Категорија: Издавачки, културен и информативен центар

  • ДЕЦАТА  СО ПРОБЛЕМИ ВО ОДНЕСУВАЊЕТО

    ДЕЦАТА  СО ПРОБЛЕМИ ВО ОДНЕСУВАЊЕТО

    ДЕЦАТА  СО ПРОБЛЕМИ ВО ОДНЕСУВАЊЕТО

     

    Овие деца имаат проблеми со вниманието и однесувањето, односно се немирни и хиперактивни, а понекогаш се и наметливи и агресивни.

    Затоа, мора да се востановат јасни правила за однесување и за нив и за целото одделение.

    Ученикот треба да седи таму каде најмалку ќе му се одзема вниманието преку прозорецот, вратата и галамата.

    Континуирано треба да се насочува вниманието на ученикот и постојано да му се даваат полесни и одмерени задачи.

    Да му се даваат целни задолженија, како на пример: избриши ја таблата, донеси креда, испери го сунѓерот и слично.

    Упатствата и инструкциите треба да бидат јасни и недвосмислени, но со позитивен и смирен глас.

    Не заборавајте и не пропуштајте да го пофалите ученикот по секоја негова добра активност, акција и реакција. Климнете со главата, насмевнете му се, погалете го, допрете го по рамото, пофалете го пред сите или насамо, напишете му ја пофалбата во тетратката, книшката, сведителството…

    Создавајте ситуации во кои ученикот ќе може да им помогне на другите.

    Не го исклучувајте никогаш ученикот од заедничките активности.

    Наместо да го фрустрирате со прекори и казни, стимулирајте го со пофалби, награди и признанија.

     

  • ДЕЦАТА СО ПОТЕШКОТИИ ПРИ ЧИТАЊЕТО И ПИШУВАЊЕТО

    ДЕЦАТА СО ПОТЕШКОТИИ ПРИ ЧИТАЊЕТО И ПИШУВАЊЕТО

    ДЕЦАТА СО ПОТЕШКОТИИ ПРИ ЧИТАЊЕТО И ПИШУВАЊЕТО

     

    Најпрвин побавно го усвојуваат почетното читање и пишување, а потоа имаат проблеми и со разбирањето и смислата на прочитаното, односно со поврзувањето на прочитаното со сопственото искуство.

    Затоа, треба да се користат повеќе видни, слушни и тактилни стимуланси при обработката на новите содржини.

    Треба да им се даде предност на усмените облици во подучувањето и проверувањето на знаењето.

    Да се користат конкретни примери, слики и експерименти поврзани со животната средина.

    Задачите да се поделат во повеќе фази.

    Да се избегнува ученикот да се ангажира гласно да чита или да пишува на табла пред целото одделение, освен ако детето самото не изрази желба за тоа.

  • ДЕЦАТА СО ПОТЕШКОТИИ ВО ГОВОРОТ И ЈАЗИКОТ

    ДЕЦАТА СО ПОТЕШКОТИИ ВО ГОВОРОТ И ЈАЗИКОТ

    ДЕЦАТА СО ПОТЕШКОТИИ ВО ГОВОРОТ И ЈАЗИКОТ

     

     

    Овие потешкотии предизвикуваат тешкотии и на социјален и на емоционален план.

    Затоа, битно е да се посвети внимание на способноста ученикот да ги разликува битните и небитните факти и идеи.

    Потоа правилно да ги употребува именките, заменките, глаголите, придавките и прилозите.

    Ученикот треба да ги користи изразите за големина, количество, простор и време.

    На ученикот треба да му се даваат кратки, прецизни и доволно јасни инструкции.

    Притоа, треба да се практикува и применува директното обраќање.

    Задачите и постапките може и треба да се расчленат (поделат) на помали задачи и чекори.

    Неопходно е поголемо трпение, настојување и труд при комуникацијата, додека не се уверите дека добро ве слушнале и разбрале.

  • ДЕЦАТА СО ОШТЕТЕН СЛУХ

    ДЕЦАТА СО ОШТЕТЕН СЛУХ

    ДЕЦАТА СО ОШТЕТЕН СЛУХ

     

    Пречките во развојот на аудитивните слушни способности се манифестираат како намалена или потполно отсутна слушна чувствителност.

    Тоа сериозно го спречува развојот и употребата на гтоворот и јазикот, како и социјалната комуникација на детето.

    Затоа, ученикот треба да седи во првата клупа или на централното место за да може да ги гледа движењата на усните од наставникот и своите врсници.

    Наставникот треба да користи што повеќе слики, предмети, модели, видео записи и слично.

    Исто така, наставникот што повеќе треба да ги користи движењата и гестикулациите, што значи дека треба да се стави акцент на очигледноста, постапноста, активностите, трпението и креативноста.

     

  • ДЕЦАТА СО ОШТЕТЕН ВИД

    ДЕЦАТА СО ОШТЕТЕН ВИД

    ДЕЦАТА СО ОШТЕТЕН ВИД

     

    До пред неколку години, децата со оштетен вид, а посебно слепите лица, главно се школуваа во специјалните училишта за слепи и слабовидни деца.

    Денес, со појавата на инклузивното образование, се повеќе ученици се образуваат во редовните училишта, заедно со другите ученици.

    Најбитно е притоа наставникот да знае и умее, односно да воспостави добар контакт со детето со оштетен вид, при што ќе му дава директни и јасни инструкции, а ќе ги избегнува зборовите: таму, овде, оној и слично.

    На учениците со оштетен вид давајте им што попрецизни вербални описи и фатете ги за раката за да им покажете како да ја свиткаат хартијата, како да ја држат ножицата и како да сечат со неа.

    Бидете трпеливи и резултатите ќе дојдат малку подоцна, но сигурно нема да изостанат.

    За учениците со оштетен вид потребни се повеќе макети и релјефни мапи. На послабовидните ученици дајте им текстови со покрупни букви.

    Самиот ученик најдобро се познава себеси, односно своите навики, вештини и можности. Исто така, обидете се и потрудете се учениците со оштетен вид да учат и научат: пишување, читање (со Браево писмо), цртање, па и физички вештини, трчање и пливање, се разбира со помош од страна на наставникот и врсниците.

  • ДЕЦАТА СО ТЕЛЕСНИ ПРЕЧКИ

    ДЕЦАТА СО ТЕЛЕСНИ ПРЕЧКИ

    ДЕЦАТА СО ТЕЛЕСНИ ПРЕЧКИ

     

    Децата со телесни пречки најчесто комуницираат преку гестови.

    За нив, треба да се направи простор за непречено движење на количката.

    Да пишуваат во тетратки од поголем формат (А-4) со тврди корици, кои ќе бидат и зацврстени (фиксирани) на работната маса за полесно да можат да пишуваат.

    Исто така, за нив се попрактични триаголните моливи, отколку тркалезните кои им се лизгаат и им испаѓаат од раката.

    На овие ученици треба да им се дозволи да пишуваат со големи печатни букви.

    Текстовите од таблата треба да им се препишат или ископираат и да им се стават (залепат) во нивните тетратки.

  • П Р О Г Р А М А ЗА 2022 ГОДИНА

    П Р О Г Р А М А ЗА 2022 ГОДИНА

    ИЗДАВАЧКИ, КУЛТУРЕН И ИНФОРМАТИВЕН ЦЕНТАР

    Издавачки, културен и информативен центар (ИКИЦ) за деца со посебни потреби
    Интеракција плус – Скопје

    П Р О Г Р А М А ЗА 2022 ГОДИНА

    1. Снимање аудио книги
    2. Изложба на цртежи од деца со посебни потреби
    3. Работилници за деца со посебни потреби (со нив, со нивните родители и со нивните воспитувачи, наставници и асистенти)
    4. Литературни творби од деца со посебни потреби
    5. И јас имам талент (рецитирање, глума, пеење, свирење и слично) на деца со посебни потреби
    6. Изданија за деца со посебни потреби (книги, прирачници, боенки, сликовници, енциклопедии, лексикони, речници, разговорници, мапи, кутии, постери и слично)
    7. Снимање подкасти и ставање на ѕоутубе
    8. Интернет страница
    9. Видео материјали
    10. Стручни и научни собири