Категорија: Издавачки, културен и информативен центар

  • НЕЖНОСТ

    НЕЖНОСТ

    НЕЖНОСТ

     

     

    Наместо со повишување на гласот, заповеден начин и грубо обраќање, возрасните треба и мора на децата да им се обраќаат милно и нежно, со замолување, трпеливост и другарски и пријателски однос.

    Дури пожелно е детето да се прегрне, да се гушне, да се погали по косата или рамото, за да забележи дека го сакате. Тогаш ќе ве прифати, разбере и сфати и вие ќе можете успешно да го завршите часот, терапијата или средбата.

  • КОНТАКТ

    КОНТАКТ

    КОНТАКТ

     

    За да може да работи туторот или личниот асистент со детето, најпрвин треба да се запознае со него и да ја стекне неговата доверба.

    Но, тоа не може да се случи веднаш. Туторот или асистентот треба да умее и знае како да му се приближи на детето, да го придобие, да оствари контакт и да започне да комуницира и работи со него.

    Така, еден од туторите по повеќе несупешни обиди – забележал дека детето го привлекува музиката, па сега тој најпрвин пушта музика и тоа онаа која детето ја препознава и сака, а веднаш потоа и започнува да разговара и работи со него.

  • ЗАПОСТАВЕНОСТ

    ЗАПОСТАВЕНОСТ

    ЗАПОСТАВЕНОСТ

     

    За жал, не е мал бројот на запоставени деца ширум светот, па и во нашата средина.

    Едноставно, родителите не се, пред се, во материјална, а потоа и во духовна и ментална можност да се грижат за своите деца.

    Всушност, тие не се во можност и не се грижат доволно ни за самите себеси.

    И тоа е многу голем проблем во релацијата родител-дете-тутор-асистент-наставник…

  • ИНКЛУЗИЈАТА ВО СЛОВЕНИЈА

    ИНКЛУЗИЈАТА ВО СЛОВЕНИЈА

    ИНКЛУЗИЈАТА ВО СЛОВЕНИЈА

     

    Постои тесна и постојана соработка меѓу редовните училишта и специјализираните институции.

    Училиштата имаат прилагодени програми за учениците со посебни потреби.

    Постои мобилен сервис од стручни лица за учениците со посебни потреби. Тие ги посетуваат децата и учениците и им даваат совети и помош на децата, учениците, воспитувачите, наставниците и родителите.

  • ИНКЛУЗИЈАТА ВО ФИНСКА

    ИНКЛУЗИЈАТА ВО ФИНСКА

    ИНКЛУЗИЈАТА ВО ФИНСКА

     

    Во Финска во седумдесеттите години од минатиот век започнува процесот под мотото училишта за сите.

    Тоа значи рамноправност, право на образование и принцип на инклузија.

    Најзначајна цел на образованието е да го поддржи растот и развојот на единствената личност на сите расположливи начини.

     

  • ПОЗИТИВНИ ПРИМЕРИ ОД УЧИЛИШНАТА ПРАКСА (10)

    ПОЗИТИВНИ ПРИМЕРИ ОД УЧИЛИШНАТА ПРАКСА (10)

    ПОЗИТИВНИ ПРИМЕРИ ОД УЧИЛИШНАТА ПРАКСА (10)

     

    Р.Ш. беше дете со церебрална парализа. Тој беше еден од најдобрите ученици, а посебно му беше омилен часот по ликовно воспитување. Р.Ш. имаше неверојатна, вродена дарба за цртање и сликање.

    Затоа, сите ученици бараа од него тој да им ги нацрта или доцрта цртежите. Така, стана омилен, сакан и баран – не само во своето одделение, туку дури и во целото училиште.

    Р.Ш. освои многу награди на натпреварите за цртежи во училиштето, градот, Републиката, но и во странство.

  • ПОЗИТИВНИ ПРИМЕРИ ОД УЧИЛИШНАТА ПРАКСА (9)

    ПОЗИТИВНИ ПРИМЕРИ ОД УЧИЛИШНАТА ПРАКСА (9)

    ПОЗИТИВНИ ПРИМЕРИ ОД УЧИЛИШНАТА ПРАКСА (9)

     

    Кога требаше да се запише ученичката М.Л. во прво одделение во основното училиште и двете наставнички не беа многу заинтересирани таа да биде примена во едно од двете одделенија кои тие требаше да ги водат од прво до четврто одделение.

    Директорката на училиштето, за да нема недоразбирања меѓу нив, откако виде дека тие самите не можат да се договорат, се одлучи за еден непопуларен, но ефикасен и функционален начин, а тоа беше фрлање жрепка за тоа во кое одделение да се запише ученичката М.Л.

    И, замислете какво изненадување: М.Л. беше најдобра ученичка не само по првото полугодие, туку и на крајот од четвртото одделение. Наставничката на која и припадна М.Л. беше радосна и пресреќна, а другата наставничка се каеше поради стравот, предрасудите и скепсата и беше лута на себеси и многу разочарана.

  • ПОЗИТИВНИ ПРИМЕРИ ОД УЧИЛИШНАТА ПРАКСА (8)

    ПОЗИТИВНИ ПРИМЕРИ ОД УЧИЛИШНАТА ПРАКСА (8)

    ПОЗИТИВНИ ПРИМЕРИ ОД УЧИЛИШНАТА ПРАКСА (8)

     

    В.Б. имаше проблеми со читањето и пишувањето, па не можеше да ја следи наставата со исто темпо и на ист (брз и лесен) начин како другите триесет ученици. Успехот што го постигнуваше В.Б. беше лош, односно слаб и недоволен.

    Затоа, по првото полугодие, наставникот подготви индивидуален образовен план за ученикот В.Б. Од тогош ученикот многу побрзо и полесно ја следи наставата и постигнува многу подобри резултати во наставните и воннаставните активности.

     

  • ПОЗИТИВНИ ПРИМЕРИ ОД УЧИЛИШНАТА ПРАКСА (7)

    ПОЗИТИВНИ ПРИМЕРИ ОД УЧИЛИШНАТА ПРАКСА (7)

    ПОЗИТИВНИ ПРИМЕРИ ОД УЧИЛИШНАТА ПРАКСА (7)

     

    О.Х. кога се запиша во прво одделение во основното училиште, наставничката одлучи таа да седи во првиот ред, најблиску до наставничката и таблата, за да може подобро да гледа и слуша.

    Но, она што потоа одлучи и го направи наставничката – беше од пресудно значење. Наставничката по првото полугодие предложи до О.Х. да седне најдобрата ученичка во одделението.

    Најдобрата ученичка толку многу и помагаше на О.Х. како да беше втора нејзина наставничка и успехот на крајот од годината беше неверојатен и загарантиран.

    И О.Х. го заврши прво одделение со одличен успех и со големо знаење.

     

  • ПОЗИТИВНИ ПРИМЕРИ ОД УЧИЛИШНАТА ПРАКСА (6)

    ПОЗИТИВНИ ПРИМЕРИ ОД УЧИЛИШНАТА ПРАКСА (6)

    ПОЗИТИВНИ ПРИМЕРИ ОД УЧИЛИШНАТА ПРАКСА (6)

     

    Кога се запишала ученичката К.И. во прво одделение во основното училиште не била со радост пречекана од нејзините другарчиња, затоа што седела во количка и не можела да ја следи наставата со истата брзина како другите ученици.

    Но, благодарение на наставничката, која уште од првиот ден посебно се грижела за К.И., и не дозволувала никој да и се потсмева, да ја навредува и слично, веќе во второто полугодие К.И. полека но сигурно почнала побрзо и полесно да ја следи наставата и многу да не се разликува од другите ученици.

    Наставничката, исто така, на секој час ги пофалувала сите ученици кои и помагале на К.И.

    Улогата и значењето на ангажманот, помошта и поддршката на наставничката биле пресудни, К.И. не само со одличен успех да ги заврши основното и средното образование, туку и да магистрира.