Славица Урумова – Марковска

Славица Урумова – Марковска е родена во 1987 година во Скопје.

Во 2010 година дипломира на катедрата за македонска книжевност и јужнословенски книжевности при филолошкиот факултет “Блаже Конески”, а во 2017 година магистрира на Институтот за национална историја, каде што е моментално докторанд на студиската програма Културна историја на Македонија. Работи како наставник по македонски јазик и литература. Вклучена е во повеќе проекти во образовниот процес.

 

Објавени трудови и трудови презентирани на домашни и меѓународни конференции:

1.     Urumova – Markovska, S. (2018). THE LINE BETWEEN THE LIFE AND DEATH IN THE MACEDONIAN TRADITION AND IN THE PROSE OF MITKO MADZHUNKOV. Knowledge International Journal26(3), 829 – 835. Retrieved from https://ikm.mk/ojs/index.php/KIJ/article/view/561

 

  1. Урумова – Марковска, С. (2019). ЃАВОЛОТ И САМОВИЛИТЕ ВО МАКЕДОНСКИОТ ФОЛКЛОР И НИВНАТА ИМАГИНАРНА ПРЕОБРАЗБА ВО РАСКАЗИТЕ НА МИТКО МАЏУНКОВ. Филко, 3, Штип: 26-27 април 2018, 701. Retrieved from http://js.ugd.edu.mk/index.php/fe/article/view/2723

  1. Урумова-Марковска, С. (2019). ДОМОТ КАКО ТРАДИЦИЈА ВО РАСКАЗИТЕ НА МАЏУНКОВ. Палимпсест, Год. 4, Бр. 7 Штип, 203. Retrieved from http://js.ugd.edu.mk/index.php/PAL/article/download/3086/2803/

 

Автор е на монографијата Манастирите во скопската област како духовни и културни центри во средниот век (2019 год.) во издание на Восток.

Учествувала на повеќе поетски фестивали. Нејзини песни се застапени во зборници и избори во земјава и странство. Повеќето нејзини песни се објавени во литературните алманаси на ЛК Мугри, Современост и Тренд (од Скопје), Авангард (Сомбор), Поета (Белград)… Во 2010 год. во Нови Сад во категорија до 30 години ја доби првата награда “Магда Симин”. Има учествувано на повеќе поетски манифестации: “Караманови средби” – Радовиш; 2009, 2010 и 2011 год. е учесник на “Струшките вечери на поезијата” за млади поети – “Ноќи без интерпункција” Струга, “Белa ноќ” во Скопје, како и “Гарави сокак” (2010) Инџија, манифестацијата „Сто илјади поети за промена“ (2011, 2020) Струмица. На седмото издание на Меѓународниот поетски фестивал „Литературни искри” 2020 – Гостивар ја освои втората награда.

Нејзините песни се преведувани на турски, српски, албански, бугарски и англиски јазик.

 

Авторка е на повеќе книги поезија и тоа:

Кога љубовта цвета (2003),

Лавиринт на љубовта (2004),

Сложувалка (2005),

Зад виножитото (2005) која е објавена со група автори;

Искри на љубовта (2006),

Пајтон на времето (2007) и

Потези (2020).

 

Meil: caci87@yahoo.com