Skip to main content

ЈОАНА ШИШКОВА – МЕДАРОВСКА

 

Родена е на 29.09.1979 година во Скопје.

Магистрирала на Филозофскиот факултет во Скопје, на Интеркултурни студии.

Организација и учество на детски интернационални културни збиднувања во рамките на Културно Едукативниот Центар „СЦЕНА“ :

  • Меѓународен балетски фестивал „Со љубов за танцот“, Пловдив, Бугарија, 2007
  • Меѓународна културна манифестација „Радоста на Европа“, Белград, Србија, 2008
  • Интернационална културна манифестација, Тулуз, Франција, 2008
  • Меѓународен балетски фестивал „Со љубов за танцот“, Пловдив, Бугарија, 2009
  • Интернационална детска танцова манифестација, Хрватска, 2010
  • Интернационален танцов натпревар, Загреб, Хрватска, 2010
  • Меѓународен балетски фестивал „Со љубов за танцот“, Пловдив, Бугарија, 2011

Организирано учество на национални настапи на Културно едукативниот центар „СЦЕНА“:

  • Годишна презентација и организирање на завршни концерти (во текот на 9 годишно постоење на СЦЕНА) на сцената на МНТ-Театар Центар
  • Уметничка презентација во промоцијата на книгата на г-ѓа Славка Манева во салон 19/19, 2004, Скопје
  • Уметничка презентација во промоцијата на поемата на г-ѓа Вера Јоциќ, 2005, Скопје
  • Копродукција на танцот и глумата во театарската претстава „12 приказни за Божиќ“, МНТ – Театар Центар, 2007, Скопје
  • Танцов перформанс во рамки на модниот спектакл на оперската пејачка Милка Ефтимова, во Универзална сала, 2009, Скопје
  • Културен перформанс на „СЦЕНА“ во Културен Дом, 2011, Радовиш
  • Грчко-македонски проект „Заедно во минатото и денес“, МКЦ, кино Фросина, 2011, Скопје
  1. Организиран семинар по класичен балет под репетиција на балетскиот професор Елеонора Стебљак и пијанистката Викторија Глушченко, од Киев, Украина
  2. Организиран семинар по класичен балет под репетиција на балетскиот професор Бернард Урсо и професорот по модерен балет Вики Урсо, од Тулуз, Франција
  3. Организација на мноштво курсеви за деца и младинци по класичен балет, модерен балет, современ балет, пијано курсеви, курсеви по соло пеење, курсеви по глума, виолина, тапани, гитара, аеробик и соработка со имиња како Зоран Велевски, Зоица Пуровска Велевска како основоположници на „Сцена“, Елисавета Кушовска, Ѓурѓица Јовановска, Јасмина Чакар, Марија Писинова, Милка Ефтимова, Ади Имери, Марин Бабиќ, Тони Михајловски, Александар Микиќ, Александра Димитриевска, Пепи Ренџов, Милица Максимов, Ивона Зинзировска, Афродита Кипријановска, Васил Шишков, Магдалена Ризова-Черних и многу други.

Лично учество на културни настани:

  1. Дел од организациониот одбор на Меѓународниот Фестивал на Камерен Театар „РИСТО ШИШКОВ“ – Струмица, 2013 – 2023 година

Конкретни иницијативи од културен аспект:

  1. Награда за најдобро писмо на конкурсот „Напиши писмо со ракопис на срцето“, доделена од Агенцијата за Пошти, 23 мај 2014 година, Скопје
  2. Промоција на својата прва книга поезија КРЕАТИВНА БУРЛЕСКА во Струмица, во рамки на ФКТ „Ристо Шишков“, 11.09.2017 година
  3. Промоција на втора книга поезија КРЕАТИВНА БУРЛЕСКА во Крива Паланка, во рамки на IX Меѓународен театарски фестивал „Св. Јоаким Осоговски“, 18.09.2017 година
  4. Промоција на истата книга поезија КРИЛЕСТИ ОДАИ во Струмица, во рамки на ФКТ „Ристо Шишков“, 10.09.2018 година
  5. Промоција на втора книга поезија КРИЛЕСТИ ОДАИ во Крива Паланка, во рамки на X Меѓународен театарски фестивал „Св. Јоаким Осоговски“, 17.09.2018 година
  6. Издавање на магистерскиот труд под наслов ИНТЕРКУЛТУРНА КОМУНИКАЦИЈА НА ТАНЦОВИ ИДЕНТИТЕТИ, 2021 година