Ели Маказлиева

Ели Маказлиева

 

м-р Ели Маказлиева е родена во Битола, каде завршува основно и средно (гимназиско) образование. Високо образование завршува во Скопје, на УКИМ, Филозофски факултет на Институтот за педагогија и постдипломски студии со што се стекнува со звањето Магистер по педагошки науки.

По дипломирањето работи како воспитувач, училишен педагог, за поголемиот дел од работниот век да го помине како уредник и главен и одговорен уредник во издавачката куќа ПРОСВЕТНО ДЕЛО, Скопје (1987 – 2013).

Последните години беше и вонреден професор, предавач на Универзитетот Американ колеџ во Скопје (УАКС) како професор по педагогија на студентите со наставна насока – англиски јазик.

По долгогодишното искуство во пишувачката и издавачката работа, во 2013 година ја основа издавачката куќа ЕДУКА МАК и е Претседател на уредувачкиот и редакциски одбор во истата до денес.

Била Претседател на ЗДРУЖЕНИЕТО на ИЗДАВАЧИТЕ и КНИЖАРИТЕ на Република Македонија, од 2007-2012 година.

Член е на ДРУШТВОТО НА ПИСАТЕЛИ НА МАКЕДОНИЈА.

 

Во текот на своето работење, учествувала во реализацијата на многу работилници и проекти како координатор, тим лидер на меѓународни проекти и раководител.

Учествува на многу меѓународни конференции и конгреси во земјата и странство а нејзините трудови се објавени во преку 40 зборници и меѓународни списанија.

Добитник е на многу сертификати, признанија,  благодарници, дипломи.

Добитник е на повеќе награди на национално ниво: Награда „СТРУШКО ИЗГРЕЈСОНЦЕ“ за најдобра поетска книга за деца „ВЕСЕЛИ ПЕСНИ СО БУКВИТЕ ЛЕСНИ“ (2016); Награда за најдобра поетска творба за возрасни „ЕЗЕРОТО“ на ОХРИДСКИ ПОЕТСКИ БИСЕР (2018); Прва награда за најдобар краток расказ со наслов „Планина од полски цвеќиња“ од ОЖ на Општина Битола (2019); ТРИ НАГРАДИ за најдобри книги за деца во 2018 година, на ОХРИДИЈАДА 2019;  Награда за печатење на  поетската книга за возрасни „ ЗДИВОТ НА СТРАСТА“ на Дата песнопој (2020) и други.

Дел од нејзините книги се преведени на англиски, српски, албански и турски јазик, а книгата за деца „ЕКОДЕТЕ ПРИКАЗНА ПЛЕТЕ“ е преведена на бугарски јазик (2020)

 

Автор е на повеќе литературни проекти и тоа:

АВТОР е на идејата и реализацијата на проектот – литературната манифестација – ФЕСТИВАЛ НА ПОЕЗИЈА ЗА ДЕЦА „СТИХУВАЛКИ 2018“, „СТИХУВАЛКИ 2019“ и „СТИХУВАЛКИ 2020“ поддржан од Министерството за култура на  РСМ.  Истовремено е координатор, програмски уредник и организатор на истиот проект.

АВТОР е на проектот „ДЕНОВИ НА МАКЕДОНСКАТА ЛИТЕРАТУРА ЗА ДЕЦА – КИЦ на РСМ во Софија 2019 и 2020“ поддржан од Министерство за култура ма РСМ (Област-меѓународна соработка).

АВТОР е на проектот „КНИГА ЗА СЕКОЕ ДЕТЕ“ во рамки на проектните активности од областа на културата во интерес на Градот Скопје  „Од  центарот кон периферијата:Културата како алатка за социјален развој“, поддржан од град Скопје, за чија цел напиша публикација за воспитувачи и родители „Влијанието на литературата за деца во нивниот развој“.

 

Со пишување се занимава целиот свој живот, па освен што пишува поезија за деца и возрасни и проза за деца, пишува и учебници, прирачници за деца и ученици.

Со свои поетски творби настапува на бројни поетски и литературни манифестации во земјата и надвор. Дел од нејзини песни се објавени во 30 антологии и книги како и во 90 списанија за деца, учебници и зборници. Има објавено над  40 стручни трудови во различни зборници, преку учество на бројни конференции, конгреси, симпозиуми, стручни собири.

Идеен творец е на списанијата за деца  „СМЕШКО“ (2913-2016) и „СУПЕР СМЕШКА“ (2016 –до денес), каде редовно пишува текстови и стихови за деца.

АВТОР И КОАВТОР е на над 60 објавени наслови –книги со различна содржина од кои:

25 книги (поезија и проза за деца и возрасни), 18 прирачници-едукативни книги за деца од предучилишна возраст (објавени од 1992 -2019), како и на првата Македонска илустрирана енциклопедија за деца (2017), 16 учебници и прирачници за ученици од основно и средно образование објавени во периодот од 1990 до 2009 година и 3 други книги за возрасни. Магистерскиот труд со наслов „Дидактички компоненти на учебникот“е објавен во 1995 година како книга-учебничка литература за студентите на Институтот за педагогија.

 

 

БИБЛИОГРАФИЈА

 

ПОЕЗИЈА ЗА ВОЗРАСНИ:

  1. „Интерни стихувања“ (1992);
  2. „Големото чекање“ (1993), НИО Студентски збор;
  3. „Сон недосонуван“ (1999), Матица Македонска;
  4. „Замисленото море“ (2002) Македонска книга;
  5. „Непознавање на познатото“ (2007), Дирекција за култура и уметност;
  6. „Мирисот на добрината“ (2019), ФЕНИКС;
  7. „Здивот на страста“ (2020) ДАТА ПЕСНОПОЈ, Битола.

 

ПОЕЗИЈА ЗА ДЕЦА:

  1. „Распеана броенка“ (1998)- сликовница во стихови, Просветно дело;
  2. „РАДОСНИЦА“ (2010) во првата година… My Baby Record Book. Римувани стихови, Просветно дело & Hinkler Books Pty LTD;
  3. „Новогодишна шумска прослава“ (2013)- сликовница во стихови;
  4. „Шумска олимпијада“ (2014), сликовница во стихови;
  5. „Песни и сказни за овошја и зеленчуци разни“ (2014) – сликовница во стихови;
  6. „Новогодишни детски желби“ (2014)- сликовница во стихови;
  7. „Новогодишна елка“ (2015) – сликовница во стихови;
  8. „Весели песни со букви лесни“ (2016) – сликовница во стихови;
  9. „РАЗИГРАНИ ЧАДОРЧИЊА“ (2016) – збирка поезија за деца;
  10. „Новогодишен подарок за Перко“ (2016) -сликовница во стихови;
  11. „ПЧЕЛКИ НА РОЛЕРКИ“ (2017) – збирка поезија за деца;
  12. „ГАТАНКИ погодувалки-пишувалки“ (2018), книга за деца;
  13. „ВЕСЕЛИ ВАГОНИ НИЗ ЧЕТИРИ СЕЗОНИ“ (2020) – поезија за деца;

 

ПРОЗА ЗА ДЕЦА:

  1. „4 ГОДИШНИ ВРЕМИЊА“ (2015) – книга со раскази и стихови за деца;
  2. „Авантурите на мачорот Перко“(2017) – раскази за деца;
  3. „Македонска илустрирана енциклопедија за деца“ (2017);
  4. „Среќен роденден“ (2019) – книга со раскази за деца;
  5. „ВОЛШЕБНАТА САНКА“(2019) – сликовница за деца;

 

Автор е и на 10 едукативни боенки и сликовници за деца од предучилишна возраст.