ИНАКУ

Институт за наука, алтернатива, култура и уметност

  • јануари 21, 2021

Благоја Брајановски

 

Проф. д-р Благоја Брајановски е роден е на 1.08.1934 година во село Мегленци, Битола. Завршил Филозофски факултет во Скопје – група Југословенска книжевност во 1963 година, а Правен факултет во Скопје во 1972 година. Во 1975 година се запишал на постдипломски студии на Универзитетот во Брадфорд, Велика Британија, каде што ја одбранил магистерската теза под наслов: Положбата на работната организација во сегашниот правен и економски систем на Југославија и се стекнал со научното знање магистер на правните науки. Во 1986 година на Правниот факултет во Скопје ја одбранил докторската дисертација под наслов: Меѓусебните односи на општествената заедница и организациите на здружениот труд и се стекнал со научното звање доктор на правните науки, а подоцна со звањето универзитетски професор.

 

  • Previous ProjectЅунка Дончева

  • Next ProjectВанѓа Н. Радевска


ИНАКУ е поддржан од WordPress