Skip to main content

Весна Дамчевска Илиевска

 

Д-р Весна Дамчевска Илиевска е родена во с.Жван, Демир Хисар, Република Македонија, на 27.11.1961 година.

 

Дипломирала на Филозофски факултет, во Скопје, Психологија, 1985 год. и се стекнала со право на стручен назив Дипломиран психолог.

Специјализирала на Филозофскиот факултет во Скопје, Институт Балкански центар за проучување на мир и развој во 2001 година, на тема: „Со поттикнати дискусии со ненасилна комуникација„ и се здобила со академски степен Специјалист по мир и развој.

Магистрирала на  Филозофски факултет, Институт за одбранбени и мировни студии во 2010та година, на тема „Справување со конфликтите со модел на интерактивно, конфликтно партнерство„ и се стекнала со звањето Магистер по Мир и развој.

Докторирала на Филозофски факултет, Институт за одбрана, безбедност и мир во 2020та година, на тема: „Влијанието на водството во креирањето на ефикасна образовна средина, во мултикултурни заедници„ и се стекнала со звање  Доктор на мир и развој.

 

Била на специјализација и друго усовршување во земјата и во странство:

  • WTS Institut, Санкт Петерсбург, Русија, 1994 г. на Тренинг за едукатори и национални координатори за програмата „Приоди кон визуелно размислување“;
  • Центарот за мировни студии на Меѓународен тренинг за ненасилна комуникација, 1995 г. во Штадшлајнинг, Република Австрија;
  • Меѓународен тренинг за тренери во рамки на програма „Балкански мост за превенција“, 2004 г. во Боиси, Ајдахо, САД;
  • Тренинг за Обучувачи за директори на образовни организации, со стекнат Сертификат за обучувач, во National School for Leadership in Education, Школо за директори, во Брдо, Крањ, Република Словенија, 2004 година.
  • Обука за обучувачи – Управување и раководење на основните и средните училишта, 2008/9 г. Скопје, Република Македонија, стекнат Сертификат за обучувач на училишни одбори.
  • Обука за обучувачи за наставници во „Програма за подобрување на оценувањето во основните училишта“, 2009г, стекнат Сертификат за фасилитаторски вештини.

 

Работно искуство

 

– Психолог во одделение за ергономија во Рударски Институт Скопје, 1986 -1988 г.

– Психолог во ОУ „Јане Сандански“ во Скопје, 1989-1996 г.

– Директор во ОУ„Свети Климент Охридски“ во Бутел, Скопје, 1997-2003 г.

– Психолог во ОУ „Живко Брајковски“ во Бутел, Скопје, 2003-2007 г.

– Директор во ОУ„ Живко Брајковски“ во Бутел, Скопје, 2007 -2014 г.

– Пратеник во Собранието на Република Македонија, 2014 -2020 г.

 

Професионални активности

 

– Член на тимот на Проектот за разрешување на етничките конфликти (ПРЕК);

– Национален координатор на проектот Приоди кон визиелно размислување (ПВР);

– Обучувач за директори на основни и средни училишта во:

SEA – USAID; Центарот за професионално водство на ЈИЕ универзитетот во Тетово, Државен Испитен Центар на Република Македонија

– Обучувач во Проектот за подобрување на формативното и сумативното оценување

– Обучувач во Проектот за подигнување на капацитетите на Училишните одбори

– Обучувач во Програмата за подигнување на капацитетите на семејството: Љубов и граници

– Мастер тренер во Проектот за меѓуетничка интеграција во образованието.

 

 

Учество на научни и стручни собири во образованието

 

М-р Весна Дамчевска Илиевска има учествувано на следните позначајни, научни и стручни собири:

– Меѓународна конференција во организација на Женски студии, Загреб, со труд на тема: Едукација за жените од областа на ненасилната комуникација во семејството, 1998 г.

– Меѓународен научен собир: „Правата на учениците“ во Будимпешта, Унгарија, 1998 г.

– Меѓународна конференција: Ненасилството во спортот: „Мултиетничките училишта и спортските натпревари“ во Крани, Република Македонија, 1999 г.

– Меѓународна конференција: „Политизација и депедагогизација на образованието“, со труд на тема „ Самопочитување, самовладеење и самопрочистување, како основа за деполитизација“ во Скопје, Република Македонија, 2000 г.

– Научен собир со меѓународно учество: „Современото предучилишно воспитание и основно образование – состојби и перспективи“, во Охрид, Република Македонија, со труд на тема „Модел на едукација за наставниците, од областа на мировните науки“

– Меѓународен стручен собир на тема: „Образование за мир и интеркултура“, во Универзитети во Фиренца и Падова, Италија, 2005 г.

– Конгрес на психолози во Република Македонија:  со труд на тема: „Стравот, анкциозноста и националната припадност“.

 

Објавени трудови, коавторски

 

– Прирачник за ментори и Прирачник за наставници за програмата: „Приоди кон визуелно размислување“, „Прирачници за обучувани кандидати за директори на основни училишта“, во БРО на Република Македонија, 2000 г.

–  Прирачници за обучувани кандидати за директори на основни и средни училишта, за Воведен модул: „Комуникации во образовните организации и Планирање и одлучување“ во МОН на Република Македонија, од 2004 г. до 2014 г.

 

Објавени авторски поетски книги

 

„АХИМСА„ 2000 г.

„Мајчинска„ 2007 г.

 

Весна Дамчевска Илиевска е член на Друштвото на Писатели на Македонија.