Skip to main content

ЛИЛИ БОШЕВСКА

 

Д-р Лили Бошевска докторирала во 2013 година, на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ со докторската дисертација: Модел за стратегиско менаџирање за континуирано подобрување на успешноста на организацијата со користење на соодветни форми на комуникација и односи со јавноста.

Магистрирала во 2004 год на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј”, Скопје, Институт за социолошки и политичко- правни истражувања. Магистерска теза: “Моделирање на програма за базична обука на училишни директори, според потребните менаџерски компетенции”

Дипломирала во 1998 година како Професор на Педагошки факултет Чачак-Универзитет Крагуевац, а претходно во 1992 година на Технички факултет- Универзитет Битола.

Во областа на културата и уметноста, работела како новинар и уредник во Телевизија Орбис, а потоа професор и стручен соработник- библиотекар во ОУ „Св.Кирил и Методиј“ Битола. Креирала и реализирала бројни обуки и консултантство во образование и бизнис сфера, во повеќе релевантни проекти и институции (Фонд за развој на човечки ресурси- Скопје, Агенција за развој на претприемништво АППРМ-Скопје, УСАИД, Технички факултет-Битола, ФОН-Скопје, Факултет на Југоисточна Европа ЈИЕУ-Тетово, ИОМ-Скопје).

 

Од 2008-2016 година е директор на ОУ „Св. Кирил и Методиј“ Битола, a од 2016- 2017 директор на Национална установа- Универзитетска библиотека „Св. КлиментОхридски“ Битола.

Во моментов, професионално е ангажирана како стручен соработник- библиотекар во ОУ „Св. Кирил и Методиј“ Битола. Добитник е на Националната награда „Павлина Цунева Маказлиева“ за Најдобар библиотекар 2019 и Наградата за Библиотека на годината од Библиотекарското здружение на Македонија за 2018

Член е на Македонското научно друштво

Паралелно со сите професионални и животни активности и ангажмани, се занимава со литературно творештво, претежно поезија. Учествува на поетски фестивали во земјата и странство. Застапена е во повеќе домашни и меѓународни зборници, избори и антологии на поезија и проза.

Автор е на поетските збирки: „Сенки во љубовта“, „Исповеди и екстази“ и „Алхемија на вечната земја“, како и на едукативната книга за деца: „Од приказна до драматизација и театар на сенки: Кокиченце девојченце“

Покрај пишување на поезија, Бошевска е автор на голем број стручни и научни дела и трудови од областа на менаџмент, образование и библиотекарство:

  1. Бошевска, Л. (2004) Моделирање на базична обука на училишните директори според потребните менаџерски компетенции- Магистерски труд, Скопје:ИСППИ
  2. Петковски, К., Бошевска, Л. (2004) Утврдување на потребите за базична обука на училишните директори според менаџерските компетенции, Скопје: БРО
  3. Н. Несторовска, Л. Бошевска et. al. (2006) Промените-проблем или предизвик, Битола:АМР
  4. Бошевска, Л. (2008) Менаџмент во училница и потребни вештини на наставникот, Битола: ЕИРС
  5. Бошевска, Л.(2011) Стратегиското планирање како рамка за евалвација на ефикасноста и ефективноста на наставата, во Ефикасност и ефективност на наставата, Битола: СОУ Таки Даскало
  6. Бошевска, Л. (2012) Придонесот на стратегискиот менаџмент во малите и средните бизнис организации врз одржливата компаниска конкурентност, во Современите менаџерски предизвици и организациските науки, Битола: БАС Институт за менаџмент
  7. Бошевска, Л., Јолевски, И. (2013) Стратегиски менаџмент во малите и средни бизнис организации во Република Македонија, во Хоризонти, Битола: Универзитет Св. Климент Охридски
  8. Бошевска, Л. (2013) Модел за стратегиско менаџирање за континуирано подобрување на успешноста на бизнис организацијата со користење на соодветни форми на комуникација и односи со јавноста, Докторска дисертација, Битола: Технички факултет, Универзитет Св Климент Охридски
  9. Boshevska, L. (2011) Strategic Management in Business Organizations in the Republic of Macedonia through the Prism of Experts and Consultants, in Тhe Emerging Importance of Knowledge and Management Skills, Skopje:Cosmo,
  10. Boshevska, L. (2011) Hospitality Management and Strategic Analysis in Creating Businesses in Hospitality Industry, in Proceedings of Second Biennial International Scientific Congress  “The Influence of Tourism on Economic Development”, Skopje: University of Tourism and Management
  11. Boshevska, L., Jolevski,I. (2012) Strategic Management in Business Organizations in the Republic of Macedonia, in Proceedings of VIII May conference of strategic management, Bor: Technical Faculty in Bor
  12. Boshevska, L., Jolevski,I. (2013) Analysis of Strategic Management in Small and Medium Business Organizations in Graphic Industry in Journal of Graphic Engineering and Design, Novi Sad: University of Novi Sad
  13. Бошевска, Л. (2016) Појдовни чекори на библиотечното водство, кон воведување на промени во библиотеката, во Библиотекарство, Скопје: Библиотекарско здружение на Македонија
  14. Boshevska, L. (2016) Sustainability is possible: The National Institution- University Library (NIUL) in Bitola as a leader of societal development. Paper presented at: IFLA WLIC 2016 – Columbus, OH – Connections. Collaboration. Community in Session 115 – National Information and Library Policy.
  15. Boshevska, L. (2017) Changing Condition in the School Library: How to Change the Librarian Role from Information Provider to Educator in “Education at the Crossroads- Conditions, Challenges, Solutions and Perspectives”, Bitola: Macedonian Science Society
  16. Бошевска, Л. (2020) Стручните компетенции на училишниот библиотекар, како рамка и можност за детектирање, делување и развивање на активности за поттикнување на читањето во училишната библиотека,во зборник трудови „Училишните библиотеки како императив во напредокот на цивилизацијата“, Битола: НУУБ „Св. Климент Охридски“
  17. Бошевска, Л. (2020) Улогата на училишните библиотеки во поттикнување, помагање и стимулација на активности за зачувување и негување на македонскиот фолклор и традиција кај младите, во зборник трудови: „Академски такт за фолклорот и етнологијата“во „Прилози“, Битола: Македонско научно друштво