„Градот и етиката“ од Кирил Темков

Книгата „Градот и етиката“ од проф. д-р Кирил Темков ги изложува во литературна форма согледбите на значењето и најновите случувања во етиката на нашето современо живеење.

Во оваа книга авторот прави оригинално истражување и ги објаснува основните прашања на развојот на етикатаа во современата епоха во нашата земја и во светот.

Книгата ги има следните поглавја:

– Извори на етиката (објаснување на трите основни вида на природната етика – етика на првите луѓе во Природата, етика на селото и етика на градот, како систем на современа етика)

– Историја и географија на етиката (развој на етиката и карактеристики на етиката во различните региони на светот)

– Етиката денес (опис на современиот развиток и декаденција на етиката во светот, како и на најзначајните форми на неетичко однесување, со укажување на денешните тенденции за нови позитивни етички појави)

– Етиката во градот (анализа на сегашниот статус и пројави во етиката кај нас)

– Современи етички вредности (разгледба на најзначајните етички идеи и вредности денес – еднаквоста и праведноста)