Надминување на логопедските проблеми кај децата

Работилницата што ја водеше м-р Ана Петреска предизвика голема заинтересираност. Логопедот и дефектолог Ана Петреска имаше воведно искажување и одговараше на поставените прашања од присутните. Притоа, посебно беше нагласено раното и навремено откривање на проблемите во говорот на децата и ублажувањето и исчезнувањето на потешкотиите. За тоа е неопходна не само детекцијата, туку и вежбите и терапиите како превенција и третман.