Skip to main content

Ванѓа Н. Радевска

 

Д-р Ванѓа Н. Радевска е родена на 8.5.1954 година во с. Доброшане, Кумановско.

Завршила Економски факултет во Скопје, а потоа и дефектологија на Филозофскиот факултет во Скопје.

Докторирала на Букурешкиот Универзитет во 2005 година.

Била професор на Меѓународниот славјански универзитет Державин во Свети Николе и Битола.