Улогата и значењето на списанијата, прирачниците и другите визуелни, аудио и видео изданија и материјали во воспитно- образовниот процес
„Образованието …тоа е она што ќе остане откако ќе го заборавите сето она што сте го научиле во училиште“ Алберт Ајнштајн
Воспитно-образованиот процес е од непроценливо значење, како за развојот на личноста (индивидуата) така и за развојот на општеството во целина. Значењето особено се потенцира денес, бидејќи во знаењата, во умеењата и во способностите се наоѓа клучот за решавање на многу значајни проблеми од егзистенцијална природа и за човекот и за општеството . Денес живееме во свет кој сè повеќе се поврзува во директна комуникација, на човек со човек, институција со институција, понуда со побарувачка. Не можеме да си го замислиме животот без интернет. Денешните генерации всушност ни изгледаат чудни затоа што се раѓаат со никулци на идната општествена, светска состојба – глобална и интегрална, соодветна на денешниот повик на природата. Таа со својот надворешен и внатрешен притисок нè принудува да прифатиме нова форма на поврзаност помеѓу нас, за кои ние сега и немаме некоја голема желба.Па затоа особено внимание се посветува на развојот на техничките средства во образованието и максимално искористување на нивните можности. Соодветни разработки се насочени кон примена на технологијата во наставата. Покрај користењето на разновидни методи и техники во наставата, еден од начините на кој може да се одговори на потребите на сите ученици е користењето на информатичката технологија бидејќи таа нуди многу различни начини на учење, на проверување на знаењето и комуникација помеѓу учениците и наставниците.Притоа учениците самостојно истражуваат, користат повеќе извори на знаење, користат списанија,прирачници и други визуелни,аудио и видео изданија и материјали.
Сегашната ситуација со пандемијата на сведско ниво го наметна вклучувањето на компјутерите и Интернетот во наставата како фундаментално.Користењето на ИКТ во наставата повеќе не претставува опција туку потреба.Во почетокот на пандемијата единствен пристап за продолжување на воспитно –образовниот процес беа аудио и видео материјалите снимени од ентузијасти наставници.Новото време ја наметна потребата и од користење на различни прирачници со упатства за работа , добри практики,насоки … за сите алки во воспитно-образовниот процес наставниците-учениците-родителите.Новото време ја наметна потребата и од дигитализација и на списанијата да се користат како додатни материјали во воспитно –образовниот процес.
Но, лесната достапност на информации од најразлични и нерелевантни извори кои што се прикачуваат на Интернет , битно влијаат на развојот на децата . Сето тоа ја наметнуват потребата од препораки за списанија и прирачници од релевантни фактори вклучени во процесот како на формалното ,така и во неформалното образование. Потреба од вклучување на материјали создадени врз основа на информатички технологии дистрибуирани до учениците за независна работа во училница и дома или демонстрирана од наставникот пред целиот клас . Употребата на дидактички материјал придонесува за активирање на едукативни активности на учениците, заштедувајќи време на учење.
Употребата на списанија,прирачници и други визуелни,аудио и видео изданија и материјали, придонесува за : формирање на вештини кај учениците за работа со разни извори на информации;активирање на нивните когнитивни активности;создавање на вештини за самостојно усвојување и разбирање на нов материјал.Понатаму развивање на креативната имагинација, зголемување на мотивацијата за учење;развивање на визуелно-фигуративно, теоретско, логичко размислување…Намалување на временскиот интервал за учење, формирање култура на воспитно-образовна активност;активирање на интеракцијата на интелектуалните и емоционалните функции во заедничкото решавање на истражувачки (креативни) едукативни задачи.
Преку читање на списанија,примена на добри практики од прирачниците , употребата на аудио и визуелните материјали , кај учениците се развиваат читачките и работните навики, но се гради и однос кон знаењето.Притоа ученикот се социјализира во духот на општествените вредности. Сите овие печатени материјали го визуелизираат материјалот што се изучува и придонесуваат за негово рано меморирање и задржување во меморијата. Значењето на овие дидактички материјали е особено важно,бидејќи пропустите ,празнините и грешките направени во основното образование,ниту еден степен на образование не може понатаму да ги надополни,бидејќи тогаш се развиваат најважните компетенции, неопходни за живот и работа во информациско,претприемачко и граѓанско општество.
Маја Давкова
наставник
ООУ„Даме Груев“ с.Ерџелија
Свети Николе