ИНТЕГРАЦИЈАТА И ИНКЛУЗИЈАТА
Интеграцијата е постар процес и на одреден начин и претходеше на инклузијата.
Интеграцијата се однесува на вклучување на учениците главно со помали потешкотии.
По 25 години од интеграциската образовна политика во 1994 година од страна на УНЕСКО е донесена Декларацијата за инклузија, односно правото на секој ученик на образование во редовната настава со еднакви можности.
Значи, за разлика од интеграцијата, инклузијата е многу поширок концепт.
Инклузијата е образование против дискриминацијата на учениците со посебни потреби и нивната сегрегација.