Категорија: Издавачки, културен и информативен центар

  • ЗНАЧЕЊЕТО И УЛОГАТА НА ИНКЛУЗИЈАТА ВО ОБРАЗОВАНИЕТО

    ЗНАЧЕЊЕТО И УЛОГАТА НА ИНКЛУЗИЈАТА ВО ОБРАЗОВАНИЕТО

    ЗНАЧЕЊЕТО И УЛОГАТА НА ИНКЛУЗИЈАТА ВО ОБРАЗОВАНИЕТО

     

    Инклузијата, односно вклученоста подразбира учење, играње и работа во соработка со другите.

    Притоа, сите во воспитно-образовниот процес во детските градинки и училиштата, но и дома и надвор од домот – треба и мора да бидат еднакви и рамноправни.

    Тоа значи да се биде признат, прифатен и ценет таков каков што си и поради тоа што си токму таков!

    Тоа е широк спектар од различности, но и богатство на предизавици, чекори и можности…

  • ИНКЛУЗИЈАТА И ДЕЦАТА СО ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ

    ИНКЛУЗИЈАТА И ДЕЦАТА СО ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ

    ИНКЛУЗИЈАТА И ДЕЦАТА СО ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ

     

    Инклузијата на децата со посебни потреби подразбира зголемено и подобрено учество на децата во активностите во предучилишните и училишните установи и намалувањето на исклученоста на децата од нив.

    Тоа значи прифаќање дека сите деца се исти, а преку предучилишните и училишните установи – децата се вклучуваат во општествената заедница.

  • ИНКЛУЗИЈАТА ВО ОБРАЗОВАНИЕТО

    ИНКЛУЗИЈАТА ВО ОБРАЗОВАНИЕТО

    ИНКЛУЗИЈАТА ВО ОБРАЗОВАНИЕТО

     

    Инклузијата во образованието подразбира да се промени и прилагоди образовниот систем според карактеристиките на децата.

    Образовните програми треба да бидат адаптирани според индивидуалните капацитети и потреби на децата.

    Децата со посебни потреби треба да бидат интегрален дел на групите, почитувани и прифатени.

    Децата се со различни специфични потреби.

  • ИНКЛУЗИЈАТА И РОДИТЕЛИТЕ

    ИНКЛУЗИЈАТА И РОДИТЕЛИТЕ

    ИНКЛУЗИЈАТА И РОДИТЕЛИТЕ

     

    Првиот чекор на инклузијата е прифатеноста на детето со посебни потреби во самото семејство.

    Вториот чекор е квалитетното место во општеството на семејството како целина.

    Потоа, следуваат воспитувањето и образованието и процесите на усвојување на вештините за самостоен живот и работа во заедницата.

    Потполната инклузија зборува за степенот на цивилизираноста на општетсвотго, односно на почитувањето на човековите права кои се однесуваат на сите членови на општеството.

  • ИНКЛУЗИВНО ОБРАЗОВАНИЕ ЗА СИТЕ

    ИНКЛУЗИВНО ОБРАЗОВАНИЕ ЗА СИТЕ

    ИНКЛУЗИВНО ОБРАЗОВАНИЕ ЗА СИТЕ

     

    Според дефиницијата на УНЕСКО, инклузивното образование се однесува на можностите училиштата да обезбедат квалитетно образование за сите деца без оглед на нивните различности.

    Училиштата посебно внимание треба да посветат на децата со пречки во развојот и на децата од маргинилизираните групи.

    Сите деца треба да бидат дел од училишната заедница, без оглед на нивната сила и слабости во поодделни области.

    Правата на децата мораат да бидат испочитувани и прифатени, а државите треба да обезбедат еднакви услови сите деца да се образуваат.

    Стравот, предрасудите и незнаењето се причини за исклучување на оние кои се поинакви.

    Ставовите се менуваат преку интеракција, инклузија и заеднички живот.

  • СЛЕДЕЊЕ НА РАЗВОЈОТ

    СЛЕДЕЊЕ НА РАЗВОЈОТ

    СЛЕДЕЊЕ НА РАЗВОЈОТ

     

    Секојдневно и внимателно треба да се следи развојот на секое дете.

    Бидејќи децата се како и цвеќињата, треба постојано да се надгледуваат, одгледуваат, негуваат, хранат, воспитуваат…

    Всушност, во континуитет и перманентно да се следат нивните потреби, барања и навики. Кога и што сакаат да јадат, што да читаат, што да гледаат, што да слушаат, со што да си играат, како да се забавуваат и релаксираат…

  • РАЗГОВОРИ СО ДЕТЕТО

    РАЗГОВОРИ СО ДЕТЕТО

    РАЗГОВОРИ СО ДЕТЕТО

     

    Бидејќи основна задача е да се утврдат и задоволат потребите и можностите на децата, треба да се разговара со нив.

    Секое дете има што да каже и мора да се почитува неговото мислење при правилното донесување на одлуките.

    На тој начин се изразува и довербата кон детето. За таа цел треба да се најде соодветна прилика и да се изнајде адекватен пристап за комуникација и разговор.

  • ОДНОСОТ НА РОДИТЕЛИТЕ СО НАСТАВНИЦИТЕ И ВОСПИТУВАЧИТЕ

    ОДНОСОТ НА РОДИТЕЛИТЕ СО НАСТАВНИЦИТЕ И ВОСПИТУВАЧИТЕ

    ОДНОСОТ НА РОДИТЕЛИТЕ СО НАСТАВНИЦИТЕ И ВОСПИТУВАЧИТЕ

     

    Родителите и наставниците треба да бидат во постојан и близок однос на комуникација, со редовно, директно и непосредно взаемно информирање.

    Притоа, отворено, нескриено и објективно треба да се искажуваат добрите, но и лошите страни кои се забележани во процесот на наставата, однесувањето на ученикот во училиштето и надвор од него, индивидуалните желби и реалните можности – за да може на време да се интервенира, корегира, споредува, подобрува, спречува…

    Наставникот како стручњак, педагог и експерт во училиштето го заменува и родителот, а родителот дома треба да продолжи со реализацијата на образовниот процес започнат и спроведен во училиштето.

    Истото се однесува и на детската градинка, каде воспитувачот ја презема улогата на родителот додека е неговото дете во градинката.

     

  • МИСЛЕЊАТА НА РОДИТЕЛИТЕ

    МИСЛЕЊАТА НА РОДИТЕЛИТЕ

    МИСЛЕЊАТА НА РОДИТЕЛИТЕ

     

    Ставовите на родителите мораат да се следат и според нив да се преземаат соодветни чекори и обуки, затоа што родителите најдобро и секојдневно ги познаваат своите деца.

    На родителите им е потребна и неопходна стручна помош, но претходно и внимателно треба да се сослушаат родителите и нивните впечатоци, предлози, сугестии, забелешки, мислења…

     

  • УЛОГАТА, ЗАДАЧАТА И ФУНКЦИЈАТА НА РОДИТЕЛИТЕ

    УЛОГАТА, ЗАДАЧАТА И ФУНКЦИЈАТА НА РОДИТЕЛИТЕ

    УЛОГАТА, ЗАДАЧАТА И ФУНКЦИЈАТА НА РОДИТЕЛИТЕ

     

    Родителите се тие кои им го даваат правото на сите други – да се занимаваат со рехабилитација и третмани на нивните деца.

    Затоа, неопходен е добар, партнерски однос со родителите, кои имаат пресудна улога и задача во сите сегменти и аспекти на грижата за нивните деца.

    Уште повеќе што не треба да се потценува и елеминира знаењето, вештината и искуството на родителите, од страна на стручњаците, воспитувачите и наставниците.

    Иако родителите често се пристрасни и не се во можност објективно да го согледаат сопственото дете со сите негови предности и недостатоци.

    Но, експертите многу често се ставаат себеси во посупериорна позиција и ја губат довербата на родителите претворајѓи ги нив во пасивни и неми набљудувачи, а не активни чинители и соработници.

    Вратата за комуникација и соработка со родителите воопшто не смее да се затвора, затоа што сето тоа се враќа како бумеранг.