Во царството на книгите
ЕДУКАТИВНИ И КРЕАТИВНИ ИЗДАНИЈА
Авторите (творците) и издавачите (печатарите) денес заедно создаваат и реализираат бројни нови изданија ширум светот.
Во секој нов миг се создаваат многу нови едукативни и креативни изданија за најмладите.
Би рекле, постои постојан натпревар кој попрв ќе создаде и објави нов креативен и едукативен производ и за што поголем број корисници во својата земја, но и во странство.
Како печурки по дожд секојдневно се појавуваат нови едукативни, креативни, иновативни, модерни, современи и актулени инвентивни центри.
Еден од нив е и Креативниот и едукативен центар во рамките на Издавачката куќа Феникс во Скопје, кој постои со години и досега има реализирано бројни едукативни и креативни изданија: постери, кутии, боенки, сликовници, енциклопедии… Вртливи, со форми (штанцани), за доцртување и цртање, боење и дополнување, учење англиски јазик и компјутери, бонтон и убаво однесување, човечко тело, животинско царство, флора и фауна, мориња и океани, ѕвезди и планети, откритија и пронајдоци, научници и пронајдоци, бајки и басни, прашања и одговори…
ШТО Е ЕДУКАЦИЈА
Зборот едукација значи воспитување, одгледување, односно образување млади генерации и развивање кај нив умствени, телесни и морални способности.
На тој начин, се пренесуваат општите и работни искуства, знаења, општествени норми и вредности.
Од претходните генерации на најмладите: од родителите на децата, од воспитувачите на воспитаниците…
Едукацијата е темелен услов за постоењето и опстанокот на човечката заедница.
Човековата култура и цивилизација е поврзана со развојот и збогатувањето на општеството.
Преку едукацијата се стекнуваат: знаења, умеења, вештини, навики, квалификации…
Исто така, се развиваат: телесни, интелектуални, морални, естетски и работни способности.
ШТО Е КРЕАЦИЈА
Креација значи создавање, изнаоѓање, произведување, творештво, остварувања, дела, творби…
Креацијата подразбира инвентивност, создавање, остварување, производ, умотворба, ракотворба…
Креацијата е умеење, вештина, имагинација, творештво, креаторство, плодотворност…
Неразделно се поврзани креацијата и креативните луѓе, односно таму каде што има креација – носителот и создавачот е креативен човек.
Само креациите, идеите, мислењата, размислите, пронајдоците – го создаваат и чинат човештвото и го движат напред.
КНИГИТЕ КАКО ПОДАРОК
Не им купувајте на децата само бонбони, чоколади и салдолед, или патики, играчки и велосипеди, туку постојано и редовно купувајте им и книги.
Зашто, книгите се трајно богатство, кое се чува и се користи со години, децении, па и векови.
Во книгите е собрано знаењето, па децата на тој начин ќе се забавуваат, фантазираат, едуцираат, креираат, истражуваат, оспособуваат и осамостојуваат…
ДЕЦАТА И КНИГИТЕ
Многу е битно децата да бидат окружени со најразлични книги и тие да им бидат достапни , а не само високо качени на рафтовите и полиците.
Бидејќи книгите не само што ќе ги заинтересираат децата, туку и ќе започнат и продолжат да читаат.
Со книгите децата ќе се забавуваат, но и ќе дознаваат бројни полезни информации и секојдневнои ќе учат.
Книгите го поттикнуваат и развиваат љубопитството на децата, но и учењето и знаењето.
Децата сакаат и бараат секој ден на научат нешто необично, возбудливо и ново.
ЧИТАЈТЕ ЗАЕДНО СО ДЕЦАТА
Додека се малечки децата, одвојте време и читајте заедно со нив.
На тој начин, тие ќе се информираат, дознаваат и учат, а истовремено и правилно да говорат и внимателно да слушаат, односно да разговараат, будејќи ја фантазијата и поставувајќи најразлични прашања и добивајќи, исто така, многу одговори.
Потоа, децата ќе научат и самите да раскажуваат, па дури и да измислуваат свои необични приказни.
Подоцна, децата ќе се осамостојат и ќе читаат самите.
Подготвил:
проф.д-р Христо Петрески,
Институт за наука, алтернатива, култура и уметност – Скопје