ПОЗИТИВНИ ПРИМЕРИ ОД УЧИЛИШНАТА ПРАКСА (1)
Ученикот Д.П. има оштетување на слухот и носи слушен апарат.
Родителите се определиле да посетува редовно училиште.
Набрзо наставничката забележува дека кога дава инструкции за сите ученици, Д.П. треба посебно да го гледа директно во очи.
На тој начин, преку невербална комуникација, наставничката гледа и знае дали ученикот ја разбрал, или треба да ја повтори задачата за него.