Категорија: АВТОРИ

  • Габриела Павлоска

    Габриела Павлоска

    Родена е на 15.12.1991 година во Гостивар.

    Љубовта кон поезијата и јазиците ја поттикнува

    да се запише на Филолошкиот факултет

    „Блаже Конески‟ при Универзитетот

    „Свети Кирил и Методиј‟ во Скопје, каде што и дипломира

    на Катедрата за англиски јазик и книжевност.

    Најголем стремеж за неа е негувањето на творечкиот дух,

    со тоа што им го пренесува и на децата и ги поттикнува слободно

    да ја изразуваат својата креативност на најразлични начини.

    Има учествувано на повеќе конкурси каде нејзините песни

    биле вброени помеѓу најуспешните. На Конкурсот на тема

    „Културно наследство‟ од Здружението „Интеракција плус‟

    од Скопје доби награда за најдобра поетска творба.

    Нејзини песни објавени се во списанието ,,Стремеж”.

    Нејзините збирки поезија

    се во процес на објавување.