- ноември 14, 2024
Етиката го привлекува вниманието на културната и научната јавност заради високите вредности кои ги развива во животот, а како истражување таа е една од најстарите науки на човештвото. Сегашните проблеми на луѓето, политички, економски, меѓународни, меѓучовечки се придружени со сериозни грешки во природата, со негативни еколошки пројави, со појава на нови заразни болести – чија жртва е колективно сега целото човештво, покрај другите за кои уште не им е пронајден лекот. Стравовите меѓу луѓето се умножуваат и заедниците не знаат како да се однесуваат. Една од терапевтските сили која ја повикуваме на помош е етиката – моралот како внатрешна енергија на човекот и на добрите релации помеѓу луѓето, кои ќе ги поврзат нивните чувства и сознанија за совладување на тешкотиите. Христо Петрески