ИСТРАЖУВАЊЕ: РАЗМИСЛУВАЊАТА НА НАСТАВНИЦИТЕ ЗА ПРЕДИЗВИЦИТЕ И БАРИЕРИТЕ ВО ИНКЛУЗИЈАТА НА УЧЕНИЦИТЕ СО ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ

 

Институтот за наука, алтернатива, култура и уметност од Скопје неодамна направи истражување: Размислувањата на наставниците за предизвиците и бариерите во инклузијата на учениците со посебни потреби.

Во истражувањето беа опфатени 40 наставници од основните училишта во Скопје, а истражувањето беше реализирано телефонски во вид на интервју.

Со истражувањето беа добиени следниве (најмногу потенцирани) одговори:

  1. Одделенијата се со голем број ученици, па нема можност за поголема посветеност од страна на наставниците во работата со учениците со посебни потреби;
  2. Наставниците не се доволно подготвени за работа со учениците со посебни потреби;
  3. Наставниците не се доволно мотивирани за работа со учениците со посебни потреби;
  4. Наставниците не се доволно едуцирани за работа со учениците со посебни потреби;
  5. Наставниците не се чувствуваат компетентни за работа со учениците со посебни потребни;
  6. На наставниците им недостасуваат научни и стручни знаења добиени преку собири, конференции и работилници;
  7. Наставниците наидуваарт на голем број различни потешкотии кај учениците со посебни потреби, па не се доволно упатени за сите нив и не можат успешно да излезат на крај со сите нив;
  8. Наставниците се жалат дека има мал број стручни соработници во наставата;
  9. Наставнците бараат да има повеќе асистенти во наставата;
  10. Наставниците укажуваат дека има се уште физички бариери (препреки) за учениците со посебни потреби;
  11. Наставниците не се задоволни од условите за настава на учениците со посебни потреби;
  12. Наставниците посебно ја издвојуваат пандемијата со вирусот Ковид-19 како голем проблем за сите ученици, а посебно за учениците со посебни потреби!