Skip to main content

Христо Петрески

 

Проф.д-р Христо Петрески е роден на 4 февруари 1957 година, во Крушево. Магистрирал културологија во книжевноста на Институтот за македонска литература при Универзитетот “S“.Кирил и Методиј” – Скопје, на тема “Хаику поезијата – меѓу елитното и масовното”. Докторирал на тема “Авторска бајка – компаративна анализа” (методички и дидактички науки). Redoven професор е na Univerzitetot Europa Prima – Skopje и директор на Институтот за nauka, alternative, kultura i umetnost – Скопје.

Научни изданија: “Зошто хаику” (“Феникс” – Скопје, 2011), “Авторска бајка – компаративна анализа” (“Феникс” – Скопје, 2013), “Театарот како имагинарен остров” (“Феникс – Скопје, 2013); “Ликовната уметност е она што (не) се гледа” (“Феникс” – Скопје, 2015); “Фотографијата, сликарството и филмот како манипулација и пропаганда” (“Феникс” – Скопје, 2016); “Методологија на научно-истражувачка работа” (“Феникс” – Скопје, 2018); “Традиционално и електронско издаваштво” (“Феникс” – Скопје, 2019), “Театарот како режија на светот” (Универзитет ЕСРА – Скопје, 2017).

Критики и есеи: “Споени садови” (“Наша книга” – Скопје, 1986), “Македонска филмска критика” (ЕСРА – Скопје, 2011), “Македонска театарска критика”(ЕСРА- Скопје, 2011),

Публицистика: “Дванаесет горостаси” (“Млад борец” – Скопје, 1983), “Собеседници” (“Наша книга” – Скопје, 1989), “Виртуелно огледало”(“Феникс” – Скопје, 2010), “Колумни што не се мачкаат на леб” (“Феникс” – Скопје, 2013), “Карневали и карневализација” (“Феникс” – Скопје, 2015).

Антологии и избори: “Вишнеења” (родољубива поезија, “Млад борец” – Скопје, 1980), “Визија на целината” (светски краток расказ, “Мисла” -Скопје, 1992), “Белиот фустан” (светска куса проза, “Феникс” – Скопје – 2001), “Во стварноста е реалноста сосема поинаква” (светски графити, “Феникс” – Скопје, 2002), “Подарок од срцето” (љубовни песни и писма, “Феникс” -Скопје, 2003), “Антологија на современиот македонски расказ” (“Феникс” – Скопје, 2012), “Антологија на драмски текстови за деца и млади” (“Феникс” – Скопје, 2013), Антологија на најсовремената македонска поезија за деца и млади “Тоа сум јас” (“Македонија презент” – Скопје, 2017), Избор од најновата македонска поезија за деца и млади “Нови штурци” (“Македонија презент” – Скопје, 2017).

Од 1982 година е основач и директор на Издавачката куќа “Феникс” – Скопје и Фондацијата за научна и културна афирмација и презентација “Македонија презент” – Скопје. Член е на Друштвото на писателите на Македонија од 1985 година, а сега е член и на неговото Претседателство. Еден е од основачите на списанието”Стожер” и манифестацијата “Празник на липите” при Друштвото на писателите на Македонија. Сега е главен и одговорен уредник на тематското книжевно списание “Тренд” и научното книжевно списание “Книжевна Академија”. Почесен член е на Друштвото на писателите на Србија. Член е на Здружението на новинарите на Македонија од 1979 година.

Награди: за стихозбирката “Камен јазик” – награда”Ацо Шопов”, за новинарство – награда “Крсте Петков Мисирков”, за книгата за деца “Скопскиот трамвај” – награда”Васил Куноски”, за книгата”На умните не им требаат скали за качување” – награда “Ванчо Николески”, за книгата “Пирамида. Лавиринт” – награда “Крсте Чачански”, за романот “Лифтот (не) е за двајца” – награда “Рациново признание”, за книгата “Погрешен човек” – награда “Иво Андриќ”, за книгата “Прашалник” – награда “Јован Котески”, за книгата “Златното јаболко и други бајки” – награда “Вермилион”, за книжевен опус – награда “Гоцевата повелба”, награда “Гогољ” – за творечки опус, награда “Гран при” за книжевен опус на Мелничките вечери на поезијата, награда “Книжевно перо” – за романот “Лифтот (не) е за двајца”, награда “Современост” за книжевен опус, награда “Ерго Сум” – за најдобра публикувана серија театарски критики, награда “Македон” – за афирмација и презентација на македонската литература и култура во странство, награда “Урбан”-за афирмација на македонската урбана култура, награда “Поетска муза” за поетско творештво, награда “Ѕвезден Македониум” – за развој на македонската национална култура и литература, за поезија – награда “Наим Фрашери”, за хаику песни – награда на Книжевната општина Вршац, меѓународна награда “Мисаоник” за книжевен опус на Книжевната заедница од Сремска Митровица, награди на Друштвото на писателите на Македонија за најдобра песна и есеј, награда на Културно-просветнатазаедница на Македонија за критика, награда на Републичката конференција на младите на Македонија, награда “Феникс” на општина Центар, прва награда за хаику поезија во Мелник (Бугарија) и други награди и признанија.

Преводи и препеви: на српски, хрватски, словенечки, бугарски, француски, англиски, германски, словачки, русински, албански, турски, руски и други јазици.

Покрај литературно творештво, пишува книжевна, филмска и театарска критика, колумни и есеи.

Христо Петрески е учесник на бројни научни собири во земјата и странство и негови стручни и научни трудови се објавени во голем број зборници, списанија, електронски портали и други печатени изданија.

Стручни и научни трудови:

  1. Книжевноста за деца – некои нови авторски бајки, Научен собир на Учителскиот факултет во Врање при Универзитетот во Ниш (Србија), 2013 година
  2. Улогата и функцијата на саемите за книги во воннаставните, но и во наставните активности, Научен собир на Учителскиот факултет во Врање при Универзитетот во Ниш (Србија), 2014 година
  3. Иво Андриќ за Македонија, Научен собир на Факултетот за педагошки науки во Јагодина при Универзитетот во Крагуевац (Србија), 2015 година
  4. Културниот туризам меѓу реалното и можното, Научен собир на Универзитетот Св. Апостол Павле – Охрид, 2013 година
  5. Македонските писатели кои создаваат во Србија, Научен собир за српско-македонските културни односи и врски, Битола, 2013 година
  6. Македонија во творештвото на српските писатели, Македонската книжевност во српските весници и списанија, Научен собир за српско-македонските културни односи и врски, Битола, 2014 година
  7. Македонската книжевност во српските весници и списанија, Научен собир за српско-македонските културни односи и врски, Битола, 2015 година
  8. Аудио-визуелните уметости – вектор на мирот, Научен собир одржан во Битола, организџиран опд УНЕСКО и ЕСРА, 2013 година
  9. Македонско-српски културни врски и односи, Научен собир одржан во Сомбор, 2016 година
  10. НОВИТЕ КОМУНИКАЦИИ – ЗАКАНА ИЛИ ПЕРСПЕКТИВА ЗА ПОЕЗИЈАТА, или: Поезијата како медиум и другите медиуми
  11. НОВОТО И НЕОБИЧНОТО ВО СОВРЕМЕНАТА АВТОРСКА БАЈКА
  12. СЕ ОТКРИВА СЕТА УБАВИНА НА ВРЕМЕТО…, или: во потрага по убавината низ Антологијата на македонската поезија – дваесетти век
  13. НОВИТЕ ПЕСНИ НА ГАНЕ ТОДОРОВСКИ ЗА КОЧО РАЦИН
  14. БАЈКИТЕ НА ИВАНА БРЛИЌ – МАЖУРАНИЌ
  15. ПРОЛЕГОМЕНА ЗА УБАВОТО И УБАВИНАТА ВО СОВРЕМЕНАТА МАКЕДОНСКА ПОЕЗИЈА

Уредување:

Заменик главен и одговорен уредник на Меѓународното списание Диоген про култура – Сараево (Босна и Херцеговина)

Главен и одговорен уредник на Меѓународното научно списание Книжевна академија – Феникс (Скопје)

Главен и одговорен уредник на списанието Тренд – Феникс (Скопје)

Функции:

Директор на Мултимедијалната колонија – Битола

Директор на Меѓународниот филмски фестивал Скрипт фест – Скопје