- ноември 14, 2024
Институтот за наука, алтернатива, култура и уметност „Инаку“ од Скопје, деновиве ја објави книгата „Современи кратки книжевни форми“. Станува збор за обемно и репрезентативно издание во кое се објавени повеќе од 300 автори од земјава и од странство. Сите автори се застапени со по една своја творба, а книгата е поделена на шест дела, и тоа: поезија, проза, есеј, критика, драма, творештво за деца и млади.
Меѓу другите автори во книгата се објавени и: Даниела Андоновска Трајковска, Искра Пенева, Трајче Кацаров, Петра Бауман, Балша Рајчевиќ, Владо Јаневски, Ѓорѓи Калајџиев, Никола Д. Сарајлија, Гоце Ристовски, Луцила Трапацо, Зоран Пеневски, Наталија Недалкова, Виолета Николовска, Петре Димовски, Весна Мојсова Чепишевска, Звонко Танески, Славица Урумова Марковска, Весна Мундишевска Велјановска, Милутин Ѓуричковиќ, Огнен Неделковски, Саша Делиќ и многу други.
Наскоро, во издание на институтот „Инаку“ ќе излезе од печат и книгата „Современи авторски бајки“.