- декември 19, 2023
Лидија Размоска Тримовска (Охрид, 21 јануари 1982) е македонска поетеса и културен работник. Пишува поезија, есеи, раскази, осврти на книги, хаику и поезија за деца. Таа е дипломиран педагог и магистер по Менаџмент во образование. Својот пат во светот на литературата го започнала во средношколските денови, а била член на литературните клубови во Охрид и во скопскиот „Мугри“. Активно се занимавала со радиоводителство и книжевни презентации. Нејзината поезија досега е објавувана во различни списанија и антологии.
Во периодот додека работела во Културно- информативниот центар “Култура 365” во Охрид, била вклучена во проекти кои имале за цел зачувување на македонскиот јазик помеѓу Македонците во Мала Преспа, Р. Албанија. Работела како кустос во спомен-собата посветена на холандскиот писател А.ден Долард којашто е во склоп на Културно- информативниот центар „Култура 365“. Исто така во тој период (2010-2014) била организатор на промоции на книги и изложби во културниот центар, била уредник на книги од разни македонски автори: Ристо Стефов (Short history of the Macedonian people), Мишо Јузмески („Премин во маглата“, „Нашиот холандски пријател А. ден Долард“, „Сто години копнеж“), Наум Трајчески („Секојдневие“, „Грст мудрости“, „Патеки на животот“) и др.
Учествувала на книжевни фестивали и средби во Охрид, Скопје, Бургас, Р. Бугарија и во Албанија. Била дел од македонската делегација во Софија, Р. Бугарија на 14. Македонска книжевна средба одржана од 11 до 13 мај 2023 чија цел е афирмација на македонската литература во Бугарија и продлабочување на македонско- бугарските книжевни и културолошки средби
Автор е на стихозбирката „Езерска воздишка“, „Макавеј“, 2005.
Награди и признанија:
– Трета награда на поетската вечер одржана по повод годишнината од доделувањето на Ловоровиот венец на Григор Прличев во библиотеката во Охрид (2001 г.)
– Прва награда за песна на Меѓународниот литературен фестивал „Божиќна литература 2020“
– Учество на конкурсот за краток расказ „Раскажувам фотографија“, 2020, Фонд на холокаустот на Евреите од Македонија и учество во заедничката збирка раскази издадена по тој повод
– Прва награда за краток расказ на конкурсот распишан од Меѓународната манифестација „Литература- уметност- култура“, Планетопија, 2021
– Пофалница за песна за пролетта на конкурсот организиран од Scuola di Poesia- School of poetry- Delegacija Srbije, 2021
– Признание за учество и афирмација на проектот „Стихувалки 2021“, Фестивал на поезија за деца, организиран од „Едука мак- Скопје“
– Учество на конкурсот за краток расказ „Раскажувам фотографија“, 2021, Фонд на холокаустот на Евреите од Македонија
– Трета награда на поетскиот конкурс распишан од Дом на култура „Илинден“, Демир Хисар по повод Светскиот ден на книгата, 2022
– Пофалница на Меѓународен натпревар за поезија „Poezija zlatnih stihova: Niti ranog proljeca, 4 dio“, 2022, организиран од фб групата Pisci I knjizevnost
– Признание за учество и афирмација на проектот „Стихувалки 2022“, Фестивал на поезија за деца, организиран од „Едука мак- Скопје“
– Дел од редакцијата на Поетски алманах на група автори, во издание на ИРИС принт, Струга, 2022 и организација на неговата промоција во Скопје
– Прва награда за песна на Фестивал на поезија, култура и уметност, 2022, во организација на Светската поетска асоцијација од Романија
– Втора награда за песна на Меѓународниот литературен фестивал „Божиќна литература 2022“
– Шесто место за песна од вкупно 426 автори на Меѓународниот поетски конкурс Proljece se budi во организација на хрватската група „Писатели и книжевност“ и учество во меѓународната збирка поезија издадена по конкурсот, 2023
– Во нишкото списание за хаику поезија „Хаику новине“, застапена со две свои хаику песни, 2023
– Учество на поетски настан во организација на галерија КО-РА, со песна на тема „Пролет“, Скопје, 2023
– Учество во нишкото меѓународно списание „Сретања“ со една песна, 2023
– Учество на поетски настан во галерија КО-РА, со песна за деца на тема „Бајка, бајковито“, Скопје, 2023
– Една од 12 финалисти на Меѓународниот поетски фестивал „Литературни искри 2023“
– Прва награда на Меѓународниот поетски фестивал „Литературни искри 2023“, Гостивар
– Учесник на поетски настан „Имам нешто да ти кажам“, одржан во јуни во Охрид, во организација на „Културолошка иницијатива 5 до 12“
– Признание за учество и афирмација на проектот „Стихувалки 2023“,Фестивал на поезија за деца, организиран од „Едука мак- Скопје“
– Пофалница за два кратки текста со мисли, од хрватска група „Писатели и книжевност“ и застапеност во заедничка збирка текстови заедно со 97 други автори од вкупно 310, испечатена под наслов Iza proznih vrata> svijet skrivenih snova 5.dio
– Втора награда на конкурсот организиран од ЈОУ Библиотека „Гоце Делчев“, Гевгелија, а по повод 100 години од раѓањето на Ацо Шопов и 80 години од раѓањето на Илија Карајанов (комисија: Ефтим Клетников, проф.д-р Васил Тоциновски и проф.д-р Славчо Ковилоски)
– Учесник во поетска антологија на ДПМ по повод 60 годишнината од катасрофалниот земјотрес во Скопје
– Објавена рецензија за романот „Папокот на светлината“ на Венко Андоновски на блогот на Издавачкиот центар „Три“ и на нивните социјални медиуми
– Застапена во заедничка збирка песни со своја песна од 14. Меѓународен натпревар за поезија, организиран од хрватската група „Писатели и книжевност“, заедно со 162 автори, од 13 различни држави
– Пофалена песна од вкупно 467 автори на 14. Меѓународен натпревар за поезија организиран од хрватската група „Писатели и книжевност“
– Учество на 14. Велешка поетска вечер, 15 септември 2023
– Освоена НАЈПРЕСТИЖНА награда на конкурсот „Кавадаречки поетски ансамбал“ во организација на кавадаречката библиотека „Феткин“ и поетесата Милица Паулус, септемви 2023
– Објавена рецензија за збирката раскази „Раскази од минатиот век“ на Виолета Танчева Златева на блогот на Издавачкиот центар „Три“ и на нивните социјални медиуми
– Како автор од Македонија застапена со своја поезија во Меѓународна збирка на поезија на хрватски јазик, Poezija zlatnih stihova
– Како автор од Македонија застапена со свои мисли во меѓународна збирка на хрватски јазик Iza proznih vrata
– Објавени песни на англиски јазик во дневното интренационално списание за литература Inkdew, како автор од Македонија
– Објавени песни во светсското списание за поезија OPA заедно со 51 поет од целиот свет.
Уредник и презентер е на блогот „Светулка“ на фб, каде што покрај нејзините творби, објавува и на други автори. Живее и твори во Скопје.