Skip to main content

КРАТКИТЕ КНИЖЕВНИ ФОРМИ

 

Во современите услови на живеење кога според многумина времето злато вреди и кога се нема време за сите активности кои се сака да се постигнат, се мисли дека пишувањето на кратки дела ќе го предизвика интересот на читателот  односно доколку делото е пократко побрзо ќе се прочита. Јас не би се согласил со тоа гледиште бидејќи тој што сака да чита би ја прочитал и четиритомната Војна и мир, а тој што не сака да чита не би прочитал ни басна или хаику песна, или пак афоризам. Сведоци сме на ограничувања при литературните читања и конкурси колку да бидат долки литературните творби. Некогаш и со многу малку зборови се кажува многу.

Уште од мали нозе ни читаа басни или ни поставуваа гатанки и мислам дека треба да се негува овој вид на творештво бидејќи на овој начин би ја постигнале и целта, да ги заинтересираме најмладите да ја засакаат книгата и да ги поттикниме на читање. И дури мислам дека треба да се стимулираат авторите да издаваат книги со басни, гатанки или друг вид на кратки творби и тоа претежно за најмладите читатели . Имам впечаток дека трудови за најмладите читатели има многу малку од поновите автори.

Лично јас како автор пишувам поезија, но исто така и афоризми. Се пронајдов во тој жанр и соработував и со „Остен“ весник кој сега не знам ни дали излегува. И мојата прва објавена книга беше збирка афоризми „Црно и бело“.  Во продолжение би напишал само неколку од моите афоризми:

  1. Го овенчаа со ловоров венец, сега лисјата ги употребува како зачин.
  2. Кога отиде во пензија му подарија фотелја. На друго не беше учен да седи.
  3. Ги ловеше елените поради роговите, додека не сфати дека одамна носи рогови.

 

 

Зоран Котевски