РАБОТИЛНИЦА ЗА КРЕАТИВНИ И ЕДУКАТИВНИ СЛИКОВНИЦИ

Институт за наука, алтернатива, култура и уметност “ИНАКУ” – Скопје

Работилница “Сликовниците и другите едукативни и креативни материјали и надгледни средства во воспитанието и образованието”

Скопје, 28 февруари 2022 година

 

Едукативниот центар Феникс, во соработка со Институтот за наука, алтернатива, култура и уметност ИНАКУ од Скопје,  денес започнува со организирање работилници.

Првата работилница е за изработка на креативни сликовници од филц.

Сликовниците се едукативни и креативни и се наменети за најмладите и нивните најблиски.

Децата и учениците со помош на сликовниците, преку учење низ игра ја развиваат креативноста, ја будат фантазијата, ги задржуваат вниманието и концентрацијата и се оспособуваат за самостојно креирање и изработување свој производ за лична употреба и подарок.

Сликовниците се креативни и едукативни, а сликовниците од филц уште се нарекуваат тактилни (значи со допир), тивки (поради тивкоста при создавањето, но и при играта со нив, како и живи поради веселите и живи бои и необични и специфични креации.

За да се создадат овие сликовници од филц, а може и од памук и од други органски и еколошки материјали, потребна е имагинација.

Фантазијата преку овие сликовници се претвора во реалност и станува стварност.

Се буди, поттикнува и развива фантазијата, креативноста и едукативноста и се создава еден вид книга – играчка, пријател и неразделен дел од играта, учењето и детството.

Тоа е тој весел, шарен и волшебен свет, што се составува и разместува секогаш одново и одново, повторно и повторно, пак и пак.

Тоа е бесконечна и бескрајна игра на креативците во детските градинки, основните училишта, но и домовите на децата и учениците.

Малите и големи идеи, со малите и големи раце, преку принципите на познатата и ненадмината Марија Монтесори за учење низ игра, создаваат неверојатни производи и достигнуваат и постигнуваат чуда во развојот на децата и учениците.

Со уметничка дарба, љубов и трпение, се доаѓа до крајниот резултат, а тоа е да се стигне до персоналитетот на секое младо и малечко суштество, според годините, што тоа најмногу сакаљ, кои бои, кои растенија, кои животни и слично.

Со дисциплина, упорност и желба, сред разбрануваниот и немирен детски свет, кој е голем  како езеро, море и океан, се создаваат тактилните сликовници и во Едукативниот центар Феникс. Тие ќе бидат претставени како електронски изданија и на сајтот www.feniks.net.mk

А, во оваа убава прилика, сакаме да Ве информираме дека во електронска форма денес е објавена и сликовницата со текстови од Душко Радовиќ, а со илустрации на талентираната ученичка Сара Цветкова од Скопје.

Тоа е уште една потврда дека ваквите изданија се привлечни и полезни и дека тие заедно со другите прирачни и надгледни работни и наставни средства се во функција и им помагаат на воспитувачите, наставниците, децата, учениците, родителите и сите други заинтересирани на кои како креативни и едукативни содржини им се неопходни, или служат како помошна и забавна литература.

 

проф.д-р Христо Петрески