Skip to main content

Улогата и значењето на списанијата, прирачниците и другите визуелни, аудио изданија и материјали во воспитно-образовниот процес

 

 

Децата од својата најрана возраст  најдобро учат преку играта. Играта е природен начин преку кој децата го развиваат и усовршуваат јазикот.

Во нашата држава веќе повеќе од 70 години излегуваат од печат литературно-едукативни списанија,сликовници за деца и млади.Литературните списанија за деца имаат многу значајно место и улога.Но не  само во организираниот и институционализиран процес на воспитание и образование,туку  и во семејството како институција. Малите деца,по својата природа, се љубопитни и сакаат да истражуваат. Затоа кај децата треба да се  поттикнува иницијативноста, љубопитноста и интересот кон средината во која растат и интересот кон учењето се клучните фактори кои го унапредуваат пристапот кон учењето на малите деца.

Свеста за односот кон книгата расте,а навиките за читање  се развиваат уште од најраната возраст.Дури и на бебињата на кои им се читаат или покажуваат сликовници.За бебињата во последно време се изработуваат сликовници со текстилен материјал и со големи слики,како што расте детето бројот на сликите се намалува и текстот е пообемен. Сепак бројни истражувања говорат за фактот дека од  исклучителна важност во процесот на раст и развој на децата се  квалитетни книги ,илустрирани сликовници,помошни нагледни средства(аудио,визуелни,дидактички) учебници,списанија,прирачници и сл.

Повеќе од сигурно е дека сликовницата е многу поприсутна од некогаш. Кога едно мало дете се интересира и сака да отвори книга и сликовница, прво нешто што ќе го привлече е илустрацијата во самата сликовница. Додека возрасните им читаат сликовница на малите деца, држејќи ги во скут, се создава важна интеракција преку која се гради интересот на децата за читање Истражувањата покажуваат дека ненадокнадно е она што не е стимулирано во раното детство. Децата се големи критичари и имаат многу прашања,како за текстот така и за илустрациите. Но не секогаш содржината во сликовницата или боенката што уметникот ја илустрира може да го одушеви  детското срце..Сведоци сме и на голем број илустрации кој не ги задоволуваат критериумите за илустрација за деца.Но кај нас никој не е задолжен за опстојна анализа или контрола  на сето она што се нуди на пазарот  од мноштвото  шарено блескави увозни примероци.

Едноставно го прифаќаме огромниот пораст на сликовници,боенки,цртани и анимирани филмови,видео игри и сл.Интересот на децата и кон она што нуди интернетот е се поголема.

Децата од предучилшна и рана училишна возраст  кои што имаат можност на различни начини да ја развиваат својата фантазија и креативност, учат како да ја изразуваат својата индивидуалност, своите интереси, способности и вештини со користење на разни  визуелни форми како што се сложувалките,конструкциите,

како и видео игрите. Детето на свој, автентичен начин умее да ги изрази своите чувства преку музика, театар, цртање, движење, сето тоа како дел од неговиот когнитивен развој.

Во воспитно-образовниот често се очекува од секое дете, без разлика на индивидуалните способности, со исто темпо, на идентичен начин и со успех да ги усвои предвидените програмски содржини. Децата треба да бидат мотивирани да го користат претходно стекнатите знаења и вештини. Тие треба да се оспособат и за доживотно учење.

Во тоа, секако, клучна улога имаат професионалците вклучени во воспитно-образовните процеси во текот на раното детство но и понатамошното школување.

 

Предучилишното воспитание и образование е од клучно значење за растот и развојот на секое дете. Токму затоа е од примарно значење е каква литература ќе му се понуди на детето и кои критериуми треба да бидат исполнети во реализирањето на програмата за рано учење и развој.

Списанијата за деца во воспитно-образовниот процес се во контекст на целите во наставните планови и програми.Списанијата ги следат карактеристиките на развојниот период на детето и ги следат содржините во наставните програми со различно застапени теми и програмски подрачја.Истите можат да се употребат како ресурси во повеќе наставни предмети во раната училишна возраст.Исто така списанијата за деца имаат и функција да ги забавуваат децата, да ги поттикнуваат на одредени нешта, и, што е најважно, да ги подучуваат Со нивна употреба во наставата тие  овозможуваат   индивидуализација и диференцијација во воспитно-образовниот процес и ги поттикнуваат децата со нетрпение да го очекуваат следното издание. Детските трудови и изработки исто така се објавуваат во списанијата, со што кај учениците се создава натпреварувачки дух и тие се стимулираат за читање, творење и креативно изразување.Недостатокот од примената на списанијата во наставниот процес највеќе го почуствуваа учениците и наставниците во 2017 година кога тие не добија дозвола од институциите за нивна примена во воспитно-образовниот процес.Радува податокот дека покрај хартиените изданија почнува да се чита и електронското списание за деца на македонски јазик.

Денешните генерации се повеќе ги користат технологијата и интернетот како извор на дополнителни знаења и на забава.  Дигиталната писменост е растечки дел на секој пристап кон развојот на вештини со која се настојува да се подготват децата и адолесцентите за училиште и понатамошниот живот. Технолошкиот развој,глобализацијата,информатичката револуција и афирмацијата на знаење како највреден ресурс се само дел од новиот економски поредок во последната деценија во креирање на е-општество.

Имајќи ги во предвид глобалните промени во 2008 година во македонскиот образовен систем како приоритетно се воведе ИКТ со имплементирање на проектот„Комјутер за секое дете“. Со овој проект се овозможи ефикасна имплементација на информатичката технологија во македонското образование,целта беше и да се доближиме до светот и да се намали дигиталната подвоеност која се случува поради физичка недостапност,односно немање на ресурси или недостаток на вештини.

По континуираната компјутерска едукација на наставниците за поквалитетна настава со воведување и застапеност на Икт со најмалку 30 % во воспитно-образовната работа со користење на оперативниот систем ЕДУБУНТУ.Развојот на технологијата и новите дигитални алатки за развој и ширење на знаењето бара не еднократно туку сеопфатно планирање на процесите со вклучување на сите заинтересирани страни.Дигиталнита наставна содржина треба да биде мултимедијална односно во себе да содржи текст,анимација ,звук и презентација.Таквата содржина која  им се нуди  во училиштата за време на наставата,треба да биде достапна и

присутна и надвор од наставата во домовите на учениците.

Како е –содржини на учениците им се нудат:презентации,интерактивни презентации,симуалции,видео и аудио записи,дијаграми,мапи и текстови.Сето ова со вклучен  функционални  интерфејс кој одговара на возраста на учениците и корисниците да им се понудат дополнителни информации,помош насоки за користење на истите.

Во 2020 година со развојот на пандемијата се случи пресврт во кој беа вклучени сите инволвирани учесници(ученици,професори и надлежни институции) во наставниот процес.Наставата започна да се изведува со примена на онлајн настава.Овој начин на примена на дигитални средства со користење на интернет отвори голем број на нерешени прашања кои со години се провлекувале во воспитно-образовниот систем.Соочени со голем предизвик најнапред на немањето технички средства,интернет и на почетокот на неподготвеност на институциите да одговорат на барањата за изведување и организирање на квалитетна онлине настава.Без перманентна поддршка,услови и  усовршување на наставниот кадар се покажа во периодот од март до јуни во 2020 година.Наставниот кадар и менаџментот во училиштата беа принудени да започнат со активности за кои никогаш не слушнале и не биле обучени. Во однос на учебниците и другите образовни ресурси онлајн наставата покажа дека е потребно целосно или делумно адаптирање на учебниците.  Компјутерот е само алатка која се става во контекст на ширење на знаењето. Потребно е добра и сеопфатна реформа во форма на отворени образовни ресурси.Сметам дека во изминатиов период не само што ќе ни овозможеше поквалитетно образование на поголем број од најпогодените ученици и ќе го ублажеше ударот и врз наставниот кадар и врз сите кои се вклучени во образовниот процес.Потребно е  планирање на процесите со вклучување на сите заинтересирани страни.Навремените измени во регулативата и инвестирањето во основните образовни помагала и во дигитални содржини.

Очекуваме дека националната стратегија за е- образование во македонскиот образовен систем ќе понуди соодветни решенија за имплементација за подобрување и подобро организирање на наставата со компјутер која се чини се уште не е на соодветното ниво.Несразмерно ниво на вештини кои децата ги поседуваат може да има долгорочни последици по општеството во кое тие живеат.

 

Професор во одделенска настава

Лила Арсова

Велес