Skip to main content

 

 

Габриела Стојаноска-Станоеска (Прилеп, 1978) дипломира и магистрира на Катедрата за oпшта и компаративна книжевност при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Предава македонски и е главна и одговорна уредничка на списанието за литература, уметност и култура „Стремеж“ во издание на НУЦК „Марко Цепенков“ – Прилеп.

Со поддршка на Министерството за култура, Габриела Стојаноска-Станоеска ги има објавено следниве книги:

збирките раскази:

– „Гола“Арлекин-ГФ, Прилеп 2007

– „ПРИКАЗНИ ЗА КРАТКОСТА – раска(з)(ж)и за своја душа“ Сигмапрес Скопје, 2019

– научната студија: КУСИОТ РАСКАЗ И СОНОТ – компаративни паралели низ призмата на неколку критички методи Сигмапрес Скопје, 2018

– збирката драми: „ДРАМИ ( Трудници / Тајни)“ Прилеп, 2020 е нејзина четврта, најнова книга на која авторката воедно е и уредник како физичко лице.

Има добиено повеќе награди, меѓу кои: прва награда на конкурсот за краток расказ на „Студентски збор“, две први награди на двата конкурса за краток-краток расказ на интернет порталот Окно, откупна награда на Конкурсот за краток расказ на „Нова Македонија“, трета награда на конкурсот за краток расказ на Фондот на холокаустот на Евреите на Македонија. Во 2020 г. за нејзината втора збирка раскази ја доби наградата „Македонска книжевна авангарда“, а добивала и награди за раскази и песни на конкурсите на Меѓународниот поетски фестивал „Литературни искри“ – Гостивар, Мариовско-мегленски средби, „Маџирмаалски поетски бранувања“, на конкурсите за краток расказ на Организација на жените – Битола и НУБ „Св. Климент Охридски – Битола“ и други.

Пишува поезија, проза, драма, есеи и рецензии и објавува во повеќе печатени и електронски списанија.  Застапена е со расказ во антологиите: Contemporary short story, BEST of Sarajevo Notebooks II., „Сто македонски раскази“ (Тренд, Феникс, Скопје), „Електролит 2007“ (Темплум, Скопје),„Приче за понети“ и „Најкраħе приче 2008“ (Алма, Белград), во малата антологија на современата македонска микрофикција „Летаат приказни“ (2019) и други.