Skip to main content

Институтот за наука, алтернатива, култура и уметност од Скопје неодамна направи анкета со наставниците од основните училишта во Скопје за квалитетот на инклузивното образование на учениците со посебни потреби во основните училишта.

Со анонимен прашалник беа анкетирани вкупно 51 наставник и на седумте прашања беа добиени следниве одговори.

На првото прашање: Каков е Вашиот однос кон инклузијата во образованието, 45 % одговориле позитивен, 23 % одговориле негативен, а 31 % одговориле неопределен, односно не знам.

На второто прашање: Дали училиштата доволно ја промовираат програмата на инклузивното образование и улогата во локалната заедница, беа добиени следниве одговори: 89 % да и 11 % не знам.

На третото прашање: Дали се чувствувате компетентни за работа со учениците со посебни потреби, 63 % одговориле да, 23 % одговориле не и 14 % одговориле неопределено.

На четвртото прашање: Дали сте заинтересирани за наставата со различни групи ученици, 96 % одговориле да, 2 % одговориле не и 2 % одговориле не знам.

На петтото прашање: Дали учениците со посебни образовни потреби активно партиципираат во училишната средина, 57 % одговориле да, 27 % не и 16 % не знам.

На шестото прашање: Дали индивидуалниот образовен план содржи јасен преглед на сите потребни прилагодувања за учениците со посебни потреби, 88 % одговориле да, 10 % не и 2 % не знам.

На седмото прашање: Дали оценувањето се спроведува во функција на следење на напредокот и ммотивацијата на учениците, 80 % одговориле да, 4 % одговориле не и 16 % одговориле неопределено.