УЛОГАТА, ЗАДАЧАТА И ФУНКЦИЈАТА НА РОДИТЕЛИТЕ

УЛОГАТА, ЗАДАЧАТА И ФУНКЦИЈАТА НА РОДИТЕЛИТЕ

 

Родителите се тие кои им го даваат правото на сите други – да се занимаваат со рехабилитација и третмани на нивните деца.

Затоа, неопходен е добар, партнерски однос со родителите, кои имаат пресудна улога и задача во сите сегменти и аспекти на грижата за нивните деца.

Уште повеќе што не треба да се потценува и елеминира знаењето, вештината и искуството на родителите, од страна на стручњаците, воспитувачите и наставниците.

Иако родителите често се пристрасни и не се во можност објективно да го согледаат сопственото дете со сите негови предности и недостатоци.

Но, експертите многу често се ставаат себеси во посупериорна позиција и ја губат довербата на родителите претворајѓи ги нив во пасивни и неми набљудувачи, а не активни чинители и соработници.

Вратата за комуникација и соработка со родителите воопшто не смее да се затвора, затоа што сето тоа се враќа како бумеранг.