Весна Бошковска
ТВОРЕШТВОТО ЗА ДЕЦА И МЛАДИ
Литературата за деца и млади како што теоретичарите на литературата милуваат да кажат е доста комплексно и слоевито подрачје кое бара посебни пристапи и исклучително суштествена интерпртација. Не смееме да заборавиме дека литературата за деца и млади е еден многу сериозен сегмент во литература и образовниот систем. Ако не ги научиме децата да читаат и да и’ се посветуваат на литературата, тогаш не можеме да очекуваме и да бидат сериозни читатели подоцна, кога тие ќе станат возрасни. ‘Овчарче’, ‘Македонче’, ‘Пионери и пионерки, бубачки и шумски ѕверки’, и поемата ‘Мице’ – тоа е првата низа од лектири од авторите Лазо Каровски, Ванчо Николевски и Славко Јаневски отпечатени уште во 1946 година. Деца сѐ уште уживаат и растат на пример со ‘Зоки Поки’ од Оливера Николова, со ‘Големи и мали’ на Бошко Смаќоски, ‘Касни порасни’ на Петре М. Андреески и ред други приказни и сликовници. Во последниве години се појавија нови детски писатели и илустратори. Читателската детска публика е најискрена и најотворена. Децата не знаат да лажат, тие се искрени , чисти и отворено ќе кажат што ми се допаѓа или што не им се допаѓа. Кога ги обработуваме лектирите децата веднаш кажуваат што им се допаднало истакнуваат најинтересн дел. Децата знаат да истакнат и што не им се допаднало,зошто не им се допаднало. Знаа да бидат добри критичари. Низ годините Македонската литература за деца и млади се развива, таа е динамична. Со цел творештвото за деца и млади да биде се побогато и поразновидно евидентна е соработката на цели тимови кои ги создаваат тие дела. Да се стимулира едно дете да чита не е доволно да му се кажува колку е тоа важно или добро. Читањето кај децата треба да биде процес на комуникација со возрасните , уште додека се најмали. Читајќи, преку различни прашања можеме да ги стимулираме да размислуваат за приказната и надвор од неа. Така ќе им се поттикне љубопитноста. Потребно е да се остави простор за разговор помеѓу возрасниот и детето. Приказната да почне кога ќе се затвори книгата. Потребно е да се остави простор да се роди нова приказна. Да се излезе од зоната на удобност, да се сонува, да се фантазира. Потребно е да се создаде интеракција помеѓу авторот и детето, со вметнување на приказни кои авторот не ги напишал а можеби требало да ја поттикне креативноста кај детето да ја созаде таа приказна без разлика дали тоа ќе биде со употреба на повеќе илустрации кои се многу важни посебно кај децата во предшколска и рана школска возеаср, дали преку поттикнување на игра, потребно е да се создаде нешто ново и интересно. Кога детската читателска публика ќе го почувствува тоа ново, креативно, интересно и возбудливо говориме дека литература за деца и млади е посакувана литература за најмладата и најискрената читателска публика.
м-р Весна Бошковска
Одделенски наставник
ООУ,,Кирил Пејчиновиќ,, – Кисела Вода, Скопје