ДЕЦАТА СО АУТИЗАМ
Овие дева имаат потешкотии со воспоставувањето комуникација (вербална и невербална) и социјални односи.
Нивното внимание е краткотрајно и лабилно. Најчесто тие се насочени само кон сопствените потреби. Па, така, прават стереотипни движења, како на пример: трчање во круг, повторување исти движења, играње на ист начин и со исти играчки и слично.
Уште во најраната возраст, треба да им се помогне да ги подобрат и развијат своите социјални, сознајни и говорни способности.
Детето и ученикот со аутизам мораат да имаат чувство на сигурност и доверба кон воспитувачот и наставникот.
Треба активно и директно да се комуницира со едноставни вербални и визуелни информации, а задачите да бидат поделени на кратки и едноставни чекори.
На овој начин, да се воспостави востановен распоред на дневни активности со временска и програмска предвидливост.