Ерол Туфан – роден 1959 во Гостивар.Студирал право во Скопје и Конија. Во 1992 се иселил во Турција. Работи како самостоен адвокат во Истанбул. Поет, есеист и преведувач. Досега на македонски јазик ги објавил збирките поезија: „Балкански син “ ( 2013) , „Камчето од Вардар“ (2016) и „Ликовите во мене “ (2021), есеите „Книгољубецот“ ( 2011) и есеизираните поетизации „Несоници“ (2020). Во 2020 во Скопје објавен му е двојазичен поетски избор на македонски и турски, именуван како „Меланхолија“. Во Белград на српски јазик објавен му е избор од поезијата „Ерол трагом Ерола“ ( 2016) и книга есеи „Књигољубац “ (2017). Во Истанбул во печат му е стихозбирката „Hülya bitince”. Член е на ДПМ, УКС и ВТП.