ШТО Е АУТИЗАМ

ШТО Е АУТИЗАМ

 

Аутизмот се одликува и се препознава преку недоволната или никаква социјална интеракција и комуникација, како и преку ограничените и повторувачки обрасци на однесување.

Кај некои лица аутизмот се манифестира преку нагласено молчење, лупање со рацете или нишање со телото, отсутност и незаинтересираност и ретка и посебна (педантна, речиси идентична и истоветна) комуникација.

Раното откривање на аутизмот (во првата или втората година од животот) може да му помогне на детето да стекне одредени социјални вештини и делумна самостојност.

Втори април е Светски ден на аутизмот, а статистички аутизмот се повеќе се омасовува, па еден до два случаи се појавуваат кај 1.000 лица.