Мито Спасевски: Сликовницата во функција на воспитно-образовната работа по културата на говорот

Сликовницата во функција на воспитно-образовната работа по културата на говорот

 

 

Резиме: Во остварувањето на програмско-содржинските активности по култура на говорот, воспитувачот е во постојана и активна ангажираност за примена  и  практикување  на  најразновидни  средства,  апликации  и  креативни помагала. За воспитувачот е сосема јасно дека во најраната возраст на децата кога  е  во  прашање  ползување  на  ефективна,креативна  и  допадлива  база  на зборови и почва за културата на говорот, секако дека тоа е сликовницата.

Сликовницата е првата форматизирана книжевна уметност со која на децата   во   нивното   рано   детство   им   се   отвора   воведна,   односно   појдовна страница  кон  книжевната  уметност.  Преку  содржината  од  сликовницата  на децата од најмала возраст и предучилишна доба им се отвора и првиот прозорец кон постапно спознавање на светот што ги опкружува и неговите содржај- ности. Сликовницата од себе ги импулсира и спонтано на децата им ги нуди взаемностите  на  текстот  и  цртежот  и  нивната  уметничка  и  естетска  ко- релација и исполнетост од бои, слики, зборови, поими, искази и реченици.

 

Клучни  зборови:  (сликовница,  култура  на  говор,книжевност,  развоен процес, предучилино воспитание).

 

Соодветност на сликовницата со возраста на децата

 

Едно од поважните прашања кое дирекно влијае врз вкупните уме- тничко-естетски, но и сознајно-педагошки ефекти на сликовницата врз децата како нејзини корисници, е факторот на соодветност на возраста на детето со сложеноста и комлексноста на сликовницата. Воспитувачот треба да има во вид дека восприемањето на зборовните пораки од сликов- ницата  и  нејзината  мисија  во  детските  сетива,  не  е  загарантирана  ако единствено  поаѓаме  од  тоа  тие  во  своите  раце  да  имаат  само  генерално “добра” сликовница.

 

Добрата  сликовница  начелно  може  да  биде  добра,  па  дури  опти- мално добра, но нејзината вредност да не биде соодветна за одредена возраст на детето. Тоа не значи дека таа е еднакво добра за сите детски взрасти. Затоа на тој аспект воспитувачот треба да му посвети соодветно внимание.  Новите  сеопшти  прогресивни  процеси  што  се  случуваат  во општествената, но и во семејната средина, постојано ја поместуваат пој- довната  граница  на  детската  возраст  од  која  децата  веќе  можат  да другаруваат со сликовницата. Основна карактеристика на сликовниците наменети за најмладите од 1,5 до 2 години, е тоа што, тие претставуваат наједноставен вид на “сликовница”. Тоа пред се с# сликовници без текст, безмалку тоа се слики на тврди листови на картон. Тие најчесто можат да се моделираат во облик на хармоника, а нивната основа е од чисти бои. Карактеристично е и тоа што најчесто врз нив е нанесен едноставен цртеж,  тоа  може  да  биде  и  слика  на  човек,  животно,  растение,  предмет или друг сликовит објект. Таквата едноставна слика нема дополнителни детали кои би го усложниле основниот и едноставен приказ.

Факт е дека во таквата ситуација и пред таквата “сликовница”, де- цата  ќе  имаат  потреба  од  дообјаснување  на  основниот  елемент  на  сли- ковницата. Тоа ќе биде задача на возрасните кои со свои зборови ќе треба на детето да му ги објаснат најважните работи на сликата. Држејќи се до логично искажување на битните нешта, возрасните всушност ќе го сочи- нат и ќе му го раскажат на детето недообјаснетиот дел. Така, формирајќи заокружена материја на слика “раскажан текст”, – сликовница, тие пове- дувајќи го детето на “активна соработка” за восприемање, ја остваруваат и суштествената цел на моделот на појдовната сликовница за најраната детска возраст.

Користејќи ја сликовницата во својата програмска воспитно- образовна работа, воспитувачот едновремено има на располагање широк комплекс на придобивки во културата на говорот од скоро сите аспекти, но и бројни други квалитетно остварливи цели. Сликовницата на детето му овозможува да врши споредба или едначење на предметите и ликовите

што ги сретнува на нејзините страници, а преку тоа да ја развива својата способност за распознавање, расудување и заклучување. Доживувајќи ги настаните  од  сликите  и  текстуалните  дејства,  детето  содејствува  со  раз- нообразни случки и настани кои се изложени во сликовницата, се инспи- рира и анимира за процесот на личното ”средување и обработување” на доживеаното   од   сликовницата,   врз   што   и   самото   ќе   превземе   свои креативни сценски, говорни и други активности.

 

Уметничко-естетски особености на сликовницата

 

При   изборот   на   сликовницата   за   целите   на   активностите   по култура на говорот како впрочем и за другите воспитно-образовни цели, воспитувачот  посебно  внимание  треба  да  посвети  и  на  уметничко-есте-

 

тските  критериуми  на  кои  треба  да  одговара  сликовницата  за  да  може соодветно да биде применета во воспитно-образовните активности.

Сликовницата пред се мора да претставува уметничко-естетска издржана творба. Таа мора во себе да ги обедини ликовната илустрација- сликата и цртежот со текстот. Таа треба да биде интегрална целина меѓу текстуалната  содржајност  и  ликовната-сликовита  исказност.  Сликата  и текстот мора да одразуваат хармонична и композициски поврзана со- држина. Фактот што сликовницата е прва книжевна мисија кај детето ка- ко иден љубител на книжевноста и што со неа за прв пат на детето му се дава можност на свој начин тоа да го устројува гледањето за се она што го опкружува, на сликовницата и дава уште поголемо значење. Поаѓајќи од ставот дека сликовницата претставува целина од сликовита илустра- ција и текст, тогаш се поставува прашањето што се е битно за квали- тативно книжевно и уметничко интегрирање на сликата и текстот.

 

а)            сликовен дел

 

Кога е во прашање цртежот или сликата аплицирани на сликов- ницата од аспект на културата на говорот кај децата, воспитувачот треба да  знае  дека  во  секој  нивни  елемент,  детал,  ликовен  израз,  сегмент  или ликовна порака на сликите од сликовницата, се крие, стои, произлегува, резултира, извира и урамнотежува соодветен збор и говорна исказност. Затоа дури и кога тоа се третира од аспект на културата на говорот, сликата (цртежот) на сликовницата не смее да биде импровизација или недопромислено цртање и боење, зашто тоа меѓу другото ќе предизвика негативни  ефекти,  импровизации,  деструкции  и  бројни други  негативни последици и во нејзината примена во остварувањето на културата на говорот.

Сликата треба да ги одразува суштинските пораки од содржината  на литературната творба што е предмет на анимирање во сликовницата, со посебно внимание на спецификите на говорно-јазичниот исказ не само на текстот што е приложен, туку многу повеќе на говорно- јазичниот дел

што ќе произлезе од сликите низ разговорот со децата,сложеноста на збо- ровите,  нивната  адектватност  и  целисходност  и  полза  за  методската единица  по  култура  на  говорот.  Во  спротивно  сликите  ќе  бидат  дезори- ентирачки и бесмислени.

Сликата  треба  да  се  базира  врз  инвентивен  креативитет  на  илу- страторот-уметник. Таа треба да ја одразува неговата инвентивна слобода на изразување, -но таа сепак и притоа таа треба да биде реален приказ и одраз на содржината. Тоа нужно налага ликовниот илустратор да биде квалитетен ликовен уметник кој покрај сликарските афинитети

ќе  има  способност  книжевните  содржини  и  текстуалните  описни  слики да ги спознае од литературното дело, да ги идентификува и со својот ликовен израз да ги транспонира во ликовната слика, со соодветна симболика за исказ на ликови, растенија, животни, природа.

 

Затоа  сложеноста  на  сликовницата  ја  чинат  и  доловувањето  на ликовите,   предметите   и   останатите   сликовити   прикази.   Поради   тоа ликовите и илустрираните фрагменти кои ќе се постават за цел на сли- ката,  целосно  мора  да  содејствуваат  со  веќе  формираните  претстави  за книжевните ликови што децата ги имаат веќе усвоено од раскажувањата и  содржината  на  самото  литературно  дело,  врз  кое  е  градена  сликов- ницата. Во спротивно тоа ќе доведе до расчекор меѓу постојните ликови и ново скицираните и до целосна дезориентација во нивното детектирање и поимање и говорно-јазично формулирање од страна на децата.

 

б)           текстуален дел

 

Од особено значење за квалитетот на сликовницата е и кој и каков текстуален дел ќе биде приложен и сместен во придружба на сликите. Самата  сликовница  се  создава  врз  основа  на  книжевната  содржина  на одделна литературна творба. Кои литературни творби, жанрови и видови може да бидат како основа за сликовница. Пред се тоа се сказните, бас- ните, приказните но и одделни соодветни литературни расказни четива. При изборот на книжевниот текст треба да се води сметка литературната творба  да  ги  задоволи  стандардните  критериуми  од  книжевен,  јазичен, уметничко-естетски  и  педагошки  аспект.  Не  е  препорачливо  да  се  ко- ристат сликовници во чија содржина се присутни ликови како што се на пример  ликовите  на  вештерките,  ѓаволите,  самовилите,  ламјите,  змејо- вите и сродни на нив ликови кои негативно и разурнувачки делуваат врз психата на децата.

Важен аспект при изборот текстот на сликовницата во функција на културата на говорот, е и каков јазичен фонд се користи, има ли во книжевната творба непознати зборови, за кои се програмски активности по култура на говорот тој текст може се користи. Има ли применливост за  активности  за  дискриминација  и  артикулација  на  гласови,  зборови, реченици, за категоријалноста и природата на детскиот речник, логично- поврзаниот и изразен говор, раскажувањето и прераскажувањето. Може ли нејзиниот книжевен текст да се користи за дијалошка говорна актив- ност, за говорни јазични игри и други активности. Тоа станува уште поважно кога се знае дека во сликовницата се приложува само еден дел од  книжевниот  раскажувачки  дел  од  литературната  творба,  а  другиот книжевен текст се претвора во слики, кои пак подоцна од слики се прео- бразуваат во текст и говор. Затоа текстот мора да биде целосно усогласен со ликовните илустрации односно сликите. Конечниот суд за ценењето на овие аспекти и примената на сликовницата во одделните активности по култура  на  говорот,  го  донесува  воспитувачот.  Затоа  тој  мора  со  сета стручност, креативност но и одговорност да им приоѓа на овие исклучи- телно важни фактори.

Текстот мора да биде книжевен вовед и подлога на содржината на сликите, а сликите да бидат ликовни доловувачи и спојувачници на тек-

 

стуалната  содржина.  Заради  тоа,  во  текстуалните  делови  треба  да  се одберат најважните содржински целини, во нив на едноставен и разби- рлив книжевен јазик треба да биде застапена логичната мисловна раска-

жувачка   реченица,   текстот   всушност   да   биде   своевиден   мост   меѓу сликите.

Во сликовниците наменети за најмалите деца, текстуално треба да се  користат  букви  со  поголем  и  едноставен,  а  не  модифициран  формат. Само на тој начин ќе биде сочинет успешен колаж и мозаик од слики и текст кои во  крајна  смисла ќе  ја  интерпретираат содржината на кни-

жевната творба која е предмет на сликовницата. Доколку текстот не ја илустрира содржината, или тоа го чини на несоодветен и нејасен начин, не ретко може да се случи композицијата и содржината да прилегаат на скала по која сакаме да го искачиме детето, а на која недостасуваат или се прескокнати повеќе скалила. Како тогаш детето ќе се искачи по таа скала, односно како тоа ќе успее да ја совлада содржината, ако недоста- суваат  клучни  текстуални  пораки.  Доколку  пак  се  наруши  соодносот меѓу зафатнината на текстот и сликата, тогаш исто така ќе дојде до пореметување  на  крајниот  ефект  од  сликовницата.  Во  таа  смисла  доко- лку преовладуваат сликите, сликовницата не ретко може да стане албум од   слики,   или   расказ   со   повремени   илустрации   или   сложувалка   на цртежи. Да подвлечеме, сликовницата мора да биде на вистинско уметни-

чко-естетско рамниште како заеднички чин на единството на сликата и текстот. Тие мора да се сочинат во максимална сплотеност. Во нив мора да надвладува синтезата на уметноста. Невозможно е да има сликовница со  врвен  квалитет,  а  текстот  и  сликите  да  се  на  различни  уметнички вредности, односно добро одбран текст, а лоша слика, или добра слика, а несодржаен текст. Сликовницата не смее да биде само складиште на кое

ќе се натрупаат текстови и слики.

 

в) соодветност на боите во сликовницата

 

Значајна улога кај сликите во сликовницата играат и боите. Боите се  зборови,  а  зборовите  говор.  Преку  боите  кај  децата  се  формираат многу поими, но и еден значаен оддел на детскиот речник од спектарот на зборовните поими за боите. Според тоа боите треба да бидат соодветен исказ     на     целите     на     визуелното     аплицирање     на     содржината. Респектирајќи ја слободата за игривост на боите, сепак не би смеело да се западне во експерименти при што боите ќе се во крајна асиметрија со реалноста  на  боите  опредметени  низ  текстуалната  содржина  што  е  на показ во сликовницата.

Би било неупатно премногу натрупани црни бои, како што би било  неполезно  користење  на  многу  егзотичност  во  боите.  Тоа  е  чин  на посебна  одговорност  на  ликовниот  илустратор,  дотолку  повеќе  што  во зависност  од  тоа  какви  бои  ќе се  врежат  во  сетилата на детето  за  одно- сниот книжевен лик во сликовницата, такви бои и нивни зборовни одре-

 

дувања ќе останат во детските претстави за секоја идна пригода кога детето  ќе  се  сретнува  со  тој  книжевен  лик.  Условно,  ако  Пинокио,  или Црвенкапа,  или  Грдото  пајче,  бидат  напластени  со  агресивна  црна  или строго црвена боја во првата сликовница што детето ќе ја сретне, тоа секогаш ќе смета дека тие ликови изгледаат единствено така, утврду- вајќи ги непомерливо такви нивните ликови, трајно во својата меморија.

Соодветно на колоритот на боите, преку сликовницата се создава и колоритот на зборовите. Нијансите на тоналитеот на боите, воспиту- вачот  креативно  може  да  ги  користи  за  степенување  (нијансирање)  на зборовите. Така, како што кај децата се добива визуелна претстава за нијансата на бојата, така ќе се добива и нијансата на зборот, од бело ќе се добие и побело и најбело, од црвено, поцрвено и најцрвено, од зелено, позелено и најзелено, итн. Така вештиот воспитувач ќе “создаде” и креативна  јазична  говорна  игра,  за  семафорот,  за  небото,  за  реката,  за многу прикази од сликовницата.

 

г) креативни модели на сликовници

 

Посебно  значење  во  креативниот  придонес  имаат  тридимензио- налните сликовници, односно сликовниците кои освен основната релјеф- ност втисната на носечката страница, имаат и неколку различни релјеф- ни склопувања и надградувања со што се формираат и визуелни и реа- листични  модели  на  објектите  или  ликовите  (куќи,  дворци,  внатрешни простории, тврдини, мостови, различни животни, и други ликови). Кај децата   ваквите   сликовници   остваруваат   повеќе   позитивни   ефекти. Најнапред тоа овозможува поактивна и повпечатлива креативна визуели- зација на композицијата на сликовницата. Тоа едновремено го зголемува и опсегот на можно говорно практикувани зборови, нивна конструкција и култивираност, инспирирање на разговорна мотивираност кај децата.

Детето со зголемено љубопитство и интерес ја проследува креатив- ната  сликовница  и  впечатливо  ја  вклопува  во  своето  перцепирање.  Зна-

чајно  е  и  тоа  што  ваквите  сликовници  кај  детето  дополнително  иници- раат  и  индивидуална  инвентивност  и  мотивација  за  говорна  и  општа креативност, продуктивна медитативност и говорна инспирираност.

Од форматски и креативно-технички аспект, покрај најподатли- вата тридимензионална сликовница, најраспрос-транети се сликовниците со стандарден формат, но и џиновските и џебните сликовници. Размерот на  форматот  е  особено  важен  аспект  при  изборот  на  сликовниците  за различни возрасти деца. Тоа посебно треба да се има во вид кога се во прашање  најмалите  деца.  За  нив  форматот  игра  голема  улога,  пред  се поради потребата тие лесно, но и целисходно да се справуваат со големината   на   сликовницата.   Исто   така   особено   важно   е   нејзиниот формат да се совпаѓа со опсегот на видното поле на децата за да може таа целосно  да  биде  во  нивната  перцепција  и  активно  да  го  држи  нивното внимание.

 

Затоа   за   најмалите   деца   се   препорачуваат   сликовниците   чиј формат не го надминува размерот 20 х 20 см. Во последно време присутни се  и  нови  модели  на  сликовници.  Посебно  треба  да  се  издвојат  мулти- медијалните сликовници кои всушност претставуваат здружена креатив- ност  во  која инвентивно  се  обединети  книгата,  ЦД,  компјутерските  тех- нологии, играчките и куклите. На дофат на децата не ретко се и видео сликовниците како резултат на придобивките од новата електронска ера. Со  својата  визуелно-акустична  специфика,  вниманието  го  свртуваат  и сликовниците со акустична апликација во кои покрај стандардниот при- лог се вградени и одделни звучни апликативни играчки, -птици кои пеат,

животни кои испуштаат животински гласови, ѕвонливи игро-апарати. Со засебните специфики тие имаат и свои автентични предности, но и слабости,  како  од  уметничко-естетски,  така  и  од  воспитно-педагошки аспект.  Затоа  на  воспитувачот,  односно  лицето  кое  ќе  кооперира  со  де- тето,  останува  одговорната  задача  и  грижата  за  најсоодветен  избор  на сликовница, раководејќи се од сите важни аспекти.

 

д) Соодветност на книжевни творби за сликовници

 

Поаѓајќи  од  фактот  дека  тие  се  наменети  за  децата  од  најмала возраст, разбирливо е дека најчесто за обработка во сликовниците се зе- маат поедноставните, но со уметничко-естетска вредност сказни, одделни басни, приказни, едноставни и мали расказни четива. Јазикот кој се кори- сти  во  сликовниците  треба  да  биде  согласно  стандардните  норми,  но стилски соодветен на возраста на децата и во нивна говорно-јазична и култивирачка  функција.  Обидот  како  содржина  на  сликовницата  да  се постави  книжевно  дело  со  посложена  композиција,  би  значело  како  да сакате на детето да му отворите повеќе прозори, а од него да барате тоа да  гледа  само  низ  еден  прозор.  Всушност  тоа  така  не  ќе  може  да  гледа ниту низ еден од нив.

Меѓу светски најпознатите сликовници, како книжевни текстови користени и обработени се сказните со најголем книжевен престиж, меѓу кои  се  сказните  “Грдото  пајче”,  “Пинокио”,  “Пепелашка”,  “Црвенкапа”, “Снежна и седумте џуџиња” и други.

Денес сликовницата е една од најдинамичните издавачки продук- ции  и  производи  во  светот  на  книжевната  уметност.  Тоа  овозможува светот да биде преплавен со разнообразни модели на сликовници. На претек  се  физиономирања  на  нови  креативни  модели  на  сликовници, вклучително и на дизајнирање на електронски формати. Но, современата електронска и печатарска индустрија, брзиот напредок и не ретката потчинетост на комерцијалните интереси, напати го потиснуваат уметни-

чко-естетското  и  на негово  место  го  напластуваат кичот  и  профитабил- носта, што немерливо негативно се одразува врз самите детски личности и нивното профилирање.

 

Литература

 

  1. Росандић Д.  (2005).  Методика  књижевног  одгоја,  Загреб:  Школска књига.
  2. Спасевски М. (2007). Воспитно образовни аспекти по култура на говорот, Скопје: Аутопринт.
  3. Матић Р.  (1980).  Рад  на  развоју  говора,  ИШРО  Београд:  Привредно финансијски водич.
  4. Матић М. (2000). Методи и облици на работа на развојот на говорот

кај децата.

  1. Наумовић М. (2000). Методика развоја говора, Пирот: Виша школа за образовање васпитаче.

 

Проф. д-р Мито Спасевски,

Педагошки факултет „Св. Климент Охридски“ – Скопје