира (2004) на Катедрата по Историја на уметност со археологија на Филозофскиот факултет, на УКИМ во Скопје. Своите постдипломски студии ги заврши со докторат на Одделот за Историска антропологија (Ликовна антропологија) на ИСХ-Факултета за подипломски штудиј во Љубљана со изборни модули по сценографија и драматургија на АГРФТ, на Универзитетот во Љубљана, Словенија (2010). Нејзиниот докторски труд е насловен: Театарска антропологија во современиот словенечки театар (2004-2010); ментор: Проф. Блаж Лукан, АГРФТ Љубљана). Во периодот од 2011 до 2013 работи како истражувач и раководител на Одделот за Студии на културата на Институот за хуманистички истражувања Евро Балкан од Скопје. Во периодот од 2015/2018 работи како координатор за меѓународни соработки во Агенцијата за филм на Р.М, фестивалски координатор на Фестивалот на филмска камера-Браќа Манаки, програмски директор, на Фестивалот за креативни индустрии Скопје креатива, комесар на Македонскиот павиљон Ничија земја на Стоун дизајн на Венецијанското биенале за архитектура. Во периодот од 2013 до денес таа е програмски продуцент и раководител на Македонскиот центар на ИТИ/ПРОДУКЦИЈА (едукација, промоција, издаваштво, видео театарска продукција, комуникација). Од 2014 до денес таа е визитинг професор по Историја на уметност и дизајн, Современа уметност на ФАД/ЕУРМ. Нејзините стручни и научни трудови, есеи, интервјуа објавени се во повеќе домашни и меѓународни списанија и се претставени на повеќе меѓународни конференции и семинари (World of Theater, Monitor ISH, ИДЕА, СУМ, The Soul of the American Actor, Camera Lucida, Theatre Abroad, PlatformaSCCA, Маргина, Стрипбурек, Театарски гласник, Кинопис, Современост, SiGledal, Identities EUBA, Trans Europa Express, Zivot umjetnosti, ZK – magazyn, Vreme Radio študent, Wog art, Kritika Etc, Cultural Radio, Мугри). Од 2013 до 2016 беше регионален уредник за Медиантроп – регионален е-магазин за нови медиуми и култура од Белград, Србија. Од 2017 до денес таа е регионален уредник за глобалното е-списание за театар и изведбени уметности The Theater Times.USA. Таа е автор на книгите и еКниги: Theater Comics, In Search of Lost Director-Utopian Set Designs, Antropologija izkusnje v gledalischu. Таа е уредник на едициите на Македоснкиот центар ИТИ/ПРОДУКЦИЈА: Personal Futurism/Public Politics; Poor Little Rich Drama; Translating Visual Dramaturgy… Апостолова преведува белетристика и стручни книги од словенечки јазик, нејзините преводи се поддржани од ЈАК, Традуки и Министерството за култура на РМ. Таа е член на повеќе меѓународни асоцијации, друштва и мрежи: ZDUS Slovenia, ИТИ/УНЕСКО, ИКОМОС, АИКА, ЗПРМ, COST/ISTME, LODEPA, ENICPA, PASSAGE 23E.
Фестивали (селекција): Festival Angouleme (стрип); Stripburger Fest во Равена 2002 (стрип изложба); Сценофест/Прашко квадриенале 2011 (ментор на работилница); МОТ Скопје, 2018 (промоција на книга); Сарајевска зима 2019 (промоција на книга); Фестивал на камерен театар Ристо Шишков, 2020 (видео театар); Фестивал на експериментален театар во Шангај, НР Кина (2020).
Практично искуство во театар (2004/2020, Словенија, Македонија – селекција): Соработки на театарски претстави како визуелен драматург на сценографија, костими, дизајн на кукли, графички дизајн и видео: Петтиот чин во режија на Нико Горшич; Брата во режија на Ален Јелен; Орестеја во режија на Јернеј Лоренци (асистентка на Бранко Хојник); Љубезен на смрт во режија на Матјаж Пограјц; Деклица з виолино во режија на Борис Кобал, Боље тич в роки кот тат на стрехи во режија на Матјаж Зупанчич (асистентка на Јања Корун). Креатор и продуцент на видео театарски проекти: Дисперзирана драматика (Сирота мала богата драма во Кратово-драми во движење); Дисперзирана драматика во Скопје (театарот во креативните индустрии); Дестинација Скопје-Габрово.
Стрип, илустрации, цртежи, колажи (1997/2020, Словенија, Македонија – селекција): Самостојни и групни изложби во Мала галерија Скопје, Кинотека на Македонија, Отворено графичко студио, Музеј на Град Скопје (куратор), Музеј на современа уметност, КЦ Точка; Центар за современи уметности Дунајварош, Унгарија; Гледалишки музеј Љубљана (куратор), КУД Франце Прешерн Љубљана, Фестивал Рдече Зоре-Метелкова место Љубљана, КУД Шишка Љубљана… Објавени стрипови во списанијата: Стрипбургер, Стрипбурек, Апокалипса, Контејнер, Милк & Вотка, Република, Блесок, Лифт, Град, Студентски збор, Antologija: Zenski strip na Balkanu, Фибра, Загреб.
Грантови, резиденции и фелоушип (селекција): i-Portunus Berlin, Hamburg; K&S Gallery Berlin; Prevajalska rezidenca Dane Zajc Ljubljana; CEEC 14+1 China 2017.
Награда: Во 2011 г. Апостолова е наградена со наградата Љупчо Филипов на Македонскиот стрип центар, Велес за меѓународна промоција на македонскиот стрип.
Истражувачки интереси: современ театар, визуелна драматургија, драмско пишување и драматургија, филм, историска антропологија на ликовното, модерна ликовна уметност на 20 и 19 век, општа историја на уметност, современ стрип, видео театар, женско читање на филм, ТВ, театар.
Имејл. ivankaapostolova@gmail.com
Вебсајт. https://eurm.academia.edu/ivankaapostolova,
https://thetheatretimes.com/author/i-basker/