Skip to main content

Кирил Темков

 

Проф. д-р Кирил Темков е универзитетски професор во пензија.

Ги предаваше предметите Етика, Естетика и Филозофија на менаџерството на Институтот за филозофија на Филозофскиот факултет во Скопје. Професорот Темков беше четири децении универзитетски професор  по Етика и Естетика на Филозофскиот факултет во Скопје.

Според неговите учебници се изведува наставата по етика во основните и во средните училишта кај нас.

Автор е на многу книги за етичката проблематика во современието, а особено во нашето општество.

Исто така, автор е на бројни статии и на голем број книги од областа на етиката, филозофијата и културологијата и е поборник за воведување на предметот Етика во училиштата.

 

Негова најнова објавена книга е делото „Градот и етиката“, во издание на Институтот за наука, алтернатива, култура и уметност – Скопје.