- јуни 24, 2021
Ерол ТУФАН – роден 1959 во Гостивар.Студирал право во Скопје и Конија.Во 1992 се иселил во Турција.Работи како самостоен адвокат во Истанбул.Поет,есеист и преведувач.Досега на македонски јазик ги објавил збирките поезија : „Балкански син “ ( 2013) , „Камчето од Вардар“( 2016) и „Ликовите во мене “ ( 2021) , есеите „Книгољубецот“ ( 2011) и есеизираните поетизации „ Несоници “ ( 2020) . Во 2020 во Скопје објавен му е двојазичен поетски избор на македонски и турски именуван како „Меланхолија “ . Во Белград на српски јазик објавен му е избор на поезијата „Ерол трагом Ерола “ ( 2016) и книга есеи „ Књигољубац “ ( 2017). Во Истанбул во печат му е стихозбирката „ Hülya bitince ” . Член е на ДПМ , УКС и ВТП.